логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Господи, Исусе Христе, помилуј ме

Знаеш ли што значи еден час да велиш: „Христе, Те сакам! Исусе мој! Влези во мојот живот! Промени го моето срце! Направи да ја возљубам Твојата света волја! Да се смирам, да го примам простувањето што ми го даруваш! Да Те ставам во мојот живот, да Те прославувам! Да се оддалечам од гревовите и да мислам за Тебе!“ Знаеш ли што е тоа што го правеле овие луѓе? Борба. Мака заради љубовта на Господа, односно тие не виделе борба заради борбата. Зашто борба водат и будистите, и хиндуистите, и јогистите… Туку тие го правеле тоа од љубов кон Господа, се подвизувале за Христос и се чувствувале среќни, се молеле толку многу, имале такво послушание и правеле такви жртви. Тие не се карале, ниту спореле, ниту осудувале. Осудување?! Каде ќе осудуваш – ајде седни да се молиш осум часа, тука десет минути се молиш и се смируваш, а осум часа и да осудуваш?! Ама таму било исклучено да слушнеш празен збор, озборувања. Ако и имало такво нешто, тоа водело, според нив, кон трошење на батериите.  Старец Јосиф велел: „Кој осудува, нека го фати патот под нозе, земај си ги работите и дома! Тука идеш, пријателе мој, да станеш свет. Тука доаѓаш да Го возљубиш Христос, не си дошол ниту да  озборуваш, ниту да ми го раскажуваш животот на овој или оној. Не ме интересира што се случува надвор оттука. Ги сакам сите, ги прифаќам сите, но не сакам осудувања, сакам само да слушам да го изговараш името на Господа, да се молиш“. Така стануваш свет. Направи го тоа да видиш како ќе ти се промени животот. Тогаш ќе можеш да речеш: Го сакам Христос на дело, се подвизувам, имам послушание да не зборувам излишни нешта, да не осудувам, да не коментирам.

Се сеќаваш ли кога духовниот исповедник те посоветува: „Тоа, дете мое, не треба да го кажуваш, зашто ако го кажеш, ќе го навредиш семејството што ќе го слушне, ќе ставиш отров во мислата на другиот и ќе го растуриш неговото семејство“. Ти сепак отиде и го кажа. Се сеќаваш ли? Се сеќаваш ли колку пати не си ја додржа устата затворена, а требаше да го направиш тоа? Се сеќаваш ли колку пати кажуваш нешта што не треба, коментираш и осудуваш? Мажот ти се враќа од работа и не можеш да ја затвориш устата на пет минути, за да се најаде како човек и да одмори. Започнуваш зборови, празни зборови, коментари, го нервираш, го разгневуваш, го тераш да ја започне кавгата. Тоа ли е Христовата љубов? Да Го сакаше Христа, ќе внимаваше да не го соблазниш својот сопруг, да не го нервираш, да не го дразниш, да не зборува грозно поради тебе. Каде е Христовата љубов? Ја прочитав книгата и сфатив дека овие луѓе Го возљубиле Христа и го докажале тоа со борбата до крв. Ти исто си повикан да водиш борба на местото на кое живееш. Секој – својата борба, јас мојата, ти твојата, секој во својата сфера, сите сме подвижници. Подвиг е и тоа, кога мажот ти доаѓа и ти вели да ја затвориш устата, зашто тоа што го зборуваш, го нервира. Понекогаш не знаеш како да зборуваш. Сакај Го Христа и молчи! Ти сепак не го правиш тоа.

И така, не знаеме како да се однесуваме правилно кон другите, а кога се лутиме на сопругот дури не можеме да го поправиме, зашто доаѓа до кавга, ниту делуваме на другите, зашто ни фали Божјата благодат, ни фали Христос. Кога животот ќе ни се исполни со Христос? Да се промени нешто конечно во овој свет, годините минуваат, времето минува, колку години ќе живееме? Ти велиш: „Да заврши предавањето, за да ги завршам обврските“. Денот се тркала. Да, но Бог, Кој ти го гледа животот, вели: денот се тркала, гледаш да платиш сметки, но другите сметки – тие на твојата душа – кога ќе ги подмириш? Кога ќе го земеш за сериозно тоа што е многу важно? Кога?

Ако ги вршиш твоите обврски сакајќи го Господа, започнуваш да се менуваш и си спокоен, се преобразуваш, зашто Христос влегол во Тебе. Насекаде, и во телото и во душата, исполнет си со Христос. Еднаш ги причестивме децата во училиште, зашто имаме училиштен храм, и многу се израдував што светиот Путир се испразни. Не очекував толку многу деца да се причестат, се израдував и реков: колку убаво нешто! Да остане празен светиот Путир, да се причестуваат многу деца. Накрај видов некои деца како слегуваат по скалите, се радував што се беа причестиле и им реков:

– Ајде, подигнете ја малку раката!

– Сега што сака овој? – си рекоа тие.

Јас ја кренав мојата рака и реков:

– Гледајте! Мојата вена и вашата вена. Вашата вена и мојата вена. Тука е мојата крв и Христовата крв, зашто се причестивме. И во твојата крв тече Христовата крв. Убаво нешто, нели?


Свети Симеон Нов Богослов

Во нас тече Христовата крв, Господ не зборува теории, тоа не се идеи или философии, туку Тело и Крв Христови. Го јадеме и пиеме Христос и Христос станува наша храна и питие. Ете! Каде е теоријата? Каде се философите? Каде се фантазиите? Тоа е факт, тоа е храна, тоа е живот, тоа е нешто онтолошко, како што велиме во Црквата, Христос суштински влегува во нас. Кога го живееш тоа, го разбираш и се исполнуваш со Христа, значи, дека можеш да кажеш, како Свети Симеон Нов Богослов, ги гледам рацете свои како Христови раце, не се само мои, туку и на Христос, ги гледам нозете свои и тие се на Христос, мојата уста, моите очи, Христос влегува во мене, го гледам своето тело и се радувам, се восхитувам, не зашто е убаво, туку затоа што во него се движи Христос и кога ја отворам устата да зборувам, зборува Христос заедно со мене и тоа допира до другиот и му помагам. Му велам: „Како си, добро ли си?“ и тој чувствува трепет во душата, чувствува нежност во срцето, зашто тоа не се само мои зборови, туку и Христос е заедно со мене. Тоа е убавото. Затоа, кога гледаш некого и му правиш забелешка, а тој не се менува, не продолжувај, зашто тоа значи дека уште не го чул Христовиот глас во тебе. Зашто, ако детето те слуша, но не му зборуваше само ти, туку Христос ти ги движеше усните, нема начин тоа да нема влијание, нешто би го допреле, би го променило, би го преобразило. Следствено, уште не си се исполнил со Христос. Ќе ме прашаш сега зошто зборувам, имаш право и јас треба да сопрам.

Вистина е дека единствениот пат кога е достојно да зборуваме, е тогаш кога зборуваме за Христос, инаку не е достојно да зборува човек, кога е сам во радио емисија. Зашто другиот чувствува дека кога зборуваш, како да го дразниш, го изморуваш, не сака, а кога Го имаш Христос во себе си, му кажуваш на другиот еден благ збор и срцето му се трогнува и не само што сака да се поправи, туку едно просто „добар ден“ да му кажеш – тој се радува. Тоа е целта – Христос да ни го исполни срцето и да ги видиш поинаку своите деца, жената, своите пријатели, колегите на работа, да се промени целиот твој живот и на крај да разбереш, дека сѐ е убаво заедно со Христос. И нештата од животот, и духовните, зашто не постои разлика. Сѐ е духовно и материјално истовремено. Ако ги разделиме значи дека имаме фрагментиран живот, лицемерен живот, лажен живот, живот со маски и Христос вели: „Јас сакам да влезам во твојот живот и да те направам посебен човек, да не си фрагментиран, да не си скршен на илјада парчиња, туку да си со Мене во сѐ што правиш. Зашто Јас влегувам насекаде. Пребивам во твојот дом, во твојата соба, во твојата спална, во твојата бања, во кујната. Дури и кога ќе се ожениш“.

Дали Христос присуствува само еден час за време на Литургијата? Кога си со своите деца, со својата сопруга, кога ги прегрнуваш оние што ги сакаш и си со нив, дали Христос не е меѓу вас? Кој тогаш? Искушувачот? Разбираш колку ужасни грешки правиме спрема децата, кога детето доаѓа и ми вели дека не оди во црква, зашто таму се сѐ нарекува грев, грев едно, грев друго, грев е да одиш на стадион, грев е да се забавуваш.

Кој ти кажа дека сето тоа е грев, кој ти кажа дека Христос не може да влезе во твоето секојдневие, на твојата забава, во твојата радост и да украси сѐ? Зошто? Грев е кога колнеш, кога хулиш. Кога спортуваш не е грев, кога пиеш со своите пријатели по еден пијалак и Го имаш Христос во своето срце, не е грев. Кога минеш една убава вечер, во гледање на филм што има смисла и животна содржина, тоа не е грев. Зошто мислиш дека сѐ е грев? Знаеш ли зошто детето зборува така? Заради тебе и мене го зборува тоа. Зашто сме му ја предале претставата дека Црквата е нешто далечно, нешто далечно, нешто духовно, во смисла на нешто неопределено, невидливо, апстрактно, без воопшто да има врска со секојдневниот живот. Дали не сме му го предале тоа чувство, што е грешка, зашто Христос дал потполно различна слика? Тој често се појавувал на трпезите на луѓето и затоа фарисеите се чуделе: „Ама каква работа имаш Ти тука? Заедно со нив, кои јадат и пијат? Тие се грешни!“ Господ вели: „Јас одам при нив, доволно е да ме сакаат! Влегувам насекаде, во нивното секојдневие, во нивниот живот, во нивните проблеми, во нивниот брак, во нивната врска, во нивната љубов, односно каде да појдам? Каде да ги чекам еден час неделно?“ Еден час во неделата да чека Христос да те види на Светата Литургија? Христос влегува насекаде во твојот живот и не постои момент, што не е духовен. Се извинувам што ќе го кажам ова, но тоа се зборови на Старец Ефрем: „Кога одиме до тоалет, ја кажуваме молитвата, не како задолжение, туку како љубов, Го сакавме Господа насекаде и секогаш, што и да правевме“. Не велиме: овој момент е нечист и затоа остави Го Христос надвор. Ама Тој е насекаде во функциите на твоето тело, во твојот организам, во твоите клетки и тоа го тера човек да полуди од среќа, кога ќе размисли, но и од хистерична лудост, кога ќе разбере какви грешки правиме во црковното пространство и стануваме причина некои луѓе да ја сфаќаат Црквата погрешно. Црквата не е тоа и му го кажав тоа некому: „Тоа што не ти се допаѓа (во Црквата), дури ни мене не ми се допаѓа!“ Тоа не е Црквата, тоа не е Христос. Знаеш ли што е тоа? Тоа сум јас, со моето лично сознание, со мојата болна духовност, но тоа што е мое го крштевам во она што е Христово.

Христос не кажал такви работи, Христос не рекол да го отфрлиме овој свет, да го отфрлиме ова тело што Он ни го дарувал, даровите што ни ги дал, туку сите нив треба да ги принесеме, да Му ги дадеме, да ги освети, да ги благослови, да ги покрие, да ги преобрази, но не да ги уништи, зашто не ни ги дал за да ги уништи, туку за да ги обожи и  благослови. Разбираш ли? Тоа значи Христос да влезе насекаде во твојот живот, сѐ да направи Негово и да станеш среќен, благословен и да бидеш голем благодетел на светот, како што биле сите други светци. Независно дали зборуваш или молчиш, лежиш или спиеш, да благотвориш во светот. Ми рече еден светогорец:


Свети Нектариј Егински

– Зошто ме сакаш толку многу, бре, отче, ништо не правам. Што правам? Ниту работам, ниту плаќам, со ништо не помагам.

Му реков:

– Отче, те сакам само за тоа што постоиш и се радувам, зашто знам дека Го сакаш Господа и оваа љубов на Господа е огромна и ми дава сила.

Само за тоа што постоиш. Зашто, што прави Свети Јован Руски? Што прави Свети Спиридон? Што прави Свети Нектариј? Нивните свети мошти што прават? Стојат во кивотот тивко, спокојно, седат и изливаат љубов, благоухаат, точат чудеса… Не е потребно да правиш нешто, исполни се со Христос, стани свет, полн со Христос, протегни се и спиј. И твојот сон ќе му користи на човештвото. Дури и сонот – зашто си човек исполнет со Христос, го разбираш ли тоа? Колку луѓе прибегнуваат кон овие светци, водат при нив наркомани, меланхолици, измачени, парализирани, болни, коленичат покрај гробот и го молат Свети Јован Руски да ги исцели и Свети Ефрем во Неа Макри, сите светци и овие мили светци не прават ништо. Не зборуваат, не викаат, не трчаат, тивки се, но се свети, исполнети се со Христос. Одиме да ги помолиме и тие ни помагаат. Тоа е: твојот живот да стане едно – да се соединат сите делови на твоето тело, да бидеш благословен, да се смириш, да се радуваш, да запре незадоволството, да заживееш, тоа го прави Христос: го променува твојот живот!

 

Извор: Бигорски манастир

Друго:

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5827
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6433
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5624
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная