TViTer790
Ако Исус се роди сто пати во Витлеем, а  ниеднаш во тебе, во твоето срце,напразен е твојот живот

Ако Христос не се роди во твоето срце
„ Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни “ ( 2 Кор. 13:5 ).
Оваа ноќ е таинствена. Оваа ноќ е света.
Предвечниот Бог слегува од небесата за да ја исполни големата тајна на Воплотувањето. Не само богоизбраниот народ - древниот Израел, туку и стариот грчко-римски свет со векови го предвестувале доаѓањето на Месијата од Небесата како централен настан во животот на човештвото.
Цицерон (106-43 п.н.е.) се повикувал на древната традиција според која ќе се појави небесен Спасител кој ќе го спаси целиот човечки род.
Во својата песна Хорациј (65-8 п.н.е.) размислувал:
„Кој може да не помири со рајот? Ниту еден смртник, ниту најправедениот. Само Бог може да го изврши ова големо дело. Нека слезе од небесните височини, гледајќи ги нашите несреќи“.
Највпечатливо, сепак, е сведоштвото на Вергилиј (70-10 п.н.е.). Преку Кумејката Сибила - таинствена древна бајачка и гатачка - тој го направил предвидувањето:
„Ќе се роди таинствено Дете, Божествен Син, преку кого ќе се обнови целото создание“. Ќе ја убие змијата, ќе го отстрани гревот и ќе донесе мир во целата земја…“
Античкиот свет бил зафатен од длабока криза. (Меѓутоа, во многу аспекти, тој наликува на духовните потраги и на нашето време - историските паралели ја опишуваат сличноста.) Тоа беше цивилизација која почна да се јаде себеси. Таа го постави материјалното над духовното. Тоа беше свет потресен од слепи страсти - свет на демагогија и измамени толпи, на разврат, на омраза и нечовечност. Меѓутоа, копнежот по вистинскиот Бог бил длабоко вкоренет во него...
           И во оваа безнадежна реалност - низ таа Голема ноќ на Ориентот - доаѓа Божествената Љубов. Доаѓа тивко и незабележливо. Во спокојно величие и торжественост. Ниту со грдата моќ на оружјето, ниту со минливиот сјај на политичката моќ, ниту со продорот на рационалното знаење. Вечниот живот влегува во непостојаноста на нашиот свет. Вишата реалност обновува во потокот на релативно безусловните вредности на човечкиот живот. Фрлен е мост кој го поврзува Бог со човекот, повисокото со пониското.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
                  Како невино Младенче, родено од Дева во пештерата близу Витлеем, Бог доаѓа на земјата, повиен и положен во јасли, за да го исполни она што го претскажале старозаветните пророци.
Бог се појавува во телото како најобичен Син Човечки. А Неговото учење, најпрецизно изразено, е: „Љубете се еден со друг, луѓе! Ова е единствениот пат за вашето спасение!“
Длабоката пресвртница мора да се случи во нас самите - да нè оттргне од стихијата на ѕверските нагони, да не преобрази со силата на љубовта и човечноста, со добрината и душевната хармонија.
Ако Исус се роди сто пати во Витлеем, а  ниеднаш во тебе, во твоето срце,напразен е твојот живот - извикувал поетот – мистик Ангелус Силезиус (1624-1677).
А црковниот отец и мислител свети Ефрем Сирин (IV век) со проникновение на источен мудрец напишал: „Денес е ден на спасението. Тој нè учи на мудрост. Денешната ноќ носи мир и тишина во вселената. Оваа ноќ му припаѓа на Кроткиот. Секој да го надмине својот бес и суровост. Таа [Денешната ноќ] му припаѓа на Смирението. Секој нека си ја надвие гордоста и нека ја смири својата надменост.
Денес е ден на милосрдието. Никој да не прогонува друг како одмазда за навредата што му е направена. Дојде денот на радоста. Никој нека не предизвикува тага и очајание.
Тоа е ден на благоволение. Во него нема место за суровост. Ден е ведар и без облаци. Сите нека го надвијат гневот што ги нарушува мирот и хармонијата. Ова е денот кога Бог слезе меѓу грешниците. Нека се засрами праведникот, кој лицемерно се гордее пред грешникот...

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
             Денес, самото Божество се всели во човечката природа, така што и таа се впери кон се што е свето“.
Христос се роди на земјата. Целиот христијански свет го слави Раѓањето на вечниот Бог, и духовните песни звучат како молитвеното поклонување не кон некоја незнајна Виша сила, но кон  конкретна историска Личност на Исус Христос - извор на титанска духовна енергија во човечките срца веќе два милениума.
Бог - Создателот на вселената - се јави во телото за да нè научи на најпримарниот и најголемиот закон на животот: „ Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. “ (Јован 15:12-13).
Синот Божји, роден пред сите векови, дојде во нашите животи, во нашата историја, како Син Човечки, за да нè извести за Неговото спасоносно учење - учење за љубов кон човекот за утврдување на неговата слобода и право на достоинствен живот во вистината, добрината и убавината.

 


Проф. д-р Антониј Кубанчев / Од книгата „Јас Сум Патот и Вистината и Животот“, изд. „Нов човек“, Софија, 1997
Извор: pravoslavieto.com / webstage.bg
Превод – Симеон Стефковски