Многу жени беа мироносици, но евангелистите ги спомнуваат најзначајните, а другите ги оставија. Тоа беа овие: Првата од нив Магдалина Марија, од која Христос изгони седум демони. По Вознесението Христово таа отиде во Рим, според она што го знаеме, и на нова смрт ги предаде Пилата и првосвештеникот, известуваќи го императорот Тивериј за Спасителот Христа. На крајот таа се упокојува во Ефес и ја погребува свети Јован Богослов. За време на царот Лав Мудри нејзиното тело е пренесено во Константинопол.

Втората е Саломија. Таа беше ќерка на Јосиф Обручникот и беше омажена за Зеведеј. Од неа се родија евангелистот Јован и Јаков. Јосиф имаше четири сина: Јаков, наречен Малиот, Јосиј, Симон и Јуда, и три ќерки: Естир, Тамара и Саломија Зеведеева. Така кога од Евангелието ќе чуеш за Марија, мајка на Јаков Малиот и на Јосија, разбере дека се зборува за Богородица, бидејќи, според законот, таа се смета за мајка на Јосифовите деца. Од ова се заклучува дека евангелистот Јован бил внук Христов, како син на сестра.

Третата мироносица е Јоана, жената на Хуз, кој беше надзорник и управник во домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Многу жени беа мироносици, но евангелистите ги спомнуваат најзначајните, а другите ги оставија. Тоа беа овие: Првата од нив Магдалина Марија, од која Христос изгони седум демони. По Вознесението Христово таа отиде во Рим, според она што го знаеме, и на нова смрт ги предаде Пилата и првосвештеникот, известуваќи го императорот Тивериј за Спасителот Христа. На крајот таа се упокојува во Ефес и ја погребува свети Јован Богослов. За време на царот Лав Мудри нејзиното тело е пренесено во Константинопол.

Втората е Саломија. Таа беше ќерка на Јосиф Обручникот и беше омажена за Зеведеј. Од неа се родија евангелистот Јован и Јаков. Јосиф имаше четири сина: Јаков, наречен Малиот, Јосиј, Симон и Јуда, и три ќерки: Естир, Тамара и Саломија Зеведеева. Така кога од Евангелието ќе чуеш за Марија, мајка на Јаков Малиот и на Јосија, разбере дека се зборува за Богородица, бидејќи, според законот, таа се смета за мајка на Јосифовите деца. Од ова се заклучува дека евангелистот Јован бил внук Христов, како син на сестра.

Третата мироносица е Јоана, жената на Хуз, кој беше надзорник и управник во домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Марта и Марија, сестрите Лазареви. Шестата е Марија жената Клеопова. Седмата е Сусана.

             И многу други, како што соопштува божествениот Лука, и говори, Му служеа на Христа и на Неговите ученици, со својот имот. Тие го проповедаа воскресението и ни кажаа многу догмати, за уверување и известување на вистинитоста на Христовото воскресение. Црквата Христова прими по Тома да се празнуваат и тие, кои први го видоа Христа воскреснат од мртвите, и на сите ја пренесоа спасителната проповед и живееја според Христа, како што доликува на жени кои се научени од Него. По молитвите на светите мироносици, Боже, помилуј нè.

 Извор: Аргирета А.

 Друго:

Евангелие и поука за 30/04/2023

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 12:32-40

32. Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
33. Продајте ги имотите ваши и давајте милостина! Згответе си ќесиња, што нема да изветват, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34. зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
35. Нека ви биде крстот стегнат и светилата – запалени!
36. Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.
37. Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
38. А ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги!
39. Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би дозволил да му ја поткопаат куќата.
40. И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки!”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 15:43-47;16:1-8

43. дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово.
44. Пилат се зачуди дека Он веќе умрел: и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45. Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа.
46. А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата.
47. А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа, каде Го полагаат.
1. Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
2. И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето.
3. па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?”
4. И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6. А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”
8. Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 13:7-16

7. Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8. Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки.
9. Не впуштајте се во разни туѓи учења; оти е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со јадења, од кои немаа никаква полза оние, што ги употребуваа.
10. Имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат оние, што ? служат на скинијата,
11. бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12. Па затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13. И така, пред Него да излегуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14. бидејќи овде немаме постојанен град, туку го бараме оној, што ќе дојде.
15. Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните, што го прославуваат името Негово.
16. А доброчинството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 6:1-7

1. Кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите дека при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.
2. Тогаш дванаесетте, штом го свикаа целото мноштво ученици, рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да се грижиме околу трпезите.
3. Затоа, браќа, изберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух Свети и мудрост, што ќе ги поставиме на таа служба;
4. а ние постојано ќе пребиваме во молитва и служба на словото.”
5. Овој предлог му се свиде на сиот народ; па ги избра: Стефана, човек исполнет со вера и Дух Свети, и Филипа, и Прохора, и Никанора, и Тимона, и Пармена, и Николаја, придојден, од Антиохија;
6. нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив.
7. И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на свештеници се покоруваа пред верата.

           Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува. Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата. За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките, пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието."