TVIT41

 

Денес ( не ) е тешко да се биде христијанин

За време на секој пост, ние кои се сметаме себеси за христијани мораме повеќе од кога било да излеземе од себе, од нашите животи и проблеми, од нашите демони и искушенија и без оправдување да се посветиме на луѓето околу нас. На исплашените луѓе околу нас им треба утеха. На осамените луѓе им треба друштво, блискост, несебичност. На болните им треба помош. Би било себично да се криеме од она што не опкружува под изговор на постот и, како што би рекол блажениот Серафим Роуз, „да се восхитуваме на нашата духовност во огледалото“.

Кога ќе се сетам на моите први неколку големи пости, за малку ќе почувствувам носталгија, слична на онаа што ја чувствува еден постар човек фатен во виорот на обврските кога се сеќава на безгрижното детство. Тогаш сè, првите неколку пати, беше токму онака како што секој би си го замислил постот. Се чинеше дека молитвата оди сама по себе, целосно предаден на духовната страна, со денови речиси немав контакт со овој свет. Молитва, духовна литература, часови на осаменост и размислување, долги прошетки со слушалки во ушите, бројаница во џебот и часови преслушани предавања. Постојано чувствував благодат и мир, кои очајно ми беа потребни во овој растргнат живот. И тогаш…
Не се сеќавам точно на почетокот, но сега кога поминаа многу години и постови, чувството целосно се смени. Пред секој пост си ветувам дека ќе се исклучам од сè што е можно повеќе, ќе се оддалечам од сите случувања и ќе се обидам да го вратам она чувство што го имав порано. И тогаш започнува постот и почнуваат да се редат искушенијата како на лента. Како кога по добиен црвен картон сите играчи на противничката екипа брзаат во напад, а тимот што останува со играч помалку е во конфузија и едвај ја исфрла топката од својата половина, обидувајќи се да се прегрупира и организира.
              Ми се чини дека не постои животно поле каде тогаш не се појавуваат искушенија и проблеми. Расфрлајќи енергија и време на сето тоа, малку останува за молитва, читање, размислување. По правило, тогаш ме обзема тагата, затоа што - добро - повторно помина речиси половина од постот а јас едвај имав чувство дека постев. И така со години пред секој пост влегувам со намера да живеам како Његош на Ловќен кога ја напиша „Светлината на микрокосмосот“ за време на Велигденските Пости, а на крајот се чувствувам како да сум во „Трејнспотинг“. Живеам во постојана брзање, решавајќи  ги проблемите само со желба да дојде моментот кога ќе се одвојам од светот (начините на таа разделба се секако сосема поинакви од моите замисли).

Со текот на времето, преку својот пример, а подоцна и преку искуствата на другите христијани и светите отци, осознав дека во одредена возраст на духовна зрелост постот престанува да биде постојано пребивање во благодатта и станува - подвиг. За човековата природа е карактеристично да сака сè веднаш, па и ние христијаните сакаме да го имаме чувството на благодат и Божја присутност „на притискање на копче“, штом на календарот е првиот ден од Великиот пост. Но, тоа не функционира така, односно уште сме далеку од тоа. Ако христијанскиот живот е континуиран подвиг, тогаш најлогично е врвот на тој подвиг да биде за време на постот. Целта на постот не е сам по себе, односно одвојување од страстите, туку соединување со Христа. Постот и се што го сочинува (молитва, подвиг, изолираност...) се само начин, а целта е Причеста, како врв на нашата борба. Пред да се прими Христос во себе, треба да се погледне во (духовното) огледало и да се преиспитаме дали сме дале се од себе за да бидеме подготвени за соединување со Христа сега.

TVIT41


Овој божиќен пост беше специфичен поради условите во кои живее секој од нас, а кои ни ги диктираше „надворешниот свет“. Пропагандата успешно ги оддалечи луѓето едни од други. Каде е тогаш позицијата на христијаните?
Оние кои исповедаат вера во Христа не смеат да бидат управувани од страв. Исто така, Црквата е заедница во која мојот ближен е предмет на мојата љубов и жртва. Човекот не е бројка, туку Личност која во себе го носи образот Божји! Затоа за време на постот, ние кои се сметаме себеси за христијани повеќе од кога било мораме да излеземе од себе, од нашите животи и проблеми, од нашите демони и искушенија и без оправдување да се посветиме на луѓето околу нас. Би било себично да се засолниме од ситуацијата околу нас под изговор на пост, и, како што би рекол блажениот Серафим Роуз, „да се восхитуваме на нашата духовност во огледалото“.
Христијаните денес сакаат да претставуваат како живееме во последните времиња, како никогаш не било потешко да се биде христијанин... Мислам токму спротивното - никогаш не било полесно да се биде христијанин! И сега, во оваа година, повеќе од кога било! Насекаде околу нас има можност за жртва и подвиг. На исплашените луѓе околу нас им треба утеха. На осамените луѓе им треба друштво, блискост, несебичност. На отфрлените им треба чувство на заедница. На болните им треба помош. На изгубените им треба патоказ. Сега не е време да се дистанцирате, туку да им се предадете на ближните.
И тогаш, кога ќе застанеме да се молиме, тогаш треба сите нивни страдања и слабости што ги почувствувавме и за кои немаме решение, да ги препуштиме Господ, молејќи се за нив. Тогаш ја доверуваме на Господа грижата за преплашената баба, и револтираната, безнадежна пријателка, и заразениот познаник во изолација, и сите оние безнадежни и преплашени луѓе кои се скршени од болест, оние на работ на смртта..,А  благодатта, после сево ова ќе ја примиме онаму каде што Христос ја „дели“ директно – на светата Литургија.



Извор: manastirklisina.com / prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

12 01 2023