логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 markov.prezde4.jpg

Индијанци од племето Мохавк


Кога една вечер професор Јанис Хаџиниколау присуствувал на вечерна богослужба во полумрачната руска црква во Монтреал, вниманието му го привлекла една силуета која се разликувала од другите. Тоа било средновечен индијанец, чија коса врзана во опашка стигала до половината.

По службата професорот не можел да одолее, му пријдел на непознатиот и се претставил.

- Владимир, одговори непознатиот.

- Јас сум грк, а вие?

- И јас сум, одговорил.

-  „Зборувате ли грчки?” – прашал зачуден професорот.

Следело неколку моменти на молк, а потоа индијанецот на грчки го цитирал првиот стих од Евангелието по Јован: “Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото”. Професорот останал без зборови, а потоа неговиот соговорник прснал од смеа: “Јас сум Индијанец”, рече тој, “но, некако, се чувствувам и како Русин, и како Грк, и како Србин и Романец, бидејќи … јас сум православен. “

“Во неговите очи се појави блесок”, се присетува професорот, “како и во моето срце …”.

Така професорот Хаџиниколау се запознал со Владимир. Од неговата приказна дознаваме дека Владимир, или Френк Натаве, како што бил познат на својот народ, е роден во индијанскиот резерват Когнавага во близина на Монтреал. Резерватот е изграден во 1600 год. и денес има 5.000 Индијанци од три племиња, од кои повеќето се, како што беше и Владимир, од племето Мохавк.

“Нашето село е”, му раскажувал Владимир на професорот, “како и останатите индијански резервати, во 18-ти век, всушност, претворен во Римокатолички протекторат. Католички мисионери на сите можни начини се обидуваа да ја преобратат целата нашата заедница.Не со љубов, туку со јамка околу вратот. Ја газеа нашата вековна традиција и не’ искористуваа за нивните цели. Јас до својата 32-ра година се држев до изодениот пат. Како што мајка ми, кој беше еден од стариците во племето, говореше: “Преку ден Римокатолик за очите на светот, а навечер индијанец за очите на душата”. Но, кога наполнив 32 години, веќе не можев да го трпам тоа спречување, таа јамка околу вратот, и се побунив на свој начин. Почнав да ги истражувам нашите корени, да ги учам нашите јазици, студирав на Универзитетот на бели луѓе, што за индијанците од мојата генерација беше многу необично. Со години ме водеа како патувачки предавач на компаративна лингвистика. Често бев кловн во нивните академски игри, за нив бев редок, егзотичен вид. Ги споредував нашите зборови со француски и англиски еквиваленти, нашите навики со нивните. Понекогаш, сепак, чувствував дека ме набљудуваат како што археолозите набљудуваат фосили.

Мојот пат кон Православието беше, како што ние велиме, “тајна патека”. Тоа се случи преку лингвистиката, предмет што отсекогаш ме интересирал. Учејќи лингвистика, бев импресиониран кога го прочитав житието на светите Кирил и Методиј, кои се познати и како апостоли на Словените. Особено ме заинтересира кириличното писмо и словенскиот јазик. Го прашав професорот каде би можел дачујам како се зборува словенски. Тој предложи да посетам некоја руска црква. Се јавив на една од нив, и пријателски глас ме информира дека Вечерната служба започнува во 7 часот навечер, а Литургија во 10 наутро. Прашав дали можам да присуствувам и ми одговори дека се разбира дека можам. Така собрав храброст и отидов во саботата вечер. На таа Вечерна служба во црквата на Светите апостоли Петар и Павле искусив нешто што никогаш порано не сум го искусил. Ги набљудував иконите, го слушав пеењето, гледав луѓето како се клањаат, мирисот на темјан го исполнуваше воздухот, сето тоа ми говореше дека сум го пронашол „тајната патека“.

Нема да верувате, но од време на време, воочувам паралели меѓу индијанската и православната традиција. Некаде внатре, ова откритие го исполнува мојот индијански етос и го дополнува. На почетокот се чувствував како на облаци. На првата Литургија прашав дали можам да останам и после отпустот на огласените и тие рекоа дека можам. И така, седнав, како индијански пес! Од тогаш почнав почесто да доаѓам во црква. На почетокот, само во недела, потоа во сабота, потоа и во работните денови, кога имаше некој празник. По некое време забележав дека по Вечерната се врши исповед. Застанав на ред, но ми рекоа “Ти не можеш, не си православен. Ова е Света Тајна”.

“Но, целиот наш живот е Света Тајна,” реков.

Потоа размислив малку и прашав: “Како можам да станам православен?”.

Ми предложија да разговарам со свештеникот.

Кратко потоа, донесов одлука да станам православен. Денот кога тоа требаше да се случи, снежна бура не ми дозволи да излезам од селото. Одложено е за празникот на Воведение на Пресвета Богородица. И така беше… Го добив името Владимир.

Многу подоцна, сеќавајќи се на својот прием во Православната Црква, од спомените ми се појави импозантна фигура на српски свештеник, кој го посети нашето село кога бев мал. Неговата појава и неговото однесување оставија длабок впечаток врз мене. Се сеќавам како мојата мајка коментираше: “Еве еден кој од својата вистината не прави пропаганда.”

На мојот народ им здодеале мисионерите. Со години доаѓаат, главно, не за да дадат, туку да земат… Никогаш не покажувале интерес за она што ние го имаме.

Но, тој Србин беше поинаков. Тој е единствен што нешто даде, своето присуство… а од нас не зеде ништо, освен нашето срце.”

Кога професорот Хаџиниколау по извесно време повторно се сретнал со Владимир, тоа било во неговото село. Договорено е да се најдат на радио станицата во која Владимир веќе со години работи. Го затекнал со слушалки на ушите како чита утрини молитви на сите индијански јазици, потоа на француски и англиски. Се разбира, слушателите не можеа да видат како Владимир се крсти на православен начин.

Владимир Натаве бил поглавар на своето племе, бил духовен лидер. Тој погребувал и венчавал, им бил еден вид свештеник. Навечер, седнувал со скрстени нозе слушајќи ги проблемите на својот народ и им давал совети. Бил поет и преведувач, бил и филозоф. Ги знаел нивните проблеми подобро од кој било, а ги знаел и строгите племенски закони. Оние кои ќе ги порекнат начелата на предците и станат христијани, можат да останат во селото, но не и да вршат било каква функција. Никој во селото, се’ до неговото упокојување, не знаел дека нивниот поглавар е православен христијанин. А Владимир, кој за нив бил Френк, работел со нив, за нив, секогаш плашејќи се дека ќе дознаат.

“Кога и да го видев облечен во стихар и со свеќа во рака”, раскажува професор Хаџиниколау, “како пред епископот и свештеникот излегува од олтарот на малата црква Знамение на Пресвета Богородица, не можев да не се запрашам какво е тоа срце во тој индијански волк кој постојано повторуваше “Бог знае”. А тој постојано правеше поклони, молејќи Го Господа да го просветли да го води својот народ низ бурите и искушенијата и да му даде сила до крајот да го понесе својот тежок товар”.

“Едно утро,” продолжува професорот, “ми беше јавено дека Владимир се упокоил во своето село. Прашањето што ми се наметна беше: Кој ќе го погребе, што ќе биде со него?”

Се испостави дека Владимир оставил детално напишано упатство да биде погребан според индијанските обичаи, но и православен свештеник да го опее. Се разбира, Индијанците немаа поим што е тоа православен свештеник, но Владимир оставил неколку телефонски броеви. Повикан е свештеник и тука на сред индијанско село е отслужено опело над телото на упокоениот слуга Божји – Владимир.

За жал, професор не можел да присуствува на погребот. Два дена подоцна, во селото бил прочитан Владимировиот тестамент во кој е наведено што на кого ќе му припадне од неговиот имот. Владимир имал 75 години, имал деца, внуци и правнуци, и на секој член од семејството оставил по нешто.

По неколку дена професорот доби пакет. Во него имаше книга – Света Литургија на грчки и англиски јазик, која пред многу години му ја имаше подарено на Владимир. Внатре беше посветата: На Јани, а подолу на грчки – додека повторно не се сретнеме.

Кога понатаму ја заврте страницата, професорот остана без зборови – над секој ред, со рака беше напишан превод. Владимир целата Литургија на Св. Јован Златоуст ја превел на Мохавк јазик. “Ако Бог даде”, вели професорот, “еден ден овој превод ќе биде објавен“.

Извор: “Тајна стаза” поглавице Владимира

Преземено од: Маран Ата

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5831
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6643
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6438
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5628
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная