логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД


Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него сите народи, и ќе ги одвои едните од другите, како што пастирот ги одвојува овците од козите; и ќе ги постави овците од својата десна страна, а козите - од левата. Тогаш Царот, на тие што ќе бидат од Неговата десна страна, ќе им каже: дојдете, благословени на Мојот Отец, наследете го Царството, подготвено за вас од создавањето на светот. Бидејќи бев гладен и ме нахранивте; бев жеден и ме напоивте; бев туѓинец и вие ме примивте; бев необлечен и вие ме облековте, бев болен и вие ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене. Тогаш праведниците ќе Му одговорат: Господи! Кога те видовме гладен и ти дадовме да јадеш? Или жеден и те напоивме? Кога те видовме туѓинец и те примивме? Или необлечен и те облековме? Кога те видовме болен или во затвор и те посетивме? И Царот ќе им рече: навистина ви велам: ако сте го направиле ова на еден од моите мали, тогаш Мене сте ми го направиле. Тогаш ќе им каже и на оние кои ќе бидат од левата страна: одете од Мене, проклети, во оган вечен, подготвен за ѓаволот и ангелите негови. Бидејќи гладен бев и не ме нахранивте; бев жеден и не ме напоивте; бев туѓинец и не ме примивте. Тогаш и тие ќе му одговорат: Господи! Кога те видовме гладен или жеден или туѓинец или необлечен, или болен или во затвор, и не Ти послуживме? Тогаш ќе им рече: навистина ви говорам - ако не сте го направиле ова на еден од моите мали, тогаш Мене не сте ми го направиле. И ќе појдат овие во мака вечна, а праведниците во живот вечен”.
Оваа приказна - “За Страшниот Суд”, како што од древност ја нарекуваат христијаните - се чита една недела пред Великиот пост, кога Црквата не повикува да се провериме себе, својата совест, својот живот преку цела полнотија на христијанската благовест, то ест учењето на Христа, и по можност, да се вратиме на главното, кон самата срж на ова учење.

Na.Strashniot.Sud


Многу често се вели дека главното во религијата - тоа се обредите и обичајите, убавината на богослужбата, можноста човек да се допре кон свештеното, небесното, божественото. Но приказната Христова за последниот суд ни разоткрива дека се тоа ќе биде бесплодно и непотребно, ќе биде празна и мртва религија, ако не биде засновано на љубовта и не приведува кон љубовта.
На крајот на краиштата и Љубовта ќе не суди. И тоа не љубовта воопшто, не љубовта кон апстракното човештво, не, а љубовта кон живиот и конкретен човек. Денес христијанската љубов е страшно извртена. Во име на љубовта кон апстрактното човештво не повикуваат да не љубиме и да прогонуваме други луѓе, кои ни прикажуваат да ги сметаме за непријатели и во однос на кои дури и жалоста и сострадувањето се покажува како престап. Но Христос во приказната за Страшниот Суд како да говори: мечтите за среќата на апстрактното човештво не само што ќе останат мечта, но и ќе се претворат во омраза и жестокост, ако од почеток не ја обрнеме нашата љубов и грижа кон секој човек. И тоа љубов не апстрактна, грижа не теориска, а најконкретна. “Бев в затвор - говори Христос - бев гладен, бев жеден, бев болен...” И што значи ова, ако не тоа дека Христос, еднаш засекогаш, се поистоветил себе со секој човек и дека затоа христијанската љубов и се состои во оваа “неможност на можноста” - во секого да го увидиме, осознаеме, сретнеме Христа.
Не ни е заповедано да се прашуваме и анализираме - достоен ли е некој човек за нашата помош, ја заслужил ли тој нашата грижа. Не ни е речено - да се узнаваме за што е тој фрлен в затвор, и зошто е гладен, и зошто е гол. Речено ни е да одиме кај него со љубов, и само во оваа љубов, која никогаш не прашува за заслугите, достоинствата, погледите и убедувањата - да го сретнуваме човекот. Од Бога испратен во нашиот, во мојот живот...
Повторно и повторно ја узнаваме главната, радосна тајна на христијанството - тајната на личноста, која ја чини Божествената вредност на секој човек, тоа што и треба и може да се љуби во него. Оваа тајна ја отфрла и продолжува да ја отфрла светот и идеологијата која во него господари. За нив човекот се определува со надворешното: со својата класна, или расна, или национална припадност, со својата полезност за татковината, со своите заслуги или - напротив - со грешките и престапите. Свои, туѓи... Сојузници, непријатели... Ние, тие...
И ете, ништо друго и не прават, освен што говорат за ослободувањето на човекот, за среќата на човекот, за назначението на човекот, за борбата за светол, среќен и слободен живот. А всушност - сите се обединети против некого, се се придвижува само со страв, сомнителност, омраза. И така ќе биде, додека луѓето не сфатат дека да се љуби на човештвото, да се служи на човештвото - не само што не е вистинито, но тоа е и невозможно, ако таа љубов не е вкоренета во љубовта кон човекот, кон секого... И во љубовта, то ест во неговото признавање, надвор од зависноста од некои наши земни, “човечки, премногу човечки” мери и категории, на кои ние ги сведуваме и со кои ги оценуваме луѓето. Се тоа, еднаш засекогаш, е осудено од Оној Кој рекол и говори од име на секого: Јас бев в затвор... И ова Јас е доволно за да се знае дека секој човек е - брат, дека на секого Му пришол и секого Бог Го љуби, и во секого мене ми е дадена можноста да се исполнам себе во Божествената, препородувачка /обновувачка/ и спасителна љубов. 

