Израелски археолози открија остатоци од град кој се спомнува во Светото Писмо, во книгите на Исус Навин и Царства. Научниците сметаат дека го откриле филистејскиот град Секелаг, каде што Давид нашол прибежиште кога бил гонет од Цар Саул. Во прилог на ова, научниците тврдат дека во потрага по овој древен град биле разгледани 12 различни локации, но само на ова место се откриени артефакти кои им даваат основи да сметаат дека тоа е бараниот град. Откриените археолошки остатоци датираат од почетокот на Χ век пред Христа. Руините покажуваат дека градот најверојатно бил уништен при силен пожар.



Имено според старозаветните библиски текстови, овде царот Давид се спасил од гонењето на Саул и од тука заминува за Хеврон, каде е помазан за цар, а градот Секелаг бил нападнат од Амаликијците и запален, жителите, пак, земени за плен.

Искупувањата се вршат под надзор на археолози од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, универзитетот „Макуори“ од Сиднеј и Управата за археолошко наследство на Израелската земја.

 

Извор:

Преземено од: https://bigorski.org.mk/vesti/svet/otkrien-dreven-grad-na-car-david/