Чудото на св. вмч. Георгиј со аждајата!

3.angeli.so.truba


Не треба да го премолчиме и знаменитото чудо што го стори светиот великомаченик Георгиј, убивајќи аждаја во Сирофеникија, кај градот Вирит покрај морето, недалеку од градот Лида, каде беше погребано телото на овој свет великомаченик. Тоа чудо e изобразено на разни стари икони. А на оние што патуваат во Палестина им се покажува местото каде што се случило тоа чудо. Toa се случило на следниот начин:
Каj градот Вирит имаше едно многу големо езеро, во кое живееше една многу голема аждаја, страшен погубувач.
Излегувајќи од езерото, таа грабнувала многу луѓе, и ги одвлекувала во езерото и таму ги проголтувала. Народот, кој многу пати во хајка одел против неа, таа го растерувала и победувала, зашто со својот здив го исполнувала воздухот со смртоносен отров, од кој многумина се разболувале и умирале. И во тој незнабожечки град постојано владееше тага, лелек и плач. Сите жители, па и самиот цар беа идолопоклоници.
Еден ден се собраа жителите на градот Вирит, отидоа Kaј својот цар и го прашаа:
Што да правиме? Ние гинеме од онаа аждајa.
А тој им одговори:
- Ќе ви го препорачам тоа што ќе ми го откријат боговите.
И тој, со откривање од демоните во идолите, доби совет кој им го соопшти на жителите од градот.
Советот гласеше вака:
- За да не загинат сите, треба секој ден по ред да ѝ ги даваме своите деца, син или ќерка, на онаа аждаја за храна.
При тоа изјави:
- Кога ќе дојде ред на мене, и јас ке ја дадам својата ќерка, иако ми е единица.


Граѓаните го прифатија овој царев совет, или подобро речено совет на демоните, и одлучија секој ден да ѝ ги даваат своите деца
за храна на аждајата. Секој ден на брегот на езерото оставаа нечиј син или ќерка, убаво накитени. И правеа така, иако многу жалеа и
плачеа за своите деца. А аждајата излегуваше и ги јадеше децата.
Откако се изредија сите граѓани во давањето на децата, дојде ред и на царот. Граѓаните му рекоа:
- Ете, царе, според твојот совет ние ги дадовме своите деца на аждајата. Сега што да правиме?
Царот им одговори:
- И јас ќе ја дадам својата ќерка единица, а потоа ќе ви јавам што ќе ни откријат боговите.
Тогаш царот ја повика својата ќерка и нареди да ја накитат многу убаво. Жалеше и плачеше по неа заедно со домашните, но не можеше да ја погази одлуката, божем божествена, а всушност демонска, за принесување на децата како жртва. И тој ја даде својата ќерка како жртва на богот на адската бездна, а самиот набљудуваше сѐ од палатата. И ја одведоа девојката на одреденото место на брегот на езерото. Таа стоеше лелекајќи и очекувајкќи го смртниот час, во кој аждајата требаше да излезе од езерото и да ја изеде.


По промисла Божја, таму наиде светиот великомаченик Георгиј јавнат на коњ, со копје во рацете. Кога ја виде девојката ја запраша зошто плаче, а таа му одговори:
- Добро момче, бргу бегај одовде со коњот, за да не загинеш заедно со мене.
Светителот ѝ рече:
- Не плаши се девојко, туку кажи ми што чекаш, додека народот од далеку те набљудува?
Девојката му одговори:
Прекрасно момче, гледам дека си храбар јунак, но зошто сакаш да умреш со мене"? Бргу бегај од ова место.
Тогаш светителот ѝ рече:
Нема да заминам одовде, додека не ми кажеш зошто стоиш и плачеш, и кого очекуваш.

 3.angeli.so.truba


Тогаш девојката му раскажа сѐ по ред, а светителот ѝ рече:
- Не плаши се, девојко, зашто јас, во името на мојот Господ, вистинскиот Бог, ќе те избавам од аждајата.
Таа му одговори:
- Добар војнику, бегај зашто и двајцата ќе загинеме.
Додека девојката зборуваше, се појави онаа страшна аждаја од езерото, и се наближуваше кон својата вообичаена жртва. Кога jа виде, девојката силно крикна:
- Бегај човече, доаѓа аждајата!


Свети Георгиј се прекрсти, и призивајќи Го Господа и велејќи:
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух", полета со коњот кон аждајата, силно го зари копјето во нејзиното грло, ја притисна на земјата, а коњот ја газеше со нозете. Потоа ѝ нареди на девојката со својот појас да ја врзе аждајата и да ја води низ градот, како
кроток пес. А народот со запрепастување гледаше како девојката jа води аждајата и сите започнаа да бегаат од страв. Тогаш свети
Георгиј рече:
- Не плашете се, туку надевајте се во Господа Исуса Христа, и верувајте во Него. Он ме испрати кај вас, за да ве избавам од аждајата.
Свети Георгиј ја уби аждајата со мечот среде градот, а луѓето го извлекоа нејзиниот труп надвор од градот и го изгореа. Тогаш царот на тој град и целиот народ поверуваа во Христа, и го примија светото крштение. Беа крстени дваесет и пет илјади луѓе, без жени и деца. Потоа на тоа место беше подигната огромна прекрасна црква, во име на Пречиста Дева Богородица, ќерката на Нeбесниот Цар Бога Отца, и мајка на Синот Негов, а невеста на Духот Свети, во име на светиот победоносец Георгиј, бидејќи ја избави онаа девојка од видливата аждаја. Тој исто така ја чува непорочна Црквата Христова, и секоја православна душа од невидливиот непријател и од гревот, како од смртоносна змија.


Овде се додава и друго чудо:
Кога потоа се осветуваше црквата подигната во име на Пречиста Дева Богородица и во чест на светиот победоносец Георгиј, во знак на излиената Божествена благодат, од олтарот потече извор на жива вода, исцелувајќи ја секоја болест кај сите кои со вера доаѓаа, во слава на Изворот на животот, Царот на славата,Бога во Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, фалениот за навек во светиите Негови, амин.

 

Избор од фб профил на

Стеван Здравески

 Друго:

Светиот великомаченик Георгиј
 
Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но при сите овие маки Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога Св. Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осуди Свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георгиј го убија во 303 година. Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави с ? заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Тропар
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомачениче Георгие, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак
Обработен од Бога, ти се покажа како најчесен градинар на верата, и снопови од добродетели собра за себе; откако посеа во солзи, жнееш со веселба; а за борбата што до крв ја водеше, за награда Го прими Христа, и со твоите молитви на сите им даваш прошка на гревовите.