За Божјите дарови

Bogorodica.kolazh59


                     Божјите дарови, материјални или духовни, не треба да бидат причина да мислите дека сте поважни и подобри од другите.
                          Словото Божјо е правило на животот, начин на правилно постоење за секој од нас.
Се подразбира дека нема човек кој не сака мир, радост, убавина и љубов но ние самите го одредуваме начинот на нашето постоење, односно статусот на вечноста овде и сега.
                       Слободно по своја волја одлучуваме дали го сакаме Царството Божјо, дали всушност го сакаме Царот на Царството Божјо, дали го сакаме Бог т.е. Христос или не, и кога паѓаме и имаме отстапувања, а во нас постои потреба и желба, Бог секогаш нè враќа на линијата на нашата посветеност, т.е. на патот што нè води кон Царството Небесно.
                       Пред се е потребно да го имаме Христос како критериум, како мерило, огледало, „бидејќи не можеме да знаеме дали сме на вистинскиот, правиот пат, патот на спасението и полнотата ако не ја знаеме мерката, ако немаме мерило, а нам ни е мерило Христос и Неговото слово запишано во Евангелието“, и тогаш се поставува прашањето, како да го придобиеме она по што сите копнееме? Господ јасно, гласно и едноставно ни кажува: држејќи ги заповедите што ни ги дал. Божјите заповеди ни откриваат што е природно за нас луѓето, што е во согласност со нашиот нормален, правилен, природен живот, бидејќи кога живееме природно, тогаш се соодветни и последиците од таквиот начин на живот. Резултатите од таквиот начин на живот се нормални и природни и нормално е да се радуваме.
                   Сè ни е дозволено, но не можеме и не смееме да дозволиме ништо да владее со нас, да не поробува. Штом нè пороби нешто друго освен Христос, ќе почувствуваме дека сме лишени на некој начин, а степенот на лишеност ќе зависи од тоа во која мера робуваме на нешто друго надвор од Христа.
                  „Ниту богатството ни убавината и славата па дури и духовноста, постот и молитвата не смеат да ни бидат поважни од Христа. Сè што имаме е од Него."
                    Важно е се што имате, било материјално или духовно, да го сфатите како дар од Бога но тоа да не биде причина да станете арогантни, да мислите дека сте поважни и подобри од другите, бидејќи смирението - што прецизно ја подразбира свеста дека од Бога ни е дадено сè - е критериумот и мерката за се што мислиме, зборуваме и правиме.

Patrijarh.srpski.Porfirij2
Патријарх српски Порфириј


За Преминпортал Симеон Стефковски

31,01.2024