TVIT394

Кога ќе го допреме дното...

Вистинскиот однос со самите себе започнува кога ќе го допреме дното. Кога на човекот му се одземена лажната семоќ. Кога суперегото започнува да се раствора и распаѓа. Кога човекот почнува да чувствува дека неговите избори се деструктивни. Тогаш започнува вистинскиот однос со нас самите. Во Евангелието, Христос вели - за да ја пронајдеш својата душа, мора да ја изгубиш. За каква загуба зборува Христос?

 

Реалноста на мојот живот е дека ќе паѓам, ќе грешам, ќе тагувам, ќе бидам повреден, пак ќе станам, пак ќе паднам и сето тоа се вика живот. Бидејќи да се биде во светот е многу тешка авантура која често е многу болна. Реалноста е навистина толку маргинална ако го нема Христос во неа. Животот без Христос и без можност да се надеваме на Христовото воскресение е живот полн со болка, тешкотии, искушенија и неуспеси.

Човекот го чувствува овој недостаток. Човекот кој е свесен, разбира