Лесно

Понудено, тешко да се одбие
лесно на дофат, не дава заобиколен пат,
распослано, подарено, она кое нè лаже
залак кој може да стегне врат.

Крик не помага
сила нема над облаци да излезе
задушен е од лага
патека ни стои на криви ноѕе.

Сепак свеќа
на свеќник не се помрднува,
вечно свети Твојата вистина,
фенер во светилник се претвора.

Лесно игра ми подметнува
времево кое се бранува,
лесно нота па и слово
до мене стигнува
за да натежне на ноѕе како олово.

Последно нека е,
далечна става нека се покаже
и здив од бучава нека се угуши
око слобода нема да предаде
ќе поита душа во висини.

Само под Крстот лесно ќе биде
магли упиени од плаштаница
ноѕе целивани од дете
таму ја оставив тежината грбава.

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

 

Друго:

7-ми април 2018 лето Господово

ПП