Namolitva.jpg

НЕДЕЛА НА ПРОЧКА


Последниот ден пред Великиот пост секогаш во битот се нарекува “Прочка”. Во овој ден во Црквата се читаат зборовите на Христа: “Ако не си ги простите од срце прегрешенијата еден на друг, и Отецот ваш небесен не ќе ви ги прости прегрешенијата ваши”. Вечерта, наспроти постот, во Црквата се извршува обредот на взаемно простување, по што ние стапуваме во пост, во период на очистување, задлабочување, осветување на нашиот живот преку помирувањето еден со друг.


Совеста е таа таинствена длабочина на нашето сознание, од која ни доаѓа раскајувањето и страсната желба за очистување, повторно раѓање, исправување. Раскајувањето, тоа е глас на совеста, и како прв чекор, не приведува на патот на очистувањето, кон желбата да простиме и да ни биде простено, ете кон оваа недела на “прочка”. Зошто?


Зошто простувањето и жедта за простување со толкава очигледност влегуваат во нас истовремено со будењето на совеста, како нејзино прво барање, обратено кон нас? Се разбира, затоа што совеста и ни ја покажува суштината на злото и неправдата како разделување, како вина пред другите. Достоевски, преку устата на старецот Зосима, рекол: “Секој пред секого во се е виновен...” На прв поглед, овие зборови ни изгледаат не само како неиздржливо преувеличување, но и едноставно како - апсурд.


Во што сум виновен пред другите? - некако навредено и надмено прашува нашиот разум, нашето “надворешно” сознание. Што се однесува до “моралот”, тој секако, ќе се согласи дека во нешто пред некого јас навистина треба да си ја признаам вината, но - тука тој спокојно ќе додаде - зарем без тоа не ќе преживееш?


Да го оставиме разумот на неговата недоумица, да го оставиме дури и моралот на неговите објаснувања и оправдувања. Да ја послушаме совеста - таму, длабоко-длабоко внатре во нас, каде тивкиот, но толку цврст, толку беспоштеден глас ни говори: виновен. Во што е таа вина? Не, не е во навредите и тагите, секако, неизбежни. Не е во површноста на спорењата, не е во ситничарските нервози. Не, таа одеднаш за мене станува толку очигледна вина во нешто друго: во мојот живот, сосема проникнат со себељубие, и тоа значи - сосредоточен на мене самиот, и тоа значи - оддалечен од “другиот”, од “другите”, таков кој се претворил само во средство. Дури и кога љубиме - оваа љубов од внатре е отруена, осакатена од “самоста”, како и во љубовта да го сакаме љубеното само за себе. Совеста, само совеста, одненадеж со беспоштедна јасност ни го покажува целиот свет како борба на сите со сите, како постојана “самозаштита”, и затоа “напад”, како арена на животна борба на секого за да преживее. Ние мислиме дека ни се непријатели, дека мразат, дека пролеваат крв - другите. Држави, народи, влади. Но да погледнеме во себе - и во себе ќе го најдеме првиот извор на ова разделување, на таа борба на сите со сите, во која поминува и заминува целиот живот. Само кога ќе го почувствуваме тоа, кога ќе го осознаеме тоа - започнуваме, со внатрешниот слух, да ја сфаќаме вистината на зборовите на Достоевски: “Секој пред сите за се е виновен”, како и вистината на други зборови, кои, пред Достоевски, ги кажал свети Серафим Саровски: “Спаси се себе, и илјадници околу тебе ќе се спасат...”


Спаси се себе: но тоа и значи - пред се, спаси се себе од ова првобитно ропство на разделувањето, од оваа внатрешна одвоеност од животот, од луѓето, од состојбата на борба со знаење или незнаење, во која ние живееме.


Човек да прости, и да му биде простено! Ете тоа и е враќање од разделувањето кон единството, од непријателството кон љубовта, од одвоеноста кон соединувањето. Бидејќи да се прости - тоа не е едноставно. Колку често ние говориме - “ќе престанеме да обрнуваме внимание” на недостатоците на другите, или, уште полошо - “ќе мавнеме со раката” на другите. Зарем тоа не е рамнодушност, не е презир, не е цинизам? Да прости и да му се прости може само оној кој одеднаш со цела сила го сознал целиот ужас на отсуство на љубов во светот, целата тага без дно на таа осаменост, на која во својата самоувереност и себељубивост се осудил човекот. Се ова е изразено, прозвучува во онаа молитва, со која Црквата се обраќа во неделата на Прочка: “Не го одвраќај лицето свое од слугата твој, затоа што страдам...”


Ете таа - оваа светла тага, која на крај ја сфаќаме, е и коренот, и суштината и силата на злото: ладнотија на срцата, пресушување на љубовта, торжество во светот на осаменото и на осаменост осудено самоутврдување. Молба за прошка, жед да се биде простен... Како што малечкото дете, кое згрешило пред мајка си, тагува по изгубениот рај и љубов, така и секој од нас ќе узнае дека со ова обрнување на душата, смекнување на срцето, со оваа жед за помирување во нас започнува уништувањето на злото. И затоа колку и се тоа да ни е далечно во нашиот ладен, жесток живот, во кој на сила наметнатиот “колектив” не ја надминува, а ја засилува осаменоста на секого, колку и се тоа да е туѓо на духот на нашето време - само тука - во силата на совеста, во жедта за простување и во обрнувањето на душите е - почетокот на нашето духовно препородување.

 

 Продолжува)

Подготви: А. И.

Друго:

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5761
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6579
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5559
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная