ПИСМО ДО УЧИТЕЛОТ

Денес мојот син тргнува во училиште. Сѐ ќе му биде чудно и ново и затоа би сакал да бидете нежни кон него. Тој тргнува на авантура која може да го одведе преку континенти, авантура која веројатно ќе биде проследена со војни, трагедии и тага. Да го живее таквиот живот ќе му треба вера, љубов и храброст.

Затоа, драг учителу, Ве молам земете го за рака и научете го на она што тој би требало да го знае. Научете го, но нежно, дека на секој еден непријател доаѓа по еден пријател. Тој ќе мора да научи дека сите луѓе не се праведни и искрени. Но, исто така, научете го дека на секој еден лош човек доаѓа по еден херој, и за секој расипан политичар, има по еден посветен лидер.

Научете го дека десет заработени центи вредат многу повеќе од еден најден долар, дека во училиште е многу почесно да згреши отколку да измами.

Научете го да губи достоинствено и да ужива во победата кога ќе победи. Научете го да биде добар со добрите и непопустлив со грубите. Одвратете го од зависта ако можете и откријте му ја тајната на спокојната насмевка.

Ако можете, научете го како да се смее кога е тажен, научете го дека солзите не се срамни и дека може да има слава и во поразот, но и очај во успехот. Научете го да не им обрнува внимание на циниците.

Научете го, ако можете, на волшепствата на книгите, но давајте му време за длабоко размислување за вечната загонетка за птиците на небото, пчелите на сонцето и цвеќињата на зелениот рид. Научете го да верува во сопствените идеи, дури и ако сите му велат дека не е во право.

Обидете се да му дадете сила да не ja следи толпата кога сите го прават тоа. Научете го да ги сослуша сите, но научете го и да го задржува само доброто што ќе помине низ ситото на вистината.

Научете го да ги продаде своите таленти и мозок на најдобрите понудувачи, но дека неговото срце и душа немаат цена. Нека има храброст да биде нетрпелив, нека има трпение да биде храбар.

Научете го секогаш да има возвишена верба во себе, бидејќи така секогаш ќе има возвишена верба во човештвото и во Бог.

Ова е големо барање, но видете што можете да направите. Тој е толку драго мало момче, и тој е мојот син. "

Писмото од Линколн, кога неговиот син бил прваче. И мојот син утре е прваче ❤️

 

Изботр од фб профил на

Aleksandar Mitov