TViTer711

РЕЛИГИОЗНО ПИСМЕНИ А ЈА ГУБИМЕ ДОБРИНАТА

            Многу работи радикално се променија во нашиот однос кон христијанските вредности и, воопшто, кон христијанскиот поглед на светот и начинот на постоење. Меѓутоа, она што се забележува е дека сето тоа се одвива на површината на умот, но не и во длабочините на срцето. Затоа, неспоредливо повеќе знаеме, но неспоредливо помалку делуваме.

           Кога ќе погледнете околу себе, ќе забележите со болка во срцето: луѓето стануваат сè понетолерантни, бесчувствителни. Причините кои доведоа до оваа појава се различни: економски тешкотии, луксуз на малубројните и сиромаштијата на мнозинството, ниско ниво на култура и морал, конфликти на меѓуетничка основа, неизвесност за утрешниот ден. Кавгите настануваат поради ситници,а навредите и раздразнетоста се упатуваат на “ прва топка “.
Пастирското искуство покажува: човек кој, не покажувајќи се во своите душевни особини, почнал да гради здание на духовни доблести, дури и верно следејќи ги советите на светите отци, крева таква карпа на гордост и егоизам, која е исклучително тешко да се урне. Повеќедеценискиот прекин во преемството на православниот живот доведе до феноменот за кој сега треба гласно да се зборува. Бидејќи не станаа љубезни, грижливи, добри, чесни луѓе, многу верници почнаа да размислуваат за себе не само како за црковни, не само православни, туку и во сè, без исклучок - исправни.
           Плодовите на нашето „воздржание“ - тоа се често разрушени семејства, кои биле горе-долу среќни, до „воцрквувањето“ на еден од сопружниците... Плодовите на нашата „побожност“ се нашите ближни, кои, престанувајќи да бидат неутрални во однос на верата, започнуваат да бидат нејзини непријатели.
- Дали за тоа сме виновни ние, а не „тие“?
- Да, но на нас како да се исполнува Писмото...
- И ако погледнеме искрено на работите? Ете, пример ти стана верник, а маж ти пие?
- Му го читам акатистот „Неиспиената чаша“.
- За него или против него? Дали го бакнуваш за време на читањето? На кој конкретен начин се манифестира твојата љубов?
- Како да го бакнам, пијаница? Не сака да оди во црква, не сака да се венча...
          Ете, тоа е дијалогот... Не остварувајќи се во брачниот живот, во татковството, во мајчинството, не научувајќи се да бидеме благодарни деца, отворени, верни, љубовни луѓе, го бараме духовното, но духовното  нè ни се дава.
Со користење на широко употребуваните механизми за постигнување на поставените цели во световниот живот, постигнуваме нешто и во црковниот живот: едно - свештенички чин, друго - работно место во сферите поврзани со Црквата, трето - привилегирана позиција во најтесниот круг на високо почитувани духовници на народот. Но притоа, не го решаваме главното прашање: заради што? Желбата да се „стане нешто“; сфаќањето на црковниот живот како почва за самопотврдување нè ни дозволува да го видиме главното: каде во сето тоа е местото на Христос, подвигот, пожртвуваната љубов кон ближниот за што Тој ни заповедал?
Старецот - отец Алексеј Мечев зборуваше за односите со своите ближни вака: „Бидете топлина и светлина за оние околу вас: обидете се прво да го стоплите семејството, работете напорно на тоа, а потоа тие напори ќе ве привлечат толку многу што веќе ќе ви биде тесен кругот на семејството, а тие зраци со текот на времето ќе ги опфатат сите нови и нови луѓе, и кругот, осветен од вас, сè повеќе ќе се зголемува.
           Би рекле, сè е поставено врз основа на правилни формули: изреки на светите отци, советите и благословите на свештенството. При тоа, гордоста на оние околу нас ќе се следи и открива, но нашата - никогаш. Подвижништвото без љубов е како замокот на снежната кралица - студен, недостапен, но убав однадвор.

TViTer712
         Зад надворешната црковност, зад црковната терминологија: „прости“, „благослови“, „искушение“ итн.; зад црковните проблеми (борба со екуменизмот, масонството, секташтвото), луѓето понекогаш сакаат да се сокријат од движењето во сопствената  длабочина, од средбата со вистинското јас. Немаме никаква корист ако воцрквувајќи се, не блеснеме со љубов. „Никој не би останал незнабожец, ако ние би биле вистински христијанин“ – рекол Јован Златоуст.
Ако еден човек од семејство на неверници поверувал, тој има само еден начин да ги доведе другите во вера: ако не се отуѓи од нив и не го спротивставува “себе чистиот“ на останатите „грешници“. Ако рече: „Нема да дојдам на вашата забава за пиење, прославете ја вашата семејна годишнина без мене, јас постам!“, тој засекогаш ќе остане единствениот верник во семејството.
           Ако тој „проповеда“ во секој погоден и непогоден момент – исто така ќе остане единствениот  верник. Запомнете: насилството за љубов ја убива љубовта. Но, ако забележат дека твојата вера помага да се решат семејните проблеми, ако видат дека се враќаш од храмот посветол отколку кога си отишол таму, ако видат дека твојот свет станал подлабок и побогат од светот на читателите на весници - „голтачи на празнината “ - тогаш во верата постепено ќе пристапат сите ваши ближни.
          Научете ги децата пред се, не како правилно да добијат благослов од свештеник, туку како да пристапат на постар човек, да подадат рака на жена што излегува од автобус и сето тоа да го прават заради Христа. Пред приказната за Небесната Татковина, научете ги децата да ја сакаат својата земја. Религиозното образование започнува не кога мајката ја учи молитвата „Оче наш“, туку кога таткото ќе го научи синот да и се заблагодари на мајка си за испраната кошула и подготвеното јадење.
       Намерно не ги допрев духовните длабочини, кои се манифестираат кај човекот по мера на неговото христијанизирање. Ова беше обид да се поттикне читателот да се снајде во душевното ѕидање на самиот себе. И ако одеднаш ви побараат услуга додека читате, престанете да читате, тоа ќе ве почека. Исполнете ја човечката молба, особено затоа што Самиот Господ Исус Христос побарал помош преку ближниот.



Свештеник Александар Овчаренко
Извор prijateljboziji.com

TViTer720
За Преминпортал Симеон Стефковски

15ти декември 2022 лето Господово