логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРОТОЕРЕЈ-СТАВРОФОР АНДРЕЈ ФИЛИПС
ПРОТИВ НЕОАРИЈАНСТВOTO
 
 
Православната вера  е изразена  во Никео – цариградскиот Симбол на верата кој што конечно е формиран во четвртиот век. Симболот на верата кој што е заснован  во Светото Писмо  во првиот век  и во другите откровенија на Духот Свет кои што ги добиле Отците на Црквата  почнувајќи од првиот век , сочуван е во неизменет облик единствено  во  Православната Црква.


Никој друг не го сочува Символот  неповреден од нападите на овој свет, кои што се јавуваа во текот на вековите.

Забележано е дека на секој член  на Символот на Верата нападите се вршени во   хронолошки  поредок. Така, први  врз Символот на Верата се  нафрлија грчките и римските многубошци, зашто во него отворено се објавува постоењето на  единиот Бог.  
Во следните векови започнаа нападите на оној дел на  Симболот  на верата  во кој што се говори за Христовата личност. Тој дел е долг и  детален, зашто Христос, Второто Лице на Светата Троица , ни  се откри Себе си низ Своето воплотување. Токму во овој период од Црквата  отпаднаа аријанците , несторианците  и монофизитите.
Подоцна  започнаа нападите на дел од Символот,  кој зборува за Духот Свет. Во тоа време од Црквата отпаднала Западна Европа,  наспроти подоцнежните откровенија  дарувани на Светителите  , по примерот на свети Григориј Палама.  Овој „проповедник  на благодатта“ во четиринаесетиот век се обидел Западот од неопаганизам да го врати во Православието.
 
Во наше време , нападите  се усмерени на завршните делови  на Символот кои се однесуваат на  Црквата. Овие напади покренаа различни поделби кои што започнаа  во дваесетиот век и продолжуваат и денес.  Нападите се во врска  со верата на Црквата во едно крштение , воскресение и живот во идниот век. Овие напади  укажуваат на тоа дека можеби се приближуваме  до последните децении  на постоењето на овој паднат свет . Меѓутоа, за да ги разбереме сегашните напади  на Црквата , треба да му се вратиме на аријанството во четвртиот век.  
 
Извор на  аријанството
 
Кога христијанството во четвртиот век стана званична религија на Римското царство, следуваше голем бран на крштевања.  Не сите кои се крштеваа имаа искрено покајание и  вера.  Меѓу нив имаше и такви кои што беа конформисти, кои што заради сопствена полза , се приклучуваа на општиот тренд.
Со текот на времето  некои од тие „снаодливите“ примале свештенички чин  постанувајќи час православни, час аријанци  во зависност од тоа како „дувал ветерот“. Овие непринципиелни користољубиви свештеници – кариеристи  детално се опишани во Житијата, делата и писмата на Светите Отци  од тој период , слично на св. Атанасиј Велики, св. Григориј Ниски , св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов , св.  Амвросиј Милански  и св. Илариј Пиктависки.
Со овој бран на крштенија  дошле и различните суеверија, полунезнабоштвото  и империјалниот национализам. Овај национализам подоцна предизвика  делумно   несторијански  и посебно монофизитски раскол. Некои веруваат  дека овој национализам на крајот бил дури и делумно  одговорен  за успонот  на исламот  во седмиот век. Сепак, најголема опасност  во четвртиот век  преставувало аријанството.
 
Старо и ново аријанство
 
 
Аријанството било и останува  напад врз Христовото Божество.  Тоа се обидува   да ја помири Православната Црква  која исповеда  дека е Христос Син Божји,  со нејзините непријатели кои што тоа го одрекуваат.  Историски, аријанството  претставува обид  да се соедини Црквата , т.е. Телото Христово  со суеверниот незнабожечки империјализам  и јудеизмот  кои одбиваат да го признаат Христос  за Син  Божји.
 
Сакајќи да се  дофатат за таа цел  по  секоја цена, аријанците така  ги отфрлале Христовите зборови  од Евангелието кое фактички го осудува аријанството:
 „ А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.”
 ”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. (Мат.   10; 33-34).
 Гледајќи во Христа само човек , а не Син Божји, аријанците биле вистински хуманисти, кои што му се поклонувале на Христос човекот , а не на Христос Богочовекот.


Аријанството било победено , но никогаш целосно не исчезна. На пример повеќе од илјада години после аријанските спорови , сличен покрет се појавил и на север  - во Русија, во Руската Православна Црква. Тој траел од 1470. до 1505. година и се нарекувал  „ерес на јудодејствувачите“. 
Оваа ерес  настанала во  Новгород  кој што бил под најголемо влијание на  Западот  и се обидувала да го соедини  Православието со „новиот“, полу- протестантски и интелектуален хуманизам , кој што тогаш започна да се развива  во Западна Европа како резултат на полупаганската „обнова“ -  Ренесансата.
Овој западњачки хуманизам  никнал под влијание на исламот и јудеизмот  кои што одрекувале дека е Христос Син Божји. Таа нова форма на аријанството под името на хуманизмот  која што изврши продор  од западот преку еврејските трговци,  бил анти-клирикален и анти – монашки. Аријанците кои што себе се нарекувале јудодејствувачи, иако малку кој од нив навистина бил Евреин , биле победени. 
Таа ерес достигнала  до самиот врв на Руската Црква , се раширила меѓу дворскиот клир  и некое време имала влијание дури и на  големиот кнез Јован  III. Заштитниците на праволсавието , како Свети Јован Волоцки , помогнале во избавување од таа ситуација.
 
Неоаријанство
 
Во нашиве дни ние гледаме дека во Русија  аријанството повторно се разгорува. После падот на милитантниот атеизам и масовното крштевање на источнословенските  народи во православието, „новото крштение на Русија“, ситуацијата во Руската Православна Црква  не се разликува многу од ситуацијата  во четвртиот век.  Како што неодамна рече Архиепископот Владивосточки  и приморски Венијамин (Пушкар) -  надојдениот бран (на крштевања)  на деведесетите години  ни донесе не само вода , туку и мноштво на подводни камења.
На тие „подводни камења“ се однесува на пример од советските времиња неизживеаниот државен национализам  (портретите на Сталин се` до денес се држат заедно со иконите на Св. Цар Николај II )  како и повиците за канонизација на Иван Грозни и Распутин.
 
Во „подводните камења“ се вбројува уште  и суеверието и полунезнабоштвото кои се манифестираат  во обредната вера , неприфаќање на ИНН. Тука е и  слепото послушание  на некој лажен старец или младо – старец.  Се` ова се смета  за поважно  од израснувањето во моралниот  и добродетелниот  живот и секојдневната грижа за ближниот. Како и во четвртиот век , сите овие проблеми  потребно е  да се „воцрковат“ , т.е. да се внимава со пастирска работа, со  сочувство  и  стрпливост , неофитската ревност  да се претвори во позитивен и полезен црковен живот.
 
Други, интелектиално пообразувани луѓе донесоа со себе уште поголема опасност  која што може да се  спореди со аријанството. Тоа ново аријанство – неоаријанство – не се одрекува од Божеството Христово како што чинеше старото, но, ја одрекува  Божественоста на Телото Христово, т.е. Црквата.
 Тоа претставува обид да се  обесвети Црквата, имитирајќи ги протестантите , кои не ја поимаат Црквата , кои што се лишени од чувството на  свештеното и кои што го изродија современиот секуларизам.
 Неоријанството  само оди по трагите  на протестантизмот  кои конечно се обесвети себе си  после Првата светска војна  и римокатолицизмот кој што тоа го направи во шеесетите години , после  Втората ватиканска концила.
Губењето на било какво чувство за  свештеност ( а од тоа следи потполно губење на верата) ги довело римокатолиците и протестантите од посветовновување   и отстапување од верата на  стотина милиони нивни верници.
 
Како  да се обесвети Црквата
 
Првите обиди да се обесвети Православната  Црква се појавиле меѓу интелектуалците од Руско потекло на Запад кои што припаѓале  на
„Париската школа““ новообновеници. (Го користиме терминот „Париска школа“ независно од тоа што некои нејзини претставници емигрирале во Англија или во САД, а некои, како на пример,  рускиот православен богослов Владимир Лоски , иако живеел во Париз, немал ништо заедничко со „Париската школа“
 
Меѓу тие интелектуалци , едни често манифестирале окултни гледања   (Булгаков Ковалески),  други, (како на пример Афансјев , Шмеман) се придржувале на протестантските  ( и полус-световните) погледи.
Сите  тие се залажуваа себе си мислејќи дека го обновуваат Православието. Всушност  тие само учествувале во процесот на секуларизација  (посветовување) на Црквата низ таканаречено „академско богословие“.
 
Неоријанската идеја да се обесвети Црквата била донесена во Русија од Франција и САД  во деведесетите години. Нејзината цел била да зближи Руската Православна Црква  со веќе обесветеното инславје (римокатолицизмот и протестантизмот) преку екуменизмот.
(Екуменизамот постоел и порано, но тој бил чисто политичка интрига ,  чиј што создател била советската власт).
 Смислата на  тој таканаречен  синкретистички  редукционизам е во тоа, Цтквата, која е Телото Христово, да ја сведе на  штотуку една  од многуте деноминации или на ниво на философија. И така, четири генерации после духовниот пад  на протестантизмот и две генерации , после  падот на римокатолицизмот , тргнува  обидот да се обесвети  Руската Православна Црква  во дијаспората во седумдесетите години.
Денес, Руската Православна Црква  во себе ги вклучува  од вкупниот број на православни христијани во светот  и сеуште е последна и најсилна  „тврдина на православието“.
 
За да се обесвети Руската Црква , потребно е таа да ги  изгуби многу карактеристичните православни преданија. Конечната цел е, потполно уништување на црковните Преданија.
Новите преданија (воведени во дваесетата година во Константинополската патријаршија, а отаму распространети на Александриската Црква, на Балканот и на црквите на Блискиот Исток кои се под влијание на Западот), вклучувајќи ја на пример осудата на таканарената „литургиска побожност“.
 (Тој израз,  според нашето мислење,  за прв пат е користен  пред 50 години од страна на   протоерејот Александар Шмеман во  неговиот
  „Увод во Литургиското богословие“. Тој специфичен учебник за протестанизација  на Православието во тоа време бил осуден од страна на отец Михаил Помазански).  Подолу наведуваме промислено составен список  на основните карактеристики на неоаријанството.
Тоа е извонредно испланиран напад  врз светоста на Црквата , кој се манифестира со воведување на релативно  мали измени , па се` до потполно отстапништво, многу добро познато на руската дијаспора веќе 90 години.  Од деведесетите тој отворено се изнесува  и во Русија.
 
Десет чекори  на неоаријанската програма
 
 
Следните десет чекори не се фантазија. Сите веќе се претворени во живот во некои делови  на руската православна дијаспора  во текот на нашиот живот. Сега говориме за она што самите сме го виделе, што при наши очи на сила се  наметнувало , спротивно на волјата на верните чеда на Црквата. Не треба далеку да патуваме  за да видиме   како овие чекори – фази  се остваруваат.  Овие чекори се изложени  приближно според редоследот  по кој што настануваа  и кои сега некои од нив се обидуваат  да ги воведат во Руската Црква  во самата Русија, под  изговор на – модернизација.
 
1. Да се  отстрани  прописот  за скромно облекување во храмот  и да се дозволи раскошната световна облека во храмот, особено  на жените.
2. Да се укинат постовите  и подготовката за Причестувањето  (меѓу останатото и  исповедта пред Причеста ) и да се премине на римокатоличката  пракса (без никаков пост и исповед),
 на тој  начин Причеста ќе биде возможна  апсолутно во секое време во месецот. Модернистите  ги скратуваат и долгите служби на Великиот пост , оставајќи ја само  Литургијата на предосветените дарови.
3.  Да се укине читањето на часовите  пред Божествената Литургија .
 Да се воведат различни скратувања на Литургијата , читање на тајни молитви  и евхаристискиот канон на глас.  Пожелно е  да  се  извикуваат слично како што тоа го прават  трговците на  пазар.   Исто така  да се укине користењето на  свештеничките одежди  во различни бои (во зависност од празникот).
4.   Да се подложи  на сомнеж  светоста на таквите Светители како што се  Исаак Сирин, Дионисие Аеропагит, Симеон  Нови Богослов и Силуан Атонски. Неорианците сметаат дека секој од овие  Светители на одреден начин  е неправославен , за на тој начин  да ја оправдаат својата идеја  на обесветувањето на Црквата.
Свети Исаак Сирин, Неоаријанците го сметаат за „несторијанец“, зашто  му се припишани  некои полунесторијански дела. Свети Дионисиј , кого што особено го мразат неопротестантите , се  нарекува „ неоплатоничар“, зашто тој  ги сакрализувал ( им придавал свештен карактер) Црквата и Литургијата.
 Свети Симеон НОв Богослов го нарекуваат „либерал“ (тука неоаријанците зборуваат за себе ) иако овој Светител многу остро говори, против римокатолицизмот. 
Што се однесува до Светиот монах – селанецот Силуан Атонски, неговиот посебен акцент врз Духот Свет од неоаријанците се посматра како форма  на православен „харизматизам“, превидувајќи дека тој става голем акцент на непрестајното покајание. Тој „ харизматизам“ претставува посебен вид на „прелест“ , „ духовна обмана“ која е многу раширена покрај другото во некои делови на руската дијаспора.
5. Да се напушти свештениот црковно словенски јазик   и да се премине на говорниот руски јазик, јазикот на улицата. Тоа е типичен протестантски лажен  рационализам. „Сите треба да разберат се`“, - зборуваат интелектуалците, - иако Творецот секогаш останува над нашите  способности за сфаќање, бидејќи сме создадени.
6. Да се шири учењето на Ориген, директно од париската школа , кое објавува „дека сите ќе се спасат“. Тоа е  уште еден обид за ширење на хуманизмот внатре во Црквата.
 7. Да се отфрли свештениот , православен календар и да се воведе римокатоличкиот календар, маскирајќи  го под името  „нов“ или „нов јулијански“ календар.
8. Слично на унијатите и другите римокатолици, да се изнесат иконостасите од храмот ( кој, како што сметаат анти – клерикалните неопротестанти – оригинисти,  „ги раздвојува“  духовништвото и мирјаните).
9. Да се урне  угледот на монаштвото ( кое, париската школа од секогаш го мразела). Тоа веќе се случува во дијаспората. Се плашиме од масовно заминување од монаштвото и појава на  оженети монаси. Мораме  да се молиме за жртвите.
10. Званично да се признае делотворноста на римокатоличките „тајни“, да се прекине мисионерската дејност во Западна Европа и Северна Америка.
 Да се  држат служби во римокатоличките храмови и на крајот ,  да се слие со Ватикан. Се добива обесветен , разорен, уништен дел на Руската Православна Црква. Таа на овој начин ќе се претвори во световна , политичка организација – трет Ватикан или трет Рим – наместо да биде нов Ерусалим.
 Така таа ќе го имитира  римокатолицизмот, чија што грешка беше во тоа што одлучил да биде царски и римски – а не вселенски и христијански;
богат и моќен, а не кроток и свет.
Ќе ве вовлече во саморазорување . Вашиот ум ќе биде помрачен  со заблуди, на вашето самољубие ќе му ласкаат , а медиумите ќе ве обоготворуваат како идол. Ќе бидете многу умни, во реалноста меѓутоа – лишени од разумот.
И ете, се` е подготвено за наполно зацарување на сатаната на Земјата. 
 
Не е безначајно што современото неоаријанство  - напад на божественоста на Телото Христово по пат на обесветување – претставува обид да се спои Црквата со световниот хуманизам. Обидот да се соедини светлината со темнината (види 2 Кор  6:14), да се собираат пари, да се добие политичка власт и да се има наполно уважување.
Неоаријанците го посакуваат истото она како и крадецот Јуда
(види Јн. 12: 6), т.е. да ги чуваат парите и да постапуваат како апостол Петар  кој му го отсекол увото на  слугата на првосвештеникот Малахиј (заради тоа Господ го укорил , велејќи:
 „зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат“ (Мт. 26:52)).
 
Заклучок
 
Новиот бран на неоаријанството доаѓа во време кога православните народи се загрижени заради неодамнешните настани. Тие настани ги вклучуваат објавените документи на минатогодишните екуменистички преговори на Кипар. Обидот за протест бил силно задушен од претставниците на Кипарската Црква.   Потоа следеше одбивањето на ерархијата на Бугарската Православна Црква  да се врати на православниот календар  за фиксните празници.
Сосема неодамна се појави вознемирувачко послание  на Константинополската Патријаршија , објавена како и секогаш на празникот Недела на Православието, во која се говори  дека Константинополската Црква  се подготвува да не ги признае  сите монаси на Света Гора  кои што припаѓаат  под јурисдикција  на таа Патријаршија. 
Тоа говори за нови прогони , внатре во таа јурисдикција.   Освен тоа и од Москва  доаѓаат соопштенија кои што јавно  го повторуваат неообновувањето  на париската школа.  Воздигнуваат одредени претставници на таа школа чие што „православие“ веќе одамна деградирало до духовна прелест. Во Москва постои очигледно искушение третиот Рим  да го освои новиот Ерусалим. Да не биде!
Што може да се прави во таквата ситуација?
Во четвртиот век одговорот на Црквата на  користољубието и „ снаоѓањето“ бил двократен. Прво, одговор испратило монаштвото,  чиј што подем во третиот  век го подготвил Свети Антониј Велики.
Второ,  одговор бил  цврстото и упорното спротивставување од страна на свештенството и народот. Не се „затвориле“ во гето и не отишле во секта, туку останале во закрилата на Црквата за да се борат за Христовата вистина.


Таков двократен  одговор можеме да дадеме и ние денес.
Секој од нас треба  да ја засили  молитвата за жртвите на таа духовна прелест. Исушувајќи ја во нив верата, демоните сакаат уште и да тропкаат со нивните  коски.
Треба да се молиме, до тоа да не дојде!
 
 
Превод : М. Даниловска Мина |
Извор:
Светосавље|
http://svetosavlje.org/biblioteka/Izazovi/NeoarijanstvoFilips.htm

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5789
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6606
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6386
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5585
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная