Не постои човек, кој не може да стане светител, доволно е да биде малку јунак, да има природност, малку човечко во себе, мир, прифаќање, значи да го прифаќа сето она што го снаоѓа во животот, да не паѓа во агонија поради што било. Ниту за себе, ниту за Црквата, ниту за општеството, ниту за времињата.
Ние христијаните имаме разни помисли, и чувствуваме дека се губиме, дека сме во опасност. Но, дали Христос е некогаш во опасност? Дури и кога спие, Тој ги раководи далгите, и вителите на небото и отчукувањата на нашето срце. Значи, ако не станеме светители, ништо не не' оправдува, оти секој може тоа да стане. Еден разбојник на крстот, сфатил дека Христос е Бог и говорејќи "сети се на мене Господи во Царството Твое" - влегол прв во Рајот и станал свет. Што треба да станеме ние кои сме деца Божји од најмала возраст?

Старец Емилијан Симонопетритски

 

Избор од фб профил на

Maja Beleva