лого

 


Духовното поклонување на Крстот е постојано чувство на благодарност кон Бога за крсните страдања што нѐ спасија од вечната пропаст, од пеколниот оган, од гробот на богоотфрленоста и заборавот во кој требало да исчезне целиот човечки род.

Духовното поклонување на Крстот е покорност на Божјата промисла, тоа е трпение во тагите и искушенијата, во она што претставува крст на нашиот земјен живот.

Духовното поклонување на Крстот е желба човекот да ги олесни маките на другите, да го земе на себе нивниот дел, нивните немоќи и болести, како што Господ на Крстот ги зел на Себе нашите гревови и страдања.

Духовното поклонување на Крстот е простување на сите навреди.

Духовното поклонување на Крстот е чувството на постојано смирение.

Браќа и сестри, на крајот, духовното поклонување на Крстот е борба со своите страсти, со своето сластољубие, со својата гордост.



aрхимандрит Рафаил Карелин

 

 

Избор од фејсбукстраната на Петар Георгиев

 

TVITer270

 П.П.  2015-09-27 02:38:14