логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Дали е можно да се совлада блудната страст? Зошто Светите Отци сметаат, дека блудот е пострашен од убиството? Аскезата – е само за светите?

        Зборовите „блуд“ и „заблуден“ имаат ист корен. Да се заблуди (изгуби),  можи  само оној, кој го изгубил патот и насоките, и не знае каде да оди. Кога ние го употребуваме зборот „блуд“ како назив за гревот против седмата Божја Заповед, ние со него укажуваме и на духовната состојба на човекот.

Во што се состои проблемот?

Од сите останати гревови, блудот се разликува според тежината на духовната состојба и последиците кои од неа произлегуваат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, блуд прават луѓето кои се нечесни и кои се одвратни во очите на луѓето. За разлика од вистинското убиството, блудот го уништува не само телото, туку и душата на човекот, притоа неговото погубно дејство започнува токму со распаѓање на свеста и душата. „Оној, кој прима во себеси срамни помисли, ги задржува во умот подолго време и се осквернува со нив, се смета за блудник, дури и никогаш да не видел човечко лице“, – говори Свети Симеон Нов Богослов.

Свети Григориј Ниски, го споредува блудот со убиството, и говори дека од убиството страда само една страна – жртвата, која физички загинува, а душата и останува жива. Вината лежи врз плеќите на престапникот, кој извршил убиство. Во случај на нарушување на седмата Божја Заповед, ситуацијата од духовна гледна точка, прави уште пострашна слика. Како прво, одговорноста за направениот грев, се протега, и на иницијаторот, а исто така, и на оној кој подлегнал на соблазната. Како второ, штета се нанесува не само на телото, туку и врз неговата бесмртна душа.

„Блудот е таков порок, од кој е потребно да бегаме, повеќе од сите други гревови. Другите лоши гревови, очигледно го поштедуваат телото на оние кои ги извршуваат, а извршеното дело останува само врз оној, кој се допрел до гревот. На пример, при грабеж страдаат само ограбените, во порокот на зависта, страста ги напаѓа само оние кои завидуваат, во клеветите, ако им веруваат, повторно опасноста паѓа само врз оној кој го клеветат; во убиствата, несреќа трпи убиениот; и ако некој обрати внимание на последиците од сите погрешни дела, истиот ќе дојде до заклучок, дека престапниците добиваат  профит, а штета трпат, оние кои се подложени на неправда. Но прељубата не знае оваа поделба, таа не ги раздвојува работите на оној кој подлегнал, и на оној кој го извршил делото, бидејќи таа им нанесува штета и на двајцата, соединувајќи го блудникот и блудницата во заедничкиот сојуз на сквернавење, каде обесчестеното тело е подложено на истото обесчестување со обесчестеното. Убијците кои убиваат, не умираат заедно со убиените; oној што го осквернува телото, самиот учествува во осквернавењето“ (Свети Григориј Ниски).

На овој проблем, Светите Отци во своите проповеди му посветиле големо внимание. Еве, неколку примери. Во старозаветно време, оној кој ќе извршел таков грев, јавно бил осудуван со смртна казна: „ Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израилот. Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа, тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе“ (5. Мој. 22, 22-24). Дваесет и втората глава од Третата Книга Мојсеева (Левит), е целосно посветена на оваа тема: „ да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката“ (3. Мој. 20, 10).  Дури и со убијците во некои случаи биле снисходливи.

Светите Отци за блудот:

           Блудот – не е брак, дури не е ни почеток на бракот. (Свети Василиј Велики).

         Жена, која се облекува со цел да предизвика страст во другите, таа веќе прави прељуба во срцето свое.

       Прељубата… го разрушува бракот, ја понижува благородноста на децата, ги прекинува семејните врски и го вознемирува целиот човечки род (Преподобен Исидор Пелусиот).

        Духот на блудот не се ограничува само на тоа, да подложи на обесчесување само едно лице, бидејќи во исто време кон него се присоединуваат и „пријателите“; забави, пијанство, срамни разговори и непристојна жена, која со нив пие, на едниот му се насмевнува, другиот го соблазнува, и сите ги распалува кон тој грев (Свети Григориј Ниски).

          Блудникот си наштетува самиот себеси, односно сам себеси се прободува со стрелата на обесчестувањето. Крадецот одлучува да украде, за да го нахрани телото, а блудникот се грижи за ограбување на сопственото тело. (Свети Григориј Ниски).

        Не случајно моралноста и брачната верност, се сметале како гаранција за внатрешната благосостојба на државата и здравјето на нацијата. Моралната распуштеност го загрозувала постоењето на цели народи, држави и империи. Историјата е полна со такви примери. Невозможно е, а да не си спомнеме, за осакатените судбини на растурените семејства и нажалените деца, кои, ако веднаш не ги напуштат, целиот живот ќе ги мразат. Сето тоа е крунисано со солзи.

Како се станува развратник?

           Потребно е да се напомене, дека ниту еден грев, така лесно не се перцепира од страна на човекот, и во исто време, истиот да му нанеси толку голема штета, како блудот. За да разбереме со што е тоа поврзано, потребно е да го следиме синџирот на појавата на тој грев во човекот. Заради општиот пад на моралот, нам ќе ни биде многу тешко да го направиме тоа со конкретни примери, па затоа, посоодветно е за земеме класичен пример од светоотечкото наследство.

Како и сите други гревови, блудот сам по себе не се појавува. Но, за разлика од сите останати, него не треба да го разгледуваме како одделна единка или постапка, бидејќи тој е духовна состојба, која можеме да ја споредиме со тешка хронична болест. За жал, реалноста во современиот свет го принудува човекот од рана возраст да ја смета таквата состојба како нормална. Ако во однос на неправдата, кражбата и убиството, се создава некој имунитет, тогаш тука, се случува обратен процес, односно се појавува зависност.

Порано старите луѓе, обраќале внимание на поведението на помладите. Оној, кој се однесувал непристојно, го нарекувале „распуштен“. Кон таквите луѓе, секогаш се однесувале со недоверба, сомневајќи се во нивната чесност и достоинство. Проблемот на современото општество, се состои во тоа, дека културата се однесува само на зборовите и постапките, а внатрешното исполнување на душата, никого не го интересира, но ако подлабоко размислиме, ќе видиме дека тука се крои развратот. Тука логиката е многу едноставна: мислите и желбите, никој не ги гледа и не ги слуша, а тоа значи, дека можеме да мислиме и да посакуваме, сè што нам ни е угодно. Но Оној, во чие Име сме ние крстени, не се согласува со оваа логика: „Сте слушале дека на старите им било речено: Не прељубодејствувај! Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“ (Мат. 5, 27-28). Истото го повторува и Свети Јован Златоуст: „Немој да мислиш, дека си чист од гревот, ако не си се соединил со блудница; ти со своите мисли си го направил тоа“.

Огромна улога тука игра, умеењето на човекот да ги држи своите чувства и желби зауздани. Тогаш што ќе биде со слободната волја? Зарем таа не е дар Божји? Со било кој дар, ние треба да умееме да располагаме, инаку ќе го изгубиме. Затоа ни е дадена слободната волја, за да можеме слободно да го избереме, она што е за нас полезно. Во спротивен случај, ние истата ќе ја употребиме за правење зло. Многу интересно за тоа расудува Ф. М. Достоевски, во романот „Браќа Карамазови“ – во главата „Легенда за големиот инквизатор“.

Многу често ние не обрнуваме внимание на мислите и желбите што се појавуваат во нас. Во исто време, човекот има тенденција да ја отелотвори идејата во реалност. Колку повеќе доаѓаме во контакт со истата желба, толку повеќе сакаме да ја исполниме.

Кога сакаме да јадеме, мислиме само на храната, но сепак јадеме кога е потребно. Кој од нас смета дека е нормално да јадеме во три часот наутро? Ние своето тело, се обидуваме да го научиме на дисциплина. Покрај тоа, појавата на некои мисли во нас, се сметаат како знак за психичко растројство. Мислите за самоубиство, за подметнување пожар во сопствената куќа, заради интерес, и други глупости, ние не смееме да ги пуштаме да влезат на прагот на нашата свест. Тогаш зошто, никој во оваа категорија, не ги става похотливите мисли и желби? – бидејќи така е полесно и попријатно. Денес тоа е модерно. „Тоа што е природно, тоа не е безобразно“. А ако биде модерно да одиме без глава, дали тогаш ќе ја подржиме таа мода? Да се опуштиме и да се тркаламе надолу е секогаш лесно – но што не чека таму долу? Мочуриште? Токму за тоа нам ни се дадени видот и умот, за да видиме, каде ќе не одведе патот, по кој одиме. Секогаш е тешко да се плива против текот на водата, но нам ни останува само оваа опција – која е вистинска.

Каде нè водат нашите мечти?

Седозволеност – тоа за луѓето е голем просперитет, со кој секој би ги задоволи своите желби неселективно. Сè започнува со она што е најмалку опасно, но ако ние во потребниот момент не се научиме да кажеме „не“, тогаш чувствата и желбите ќе не направат во свои роб. Во овие денови ние си спомнувавме за еден од овие тажни примери – за Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител. Евангелието од Матеј (14, 1-13) и од Марко (6. 14 – 30) ни го опишуваат овој настан. Цар Ирод, имајќи таква можност, не се откажа од ништо: ниту од храната, ниту од виното, ниту од забавата. Воопшто, не знаејќи да се воздржува, тој стана роб на неговите страсти. Потоа, земајќи ја од својот брат Филип,  неговата жена Иродијада, тој живееше со неа, се потопуваше во луксуз, а благородниците во сè го подржуваа, сметајќи го тоа за нормално. Само Свети Јован Крстител не се плашеше, и неколку пати дојде во неговата палата за да го изоблучува.

Ирод, иако се плашеше од Свети Јован Крстител како од пророк, сепак го фрли во затвор – бидејќи му беше трн во око. Највеќе од сите, смртта на Свети Јован ја посакуваше Иродијада, и конечно, дојде погоден момент за за да се исполни нејзината желба. За време на својот роденден, Ирод во пијана состојба дава заклетва: дека на Саломија, ќерката на Иродијада, ќе и даде сѐ што ќе  посака. Иродијада, искористувајќи ја ситуацијата, ја советува својата ќерка да ја побара главата на Свети Јован Крстител. „Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои нејќеше да откаже“ (Марко. 6, 26). Никогаш, и во ништо не се откжувајќи се, Ирод извршува убиство на невин човек. Ако неговиот ум не беше помрачен од  развратот и блудот, зарем тој би сторил такво злосторство?

Како да се бориме?

Ние веќе говоревме за тоа, дека практично секој човек во таа или во онаа мера, може да биде подложен на погубното влијание на оваа гревовна страст, и токму затоа, борбата со неа е рамна на борбата со самиот себеси. Светите Отци го споделуваат со нас следниов опит: „Мајката на блудот е прејадувањето“ (Преп. Јован Лествичник), „оној кој го гои телото, со јадење и пиење, измачуван ќе биде од духот на блудот“ (Свети Теодор Едески), „столбот почива врз својот темел, а блудната страст почива врз ситоста“ (Преп. Нил Синајски).

Светите отци, за тоа, како да се бориме со оваа страст:

            „Четири работи го поттикнуваат блудот во телото: прекумерниот сон, прекумерната употреба на храна, смеата и шегите, и украсување со непристојна облека“ (Преп. Ава Исаија).

            „Ако… почувствуваш во себеси блудна страст, тогаш присилувај се себеси на молитва и бдение, глад и жед, смирувајќи се пред Бога“ (Преп. Ава Исаија).

            „Силно спротивставувај се на демонот на блудот; не согласувај се со помислите, бидејќи од искрите се разгорува јагленот, а од лошите мисли, се умножуваат лошите желби. Настојувај да ги уништиш и секавањата за нив“ (Преп. Ефрем Сирин).

            „Прељубата ја искоренува во себеси оној, кој ја наведнува главата надолу, а душата ја издига кон Господа“ (Преп. Ефрем Сирин).

             „Во твоја власт е или да го нахраниш (демонот на блудот) со непотребни работи, или да го изгониш, со молитва, псалмопеење, пост и бдение“ (Преп. Нил Синајски).

             Преподобен Јован Касијан го говори следново: „Искоренувањето на овој порок, зависи од усовршувањето на срцето: од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули (Мат. 15, 19). Затоа, прво треба да го очистиме срцето, во кое се наоѓа изворот на животот и смртта, како што говори Соломон: Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот (Изрек. 4, 23). Бидејќи телото се подчинува на својата волја и власт, ние треба со посебна ревност, да се оддадеме на строг пост, за телото, кое е презаситено со обилна храна, и кое се противи на предлозите на душата со непослушност, да може да го изгони од себеси својот владетел – духот. Всушност, ако ние сета важност ја поставиме само на скротување на телото, а душата не ја принудиме да се воздржива од слични пороци, и не се занимава со божествено размислување и духовни вежби, тогаш ние, никогаш не ќе можеме да се  искачиме на врвот на вистинската непорочност, бидејќи она што е во нас најглавно, ќе ја нарушува чистотата на нашата душа. И така, според зборовите на Господа, „ние прво мораме да ја очистиме чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор“ (Мат. 23, 26)“.

               Никој  тука подобар пат не може да измисли. Да, ова е директен аскетизам. Ние можеме да речеме дека тоа било актуелно многу одамна за други луѓе, но зарем тие луѓе, кои сега ние ги нарекуваме Свети, и кому им се молиме, не биле обични луѓе како нас? Зарем тие не биле изложени на влијанието на страстите? Да биле, но со помош на Господа, тие успеале да извојуваат победа над нив, и сега со нас ги споделуваат докажаните и проверени рецепти. Ние ги имаме сите причини да се допреме барем до едно зрно од ова наследство.

Извор: http://gorlovka-eparhia.com

Преземено од: http://www.pppe.mk/2018/anatomija-na-bludot/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная