Конечно, дојдоа времиња кога не `паѓаме` на јавни личности, на тн. ТВ и филмски ликови, на ѕвезди од било која професија , на идоли...

Сега секој е јавна личност, секој има своја `кариера`, секој може да биде препознаен на улица, да му се восхитуваат, секој е - НЕКОЈ, со покритие или без...,а умисленоста и гордоста растат ли растат !

Доволен е еден статус (како овој, да речеме ;)...
или добра фотографија, малку луцидност` или физичка убавина, малку `експерт` за сите прашања, малку повеќе клевета или омраза, или, од друга страна, дар за умилкување што личи на љубов ....и сите се некому ИДОЛИ, во зависност од афинитетите.

На сите страни, по улиците средби во `живо` и восхитот:

„Се радувам, ве познавам, па вие сте (тој и тој) од фејзбук
(твитер)!!!“

И така, денот `летнал` како миг.
Додека светот околу нас во мир ја крои реалноста како што си сака, човештвото умислено, во блажено самозадоволство, си `чмае` пред компјутери.

„И така, тие среќно си живееле до крајот на животот“ ...

 

Автор: Мина Даниловска

 

 "Денес секоја страст е доведена во позиција на идол" - св. Јосиф Исихаст

 2017 Лето Господово