Оди тогаш во пештерите нивни, не со озлоеденост, туку со радост, таму барај го Христос и доколку Го стекнеш, нема себе си да се жалиш заради својата земна нискост, туку ќе ги сожалиш оние што се сиромашни во Христа, иако се богати со светот, на кои што им е потешко да влезат во Царството Небесно, отколку камилата да помине низ иглени уши.
Значи, првата вистина за пастирството која нам ни се открива во настаните на Христовото Раѓање, се содржи во тоа што на новиот блгодатен живот кој што Господ го донесе на земјата и на кого сме сите призвани да насадуваме, не му е потребна никаква земна сила, ниту надмоќ , туку напротив,
уште послободно се развива далеку од нив: нашиот нов човек се обновува , според зборовите на апостолот, токму тогаш, кога стариот човек пропаѓа.
Мислиме дека нема потреба да ја освестуваме оваа вистина со историски настани или со животните појави оддамнина, зашто едни и други има толку многу, што секој може да ги пронајде.Дали многу ќе се скрушуваме заради нашата положба во самиот живот на државата? Дали во него возвишено место зафаќа
(„рождјејса Цар јудејски“)?
Прекрасен спој на на државна зависност и на предвечниот Божји совет наоѓаме во кажувањето за местото на Христовото раѓање. Август Цесарот, раководејќи се со своите чисто светски причини издава „заповед вселената да се попише“.
Што за надворешната точка на гледање пред тој извонреден светски настан на светската историја значи појавата на едно мало семејство на сиромашни Евреи од провинција, да оди по многу милиони поданици на Рим „да се запише во својот град“ Витлеем?
Меѓутоа, тука се разрешила главната заповед и смислата на постоење на сите светови, се остварило Словото Божјо, кое што илјада години пред тоа е изречено преку пророкот и дошол Оној пред Кого што не само Рим, туку и целиот свет е поништожен од зрнце.
Проповедници Христови!
Дали да се жалиме на тоа што нашата положба не е висока, туку е зависна и дека со тоа ја правдаме нашата пастирска неработа, или да ликуваме заради тоа што преку нас на светот делува онаа Сила Божја, она Слово, со кое „небеса утведишасја“ (небесата се утврдија), кое било во Бога, во Кого биле животот и светлината на луѓето, кое го просветува секој човек кој доаѓа на свет?
Дали, слично на папството, ќе се обидуваме да оствариме државни предимства и заради нив да го забораваме делото Божјо, или ќе побрзаме да се угледаме на апостолите, светителите и преподобните, од кои повеќето се сметале за припадници на најниската класа и ако се воздигнувала, тоа воглавно било за кратко време?
Дали и во случај на подобрување на нашата светска положба, ќе се гордееме пред „сиромасите на овој свет“ или братски ќе слегуваме во условите на нивните животи, како и Господ, кој се симнал од небескиот престол и попримил облик на слуга за да им „помогне на оние кои се искушувани“ (в. Евр. 2, 18)? Значи, еве во што се состои втората поука на Оној, Кој се родил, на пастирите на Неговата Црква: нашата ваква или онаква општествена положба не може да има битно значење за јавувањето на божественото Слово на светот.
За оние древни мудреци со кои не раководеле страстите, туку единствената желба за вистина и правда, Христос нашол ваква ѕвезда, која ги довела до местото на Неговото доаѓање во светот: зарем нема да најдеме ваква ѕвезда и за оние кои скитаат во темнината на современите трагачи на вистината?|
Ако мртвите небесни тела преку Словото Божјо биле упатени на објавувањето на неговото Раѓање, го прави ли ова обврзан служителот на Словото во магловитите верувања и во заскитаните пагански теории на денешните безбожници да бара вакви идеи и својства, кои што во својата вистинска светлина и доследен развој би довеле до Премудроста Божја , или барем искрените души би ги заблескале со умната светлина?
Зарем се` нехристијанско би требало да негираме и презираме, или да го презираме во него само намерното зло и страстите, а се` најдобро во него да го проучуваме и да да го вознесуваме кон Христа , зашто не може нито да биде добро на земјата што со Него не би имало макар и несвесна врска; вакво е третото шравило кое што нам ни го открива Христовото Раѓање.
Тоа не е последно , но, да се задржиме и на овие малубројни правила за да имаат можност луѓето подлабоко да продрат во нив, да ги проверат низ содржината на целата Света Библија, отечките дела и богослужбените книги и потоа да размислат за тоа , дека пастирите не се воопшто така сиромашни и немоќни, дека не се така ограничени во поимите и стеснети во дејностите како што често ги замислуваме.
Оној, кој што живее за светот и делува со надворешни средства, во потполност и зависи од нив: сето тоа го бараат незнабошците (Мт. 6, 32) – а кој што е роден и кој раѓа преку духот, поседува други богатства и ако само срцето негово биде таму , каде што е богатството негово, нема ниту да се сети на световните лишувања.Секако, ова не е ново Слово, само е нејзина животна вистина, недостапна на човекот во деновите на свтовниот живот.
Но, можеби ќе ја прифатиме денес, на денот кога просветлени со духовната радост ние – сите пастири – можеме да и кажеме на својата паства со апостолот: „Животот се јави, и видовме, и сведочиме и ве известуваме за вечниот живот,
кој беше во Отецот и нам ни се јави - она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас ; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос“.
(1 Јн. 1, 2-3).
Превод : Мирјана Даниловска
Извор: http://www.prijateljboziji.com/shared/media/articles/169/pdf-serb.pdf