vozdvizenie.jpg

ДЕЛ ВТОРИ

(Продолжение)

6. ОДНЕСУВАЊЕТО НА НАСТАВНИЦИТЕ КОН ОТЕЦ-ЈОВАНА. - Од Адама наваму, во секое време и на секое место на земјава, имало и ќе има т.н. „Каинови потомци". Тоа се оние, што им завидуваат на подобрите од нив. Исполнети со завист, не можат да ги поднесат тие, кои се определиле да служат на се што е добро и возвишено. Затоа според нив, таквите да ги нема или да се подалеку од нив, па тогаш самите ќе се спокојни и среќни.
Наставничкиот колегиум во Битолската Бо-гословија не беше голем, па сепак мислењата на нас-тавниците по однос на отец-Јована не беа единствени. Така, едни се држеа резервирано, а други, очевидно беше, не го поднесуваа. Како нивни воспитаници, ние го сеќававме ова, но не ни беше сосем јасно зошто е тоа така?
Отпосле, за некои од нас ова прашање остана загадочно и во нашата напредната возраст. Претпоставки кружеа меѓу нас, но точен одговор не наоѓавме.
Во 1968 година, во Скопје се одржа Состанок на нашата генерација. Единствен наш професор што присуствуваше на Состанокот беше о. Алексеј Моргуљ. Во разговорите со него, многу прашања што дотогаш ни беа нејасни, благодарение на него ки се разјаснија. Меѓу другите, му беше поставено и прашањето за однесувањето на некои професори кон отец-Јована. Ова прашање дословно гласеше: „Оче, зошто едни од Вашите колеги во Богословијата не го трпеа отец-Јована, а некои од нив дури и непријателски се однесуваа кон него? Обратно, ние сите ученици толку многу го сакавме, па и сега. го сакаме!"
Отец Алексеј се позамисли малку, па почна: „Знаете, патиштата во животот на луѓето се различни. Патот што го беше избрал отец Јован (сега - покојниот Архиепископ Јован) се разликуваше од сите патишта, по кои врвевме тогаш ние - другите. Токму оние што претендираа, а не можеа да ја достигнат неговата духовност, тие му завидуваа; тие беа што не го поднесуваа. Меѓутоа, оние што требаше, го почитуваа. На пр., отец-Ректорот, мал број и од наставниците, а што е најважно, епархискиот архијереј - Николај Велимировиќ, јавно истакнуваше дека е среќен што во својата Епархија го има отец-Јована. Познато ми е и тоа дека при средбите на двајцата, еден на друг се поклонуваа, пред да се целиваат".
Овие зборови на о. Моргуљ индиректно ни одгатнаа и друга гатанка во врска со омилениот наш воспитувач, кој веќе не беше меѓу нас. Имено, веднаш по заминувањето на отец-Јована, еден од воспитувачите, за време на вечера во трпезаријата, истакна дека дисциплината во Интернатот била многу влошена и затоа ќе биле преземени строги мерки таа да се подобри. „Причините за оваа појава се познати, продолжи тој, но „злото" отиде далеку на Исток, па ние знаеме како да го вратиме својот авторитет, за нашево училиште да не биде за подбив, туку да служи за углед во градов"...
За жалење е фактот што овие зборови ги изго-вори сонародник на отец-Јована, по чин - архимандрит!

7. ΚΑΚΟ НИЕ ГО ПОМНИМЕ ОТЕЦ-ЈОВАНА? - Низичок по раст, со изразито светли очи, со едната нога малку накуцнуваше, па затоа при одот потропнуваше.
Отец Јован не зборуваше многу, но во изговорот не беше доволно јасен, па во почетокот тешко го разбиравме, ама брзо на тоа свикнавме.
Строг спрема себе, многу поблаг беше спрема нас  учениците. Ретка топлина на христијанска љубов пројавуваше спрема сите. Ние тоа го чувствувавме и затоа го засакавме. Ако другите наставници ги слушавме поради страв од нив, него само затоа што го љубевме. Во врска со ова, еден негов воспитаник во својата зрела возраст ќе изјави: „Отец-Јована го помнам не толку по неговата строгост, туку многу повеќе по родителската љубов, што ја пројавуваше кон сите нас!"
Како наставник и воспитувач, тој не ни зборуваше посебно за верата, а со својот личен пример не доведуваше до неа, учејќи не како да се молиме. Велеше дека молитвата е најсигурно средство да ја по¬чувствуваме безграничната љубов Божја кон сите луѓе. Β ο моменти на
неспокојство и жалост препорачуваше да го читаме 118-от псалм (според словенската Библија). „Секогаш имало и ќе има тешкотии, велеше тој, но пак да бидеме оптимисти. Единствен оправдан оптимизам во земниот живот е верскиот, зашто тој се темели на надежта во Бога."
Отец Јован не љубеше со срце, не со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу нас и неговото духовно влијание врз нас, многу значеше во онаа наша возраст, додека бевме заедно со него.
Некои од оние што пишувале за него истакнуваат дека учениците од Битолската Богословија први ја откриле неуморната молитвеност, како и строгиот подвижнички живот на Јеромонахот Јован. Точно е тоа дека, ако тој не беше и не живееше со нас, ние само ќе слушавме или ќе прочитавме за овие атрибути на вистийската духовност, но не ќе имавме верна слика, како тие изгледаат применети во човечкиот живот на земјава.
Вистина е дека ние, неговите воспитаници, сме сведоци каков строг аскетски живот живееше тој во Битола и какви се добрини правеше на млади и стари, на познати и непознати. Се она што отец Јован го направи на духовен план во Богословијата и во градот, може да се спореди со „старчешките" грижи на Свети Серафим Саровски во Дивеевската света обител.
Множеството „старци" имале многу подолг духовен стаж, за да дојдат до врвниот и најтешкиот подвиг,


 

Епископ Јован на разделбата со нашиот трети клас (На левата страна од Епископ Јован седи Јеромонах Доситеј (Стојковски) првиот наш Архиепископ, а четвртиот гледајќи од лево стои авторот Борис Бошковски)

оддаденост во служба на другите. Отец Јован во своето подвижништво „стажот" го минува за сосем краток временски период. Релативно уште млад, тој беше успеал да го победи себељубието и сеоддајно беше посветен да помага на сите, а најнапред на страдалниците, кои имаа потреба од неговата помош. Затоа, не е епско преувеличување, ако истакнеме дека добрите спомени од него и за него толку длабоко се вкоренети во душите на сите негови воспитаници од Битолската Богословија (убедени сме дека во овој однос нема исклучоци!), што нити изминатото време ниту просторната оддалеченост беа во сила, па ни допрва ќе бидат да ги избришат. Та и ден-денес, ние - живите со тие спомени си живееме!
Како потврда на последниве мисли нека ни послужи еден настан, доживеан од Павел Лукјанов во Битола. Имено, во седумдесеттите години од нашиов век, група студенти од Богословскиот Факултет во Белград, меѓу кои бил и Лукјанов (по потекло Русин!), ја посетиле Македонија. Во Битола, при разгледувањето на катедралниот храм „Свети Димитриј", Старешината (чие име не се спомнува!) им покажал и објаснил некои знаменитости, па на крајот Србите прашале: дали се сеќава на бившиот наставник - отец Јустин (Поповиќ)? Протојерејот (така се претставил!) одговорил дека се сеќава, па откако ка-жал нешто за отец - Јустина, со восхит соопштил дека најзначаен од наставниците бил отец Јован; пона-таму целиот разговор бил насочен за Владиката (Јован). Соопштувајќи го ова свое доживување во гра¬дот Битола, сега Јеромонах Петар Лукјанов, во заклучокот дословно пишува: „Свештеникот не можеше да знае дека и јас бев во групата, нити го зборуваше тоа за да ми угоди мене (како Русин!); еве, изминаа 45 години од моментот кога Владиката (Јован) ја напуштил Богословијата, но сеќавањето за него се уште е многу живо."

8. ИЗБОРОТ И ХИРОТОНИЈАТА ЗА ЕПИСКОП. За шесте години, поминати во Битола, отец Јован наполно се беше соживеал со сите, така што не ни помислувал за менување на оваа, за него, сосем прифатлива средина.
Но, во животот често се случувало да доживее човек и нешто немислено!
Пролетта во 1934 година, отец Јован токму тоа го доживува, за кое нити мислел ниту го очекувал. Ова се потврдува со фактот дека тој бил многу изненаден кога ја добил поканата, со која се повикува да се јави во Светиот Синод, по повод неговиот избор за епископ; до последниот момент тој бил убеден дека е направена грешка со замена на името.
Во Белград случајно го сретнала Марија Шатилова, која го познавала уште како студент на Тео лошкиот Факултет, а потоа и - како монах. На прашањето по каков повод е дојден, тој одговорил дека се работи за некакво недоразбирање. Имено, дека за епископ бил избран некојси свештеномонах Јован, но по погрешка, место другиот, него го повикале да се јави во Синодот.
Наредниот ден кога му соопштиле дека токму тој е избран за епископ, а не друг Јован, тогаш неговото изненадување ја достигнало врвната точка. Пред се затоа, што овој возвишен чин во Црквата, кој бара посебни квалитети, а познавајќи се добро себеси, не предизвикал дотогаш кај него ни мисла ни желба да го добие; второ, како аргумент за својата недостојност во моментот го истакнал својот недостаток во говорот, пак од високото мислење за чинот. Се ова зборува за неговата нелицемерна скромност!
Сепак, со примерот на пророкот Мојсеј, кој го имал истиот недостаток, а пак бил удостоен да биде водач на еврејскиот народ, бил убеден и Јеромонах Јован (Максимович) да го прифати изборот за епископ. Отпосле, самиот ќе даде заклучок дека на овој избор се „покорил не заради чест и власт, туку единствено од послушност". Послушанието е љубима негова добродетел!
Во 1934 година (мај месец) нашиот отец Јован хиротонисан е за епископ. Хиротонијата ја извршил Поглаварот на Руската задгранична Црква - Митро-полит Антониј (Храповицки). Покрај руските архијереји, на овој значаен настан, бил учесник и тогашниот Охридско-Битолски Епископ Николај Велимировиќ.
При предавањето жезол (симбол на епископската власт!), Митрополитот, меѓу другото, истакнал, велејќи: „Без мудрување, стреми се да исполниш само две заповеди: добро служи и не мисли високо за себе!"
Зошто било нагласено токму ова? Како опитен духовник, Митрополит Антониј знаел дека из¬мамникот - искусител многу се радува кога добриот човек ќе го придобие за себе и кога чистиот - ќе го оскверни; а најголема радост му е кога Божјиот угодник ќе го отклони од неговиот духовен пат.
Понатаму, во своето образложение, тој вели: „Многу владици и претставители на повисок духовен чин, додека биле во поскромните чинови, пламено ја љубеле службата Божја, но збогатени со години, а понекогаш и со имот, постапно оладувале; секако, Ти овие никогаш нема да ги подражаваш."
Митрополит Антониј добро го познавал своето духовно чедо (раководител во духовниот живот му бил од 1914 до 1934 година!), знаел каква душа и какво срце имал студентот Михаил и монахот Јован, па сепак во својата беседа при хиротонијата тој укажал на некои искушенија, од кои може да се соблазни секој млад архијереј. Затоа, по однос на втората нагласена заповед, тој укажувајќи, рекол: „Ти секогаш воздржувај се од осудување на своите собраќа архијереи за недостаток на ревност (кај некои од нив!) и не допушти во срцето свое и најмало самозанесување, па тогаш секој ден и час ќе се умножува богатството на Твоето срце. Сакај ја богословската наука, но не само надворешните податоци за едни или за други настани, туку преку неа просветувај ја својата душа и душите на оние што те опкружуваат и со науката давај спасителна храна на својот ум. Патот твој е јасен, него го краси смиреномудрието и благопожелноста кон сите, но не тагувај (не очајувај!), ако сретнеш неблагодарност на својот пат"....
На овој свечен чин и новиот Архијереј, во својата пристапна беседа, накратко ја изложил програмата за неговата идна дејност. Беседата не е долга, но по точност на расудување и по убавина на содржината во целина, таа може да послужи како образец за секој новоизбран епископ. Затоа, место да парафразираме одделни мисли и ставови, изнесени во неа, на крајот ќе ја приведеме целосно, заедно со други негови проповеди.
Α за крај на ова поглавје ќе цитираме само мал пасус од кажаното, во кој се истакнува на кого во моментот новиот Владика се сеќава и за кои се од нив тој се моли. Пасусот гласи: „Во овој голем час за мене се молам за оние, кои ме воспитувале и изградувале со своите поуки и личниот пример; се молам за тие, меѓу кои досега беше мојата црковна служба, за младината што ја воспитував, за мојата идна паства, за целата Вселенска Црква, како и за земјата руска, која страда. Се надевам во молитвите и заштитата на големото множество небесни заштитници на христијаните."

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква