manastir

Црквата што го носи неговото име се наоѓа во центарот на градот Керкира, и во неа секојдневно притекнуваат реки од верници од сите страни на светот, кои доаѓаат да се поклонат и да ги целиваат моштите, или да се заблагодарат за избавувањето од зла кои, според нивната вера, се случила по молитвите на овој светител.
Света царица Теодора

Покрај св. Спиридон, на островот Крф се чуваат и нетлените мошти на св. царица Теодора, жената на иконоборниот цар Теофил. Како што знаеме од црковната историја, токму оваа царица го свикала соборот на кој била осудена иконоборечката ерес, и се востановило празнувањето на Неделата на православието во првата недела од Постот.

Нејзините мошти се наоѓаат во црквата посветена на Пресвета Богородица – Спилиотиса и св. Власиј. Секоја година, во Неделата на православието низ улиците на Керкира се одржува литија со моштите на светата царица, по што се чита Синодиконот на Православието.
Манастир Палеокастрица

На дваесетина километри надвор од градот Крф, на западната страна на островот, се наоѓа манастирот на Богородица Палеокастрица (врска до веб презентацијата на манастирот – http://www.panagiapaleokastritsa.com/ ), во кој моментално се подвизува осумчлено монашко братство, под раководство на Неговото Преосвештенство, Епископот Ефтимиј. Манастирска слава на овој манастир е празникот на Богородица – Животоносен источник.

 

 Извор: Агапи