НЕ ГОСАКАМ БОГ , НЕ ГИ САКАМ ЛУЃЕТО

... Еден аџија сакал да се исповеда кај некој схимник со возвишен духовен живот.Схимникот го примил и му рекол да ја напише исповедта на хартија. После неколку дена схимникот ја прочитал исповедта и му рекол дека главното не си го кажал:„Не го сакаш Бог, не ги сакаш луѓето“ .Аџијата се  спротиставил дека тоа не е точно, а старецот му дал да прочита една исповед на негов духовен син, аџијата читал на глас:

„Откако внимателно го проучував својот живот сватив дека не Го сакам Бога: оној што го носам во своето срце, слатко ми е да се сетам на неговото име, на оној што сакам постојано да се секавам и да размислувам. А размислувам ли многу за Бог? Од дваесет и четири часа во денот, едвај еден час посветувам наразмислување на Божјата промисла.


Кога размислувам за Бог, размислувам како некако неволно и со принуда, а ако тогаш некој дојде со некои новости, копнежливо го примам секој збор. Кога го читам Светото Евангелие, веднаш заборавам се што е напишано, а новостите и сплетките ги памтам со години, значи не го сакам Бог.

Со задоволство разговарам со оној што го сакам, времето ми лета, ми се чини незабележливо, а на молитва стојам со тешкотија, со напор, и неколкуте минути молитва изгледаат како години. Дури барам изговор што побргу да ја завршам молитвата. Затоа гледам дека не го сакам Бог, инаку би сакал секогаш да разговарам со Него и да размислувам за Него.

Сакам да го минам времето со оно што го сакам, а како одам во Храмот? Студено, неволно,нечуствувајки го присуството Божјо во Црквата. Значи не Го сакам Бог. За време на молитвата размислувам за нешто друго, дури ни времето на молитвата не му било посветено на Бога.

Ако сакаме некого, неговите желби со задоволство ги извршуваме. Господ рекол – „Ако ме сакате , почитувајте ги моите заповеди“. Кога би го сакал Бог, би ги научил заповедите и би се трудел да ги извршувам. А ако некој сега ме праша кои се заповедите, нема да знам да му ги кажам, значи не Го сакам Бог. Кога пред мене стои избор дали да постапам по мојата волја на сладострасно срце или по Божјатаволја, постапувам по моја волја. Значи не Го сакам Бог.

Што се однесува до љубовта кон луѓето, сватив дека не сакам никој освен себе. Кога сакаме човек во него гледаме само доброто, а јас во луѓето гледам само лошо и нивните гревови. Само во себе гледам доблести и добродетели. Значи јас не ги сакам луѓето. Оној што го сакаме му ги оправдуваме постапките, а јас ги осудувам, со задоволство простуваме на оној кој го сакаме а јас ги памтам навредите цел живот. Значи во мене нема никаква љубов.

Успехот и среќата на луѓето воопшто не ме радуваат. Туѓата среќа ме навредува. Кога на луѓето им се случува несреќа јас наизглед сочуствувам а во себе се радувам.

Мојата вера е само надворешна. Кога би верувал во Евангелието, јас би се тресел на помислата за пеколот, би се трудел да го здобијам Царството небесно, меѓутоа сеќавањето на смртта и на идниот живот не го допира моето срце, живеам како вечно да ќе бидам овде на земјата. Значи сум неверник, не се плашам од Бог.

Дури и мрачните духови на пеколот треперат од Бог, но во мене го нема тој страв, јас не треперам . Се сметам за верник, а живеам како да го нема Бог. Дури копнеам по грев, ми се чини дека за мене е подобро да не постои Бог, значи во срцето сум богоубиец.  Кога стојам во Храмот, и додека другите се молат и Светиот Дух ги осенува, јас се занимавам со порочни,нечисти помисли и спомени, своето срце го претворам во свињарник. Значи не Го сакам Бог.

Преполн сум со гордост, сите луѓе ги сметам за пониски а јас сум некаков избраник. Го читам Светото писмо не за да го исполнам, туку за да важам за мудар пред верните. А кога разговарам со луѓето, се плашам да кажам дека сум Христијанин,за да не ме исмејуват. За да не ме прогласат за фанатик се срамам пред луѓето да се прекрстам, да го направам знакот на крстот со кој бил спасен човечкиот род. Затоа се сметам за човек кој не Го сака Бог, не ги сака луѓето, не верува во ништо свето и преполн сум со сатанска гордост“.

Се исплашил аџијата и рекол: “Оче, навистина не ги гледав овие гревови во срцето,што да правам за да Го засакам Бог? Схимникот му рекол: Собери си го расеаниот ум и држи го името Исус Христос во срцето, размислувај дека си под млаз на Божјата милост, дека секој ден е дар Божји, така ќе почнеш да чуствуваш  благодарност а таа раѓа љубов. Секој ден читај го Евангелието, читај за да исполнуваш. Секоја вечер размисли како си постапил тој ден, кој грев си госторил, која заповед  ја исполни. За да ги засакаш луѓето не им суди,  вели: „Кој и да е, овој човек е подобар од мене“.

Ние сме христијани толку колку што имаме духовна љубов во срцето. Заповедите за љубов кон Бог и луѓето се крила кои човекот го подигаат во висините. Секогаш моли се:“Господи, дај ми да Те засакам со толкава сила со која порано го сакав гревот“, “Господи, дај ми благодат да те засакам, Господи дај ми сили да ја исполнамТвојата волја, Господи дај ми храброст да се откажам од својата гордост, Амин“.

 Од книгата „Како да живееме во Христа„

арх. Рафаил Карелин

Издавач: Брегалничка епархија

По избор на фејсбук страната на Н.Кмето