5 октомври 2019 МАНУ, Скопје

 

 

 

Во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)  беше промовирана книгата – проповеди„ Слова за Словото“ 1 и 2, од авторот, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, а во издание на Книгоиздателството „Матица македонска“. „Слова за Словото“, всушност претставува еден собир на мисли и размисли, на расудувања и поуки, на факти и информации, на пофалби и критики. Но, најмногу од сѐ - на слова, на зборови за Словото, за Господ Исус Христос, второто лице од Света Троица. Слова за верата, за Црквата, за свештената и националната историја.... Овој труд е резултат на свештеното секојдневие на Неговото блаженство, дело на неговото архипастирско дело во изминатите 20 години како Поглавар на нашата света Македонска православна црква - Охридска Архиепископија и низ 33-те години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.
Промотори на изданието беа академик Витомир Митевски и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Декан на Православниот богословски факултет.

 

 

 

Архиепископот Oхридски и Mакедонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан

[youtube height="450" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=JPY55I_O6LE[/youtube]

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

Лето Господово 2019