TVIT125.Tri.Erarsi1

ТРОЈЦА СВЕТИИ - ЕДНА ЉУБОВ

Историјата на Црквата познава многу светии. Некои од нив се почитувани во Грција, други во Грузија, трети во Украина или Русија. Има толку многу светии што нивниот точен број, според некои, го знае само Бог. Меѓутоа, меѓу целата оваа плејада богоугодници има имиња кои се познати на апсолутно секој православен верник. И тука не зборуваме само за свети Николај Чудотворец или за некои други светители познати на целиот православен свет. Денес, на пример, Црквата го почитува споменот на тројца епископи за кои секој христијанин слушнал. Тоа се Свети Василиј Велики, Свети Григориј Богослов и Свети Јован Златоуст.
         По своите дарови, призив и темпераменти тие биле премногу различни, премногу неслични еден со друг. Василиј бил извонреден канонист и познавач на Светото писмо; Григориј бил богослов, поет и, како што самиот се нарекувал, филолог; а Јован бил жесток проповедник, егзегет и свештеник. Првиот бил администратор и претстојател; вториот - пустиник и човек на молитва; третиот, пророк и пастир. Би било тешко да се најдат по различни луѓе од нив. Меѓутоа, Црквата го почитува нивниот спомен истиот ден. Затоа, природно се поставува прашањето: зошто?
Постои предание дека еден религиозен човек еднаш се запрашал кој од тројцата е повелик. И ангел Божји во видение му одговори дека славата на светиите е еднаква и Црквата мора во еден ден да го обедини споменот за нив за да го потврди тоа.

TVIT125.Tri.Erarsi


          Во наше време не се занимаваме кој од тројцата светители заслужува поголема чест, бидејќи одговорот на тоа прашање е добро познат. Сакаме да разбереме уште нешто: што е тоа што ги обединило и што станало клуч не само за нивното вечно единство, туку и за нивното вечно блаженство? Има само еден одговор - љубовта кон Бога.
         Всушност, ако внимателно ги погледнеме животите на овие  богоизбрани мажи, со голо око ќе видиме дека тој бил исполнет со неволји и искушенија. Прогонствата од еретиците, навреди од владетелите, грижата за паството и мисионерската дејност непроменливо го придружувале животот на секој од тројцата светители. Меѓутоа, никој од нив не роптал против Бог и не очајувал. Сите неволји ги надминувале преку нивната желба да бидат со Бога, да одат пред Неговото лице и да општат со Него. Тие не барале виновници, не се обидувале да им се одмаздат на оние што ги навредиле, туку сакале само едно - да не го изгубат чувството за љубов кон Бога. Еден од овие светители - Свети Јован Златоуст - ни остави прекрасни зборови кои и денес ни помагаат да ги надминеме сите животни искушенија: „Фала му на Бога за сè!“.

TVIT125.Tri.Erarsi2

Љубовта кон Бога, саможртвата заради ближниот и посветеното служење на Црквата се карактеристични црти на секој приемник на светите апостоли- на секој епископ. Меѓутоа, таквите особини треба да бидат вродени и кај секој христијанин. Затоа денот на Тројцата ерарси е празник за целата Црква и за секој од нас поединечно. Нивниот пример јасно покажува дека Евангелието не е апстрактна теорија, туку вистински прирачник за животот. А љубовта кон Бога е единствениот принцип кој ни помага да ги надминеме проблемите на земното постоење и да постигнеме совршенство.


Автор: Архиепископ Баришевски Виктор (Коцаба)  / Извор: blogs.korrespondent.net
За Преминпортал Симеон Стефковски

12.02.2023 лето Господово