логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

СЕГА Е ДУХОВНА ВОЈНА

Старец Пајсиј Светогорец

Рамнодушноста кон Бога, носи рамнодушност кон сè друго; носи морална дегенерација. Верата во Бога е голема работа. Кога човекот верува во Бога, тогаш ги сака и своите родители, своето огниште, своите роднини, својата работа, своето село, општината, својата држава и татковина. А, некој што не Го сака Бога и своето семејство – не сака ништо, затоа што и татковината е едно големо семејство...
Сакам да кажам дека сè одовде поаѓа. Ако човек не верува во Бога, нема да има обѕир ниту кон семејството, ниту кон својот роден крај, ниту кон својата татковина. И тоа е она што некои сакаат да го уништат, затоа и создаваат дух на немарност...
Гледај во причината. Можеби ќе мора да преживееме многу од она, за што се зборува во Апокалипсата. Настапи отпадништвото (апостасијата) и останува уште само да дојде „синот на погибелта“ (2. Сол. 2, 3). Светот ќе се претвори во лудница... ќе видиме како се случуваат најневеројатни, најбезумни настани, но добро е само тоа, што тие многу бргу ќе се сменуваат еден со друг. Екуменизам, заеднички пазар, една голема држава, една светска влада, една религија скроена според нивна мерка – такви се плановите на мрачните сили.
Мене ме вознемирува спокојството кое владее. Нешто се подготвува. Ние сè уште не сме го сфатиле тоа како што треба, ниту тоа во какво време живееме, ниту пак тоа дека ќе умреме. Што ќе произлезе од сето тоа, не знам, состојбата е многу тешка. Судбината на светот зависи од неколку луѓе, но Бог сè уште ја држи сопирачката. Треба многу и со болка да се молиме, за Бог да се вмеша во она што се случува... Времето е многу тешко.
Се насобра многу пепел, ѓубре, рамнодушност – и за сето тоа да одлета, треба силно да дувне... Страшно! Настапи вавилонското смутување! Треба Бог да се вмеша... Постои голем немир. Сè се измеша! Главата на народот му е сосема помрачена.
Па сепак, без разлика на тоа вриење, јас во себе чувствувам некаква утеха, некоја увереност. Сепак има христијани во кои почива Бог. Има сè уште Божји луѓе, луѓе на молитвата, и себлагиот Бог нè трпи и повторно ќе доведе сè во ред.
Не плашете се! Ние преживеавме толку неволји и не исчезнавме. Зарем ќе се исплашиме од бурата која треба да мине? Нема да умреме ниту сега! Бог нè сака. Во човекот постои скриена сила, во случај на потреба. Тешки години ќе бидат малку. Само едно невреме...
Не вознемирувајте се воопшто, зашто над сите е Бог, Кој управува со сè и секого ќе го постави на клупата за обвинети за да даде одговор за стореното, во согласност со што секој ќе добие награда од Него. Ќе бидат наградени оние, кои на некој начин го помагале доброто, а ќе бидат казнети оние кои правеле зло. Бог, на крајот, пак сè ќе стави на свое место, но секој од нас ќе даде одговор за она што го сторил во тие тешки години со молитва, со добрина...
Денес се трудат да ја срушат верата и за тоа здание на верата да се сруши, вадат по малку, по камче. Но, сеедно, за тоа рушење се одговорни сите: не само тие што рушат, туку и ние, што гледаме како се руши верата и не се трудиме да ја закрепнеме. Потоа, тие расипници смислено ќе ни зададат уште повеќе тешкотии, ќе се озлобат на Црквата, на монаштвото. На сегашната ситуација е можно да ѝ се спротивставиме само духовно, а не световно. Невремето ќе се засили уште малку, ќе го исфрли на брегот сето ѓубре, сè што е непотребно, а потоа ситуацијата ќе се разбистри. И, едни ќе добијат чиста награда, а другите ќе ги платат долговите.
Денес има мнозина кои се трудат да расипат сè: семејството, младината, Црквата. Во наше време, да се работи за народот е – исповедништво, затоа што државата војува против божествениот закон. Законите што ги донесува таа се против Божјиот закон. Но, ние сме одговорни за тоа, да не им дадеме на непријателите на Црквата да уништат сè. Дури сум имал можност да слушам како свештениците зборуваат: „Не занимавајте се вие со тоа, тоа не е ваша работа!“ Кога тие со молитва би дошле до таква состојба, за ништо да не се грижат, јас би им ги целивал нозете. Но не, тие се незаинтересирани, затоа што сакаат на сите да им бидат добри и да живеат пеејќи. Рамнодушноста не им е дозволена дури ни на мирјаните, а не пак на свештенството.
Искрениот, духовен човек, не треба да работи ништо незаинтересирано. „Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господа“, вели пророкот Јеремија (Јер. 48, 10)... Сега е војна, духовна војна. Јас треба да бидам напред. Колку марксисти, колку масони, колку сатанисти и секакви други! Колку бесомачни, анархисти, опрелестени... Јас гледам што нè очекува и тоа ме боли. Во грлото ми е горко од човечката болка...
Владее дух на млакост, воопшто нема јунаштво! Сосема се расипавме! Како Бог сè уште нè трпи? Денешното поколение – тоа е поколение на рамнодушност. Не на војна. Повеќето се само за парада. На безбожници и на хулители им даваат да настапуваат на телевизија. И Црквата молчи и не ги одлачува тие богохулници. А треба да се одлачат таквите од Црквата. Жал ли им е да ги одлачат, што ли е проблемот? Ајде да не чекаме некој друг да ја извади змијата од дупката, за ние да бидеме спокојни. Молчат поради рамнодушност. Лошо е тоа, што дури и луѓето кои имаа нешто во себе, почнаа да се оладуваат и да велат: „Зарем јас можам да ја изменам ситуацијата?“
Ние сме должни храбро да ја исповедаме нашата вера, бидејќи ако молчиме, ќе преземеме голема одговорност. Во овие тешки години, секој од нас треба да го прави она што го може. А, она што не може, треба да се остави на Божјата волја. Така совеста ќе ни биде мирна. Ако не се спротивставуваме ние, ќе станат од гробовите нашите предци. Тие толку страдале за татковината, а што правиме ние за неа? Ако христијаните не станат исповедници, ако не му се спротивстават на злото, рушителите ќе бидат уште побесрамни. Но, денешните христијани не се борци. Ако Црквата молчи за да не се скара со државата, ако молчат митрополитите, ако молчат монасите, па кој ќе зборува?
Благодарете Му на Бога за сè. Потрудете се да бидете храбри. Подигнете се малку. Знаете ли што поднесуваат христијаните во другите земји?... А кај нас многумина се толку рамнодушни... недостасува добро расположение, подвигот.
Но, ако не почнеме ние да војуваме против злото, ако не почнеме да ги разобличуваме оние што ги соблазнуваат верните, злото ќе стане уште поголемо. Ако не се исплашиме, малку ќе ги ободриме верните. И на оние што војуваат против Црквата ќе им биде многу потешко. Во минатото нашиот народ живееше духовно, затоа Бог го благословуваше, и светиите на чудесен начин ни помагаа. И ние ги победувавме непријателите, кои секогаш нè надминуваат според бројноста. Ние сега велиме дека сме православни, иако, за жал, често само го носиме името православни, но не живееме православен живот.
Мрзливото свештенство го заспива народот, го остава да биде таков каков што е, за да не се вознемирува. „Гледај, велат тие, во никој случај не им зборувај дека ќе има војна или за Второто Христово Доаѓање, и дека поради тоа треба да се подготват за смртта. За во никој случај да не се вознемират луѓето!“ А други, од лажно сфатената добрина, велат: „Не ги разобличувајте еретиците дека се во прелест, за да им ја покажеме нашата љубов кон нив“.
Денес нашиот народ е замесен „на вода“. Квасецот не е ист. Ако јас го избегнувам вознемирувањето, за да не го нарушам своето телесно спокојство, тогаш јас сум рамнодушен кон светињата! Духовната кротост е едно, а мекоста поради рамнодушност – сосема друго. Некои велат: „Јас сум христијанин и поради тоа треба да бидам радосен и спокоен“. Но, тоа не се христијани. Тоа е рамнодушност, тоа е световна радост. Оној, во кого постојат овие световни начела – не е духовен човек.
Духовниот човек целиот е – болка, т.е. него го боли она што се случува, го боли поради луѓето. И поради тие болки, му се дава духовна утеха.


(Од Троичник бр. 42)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6391
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5590
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная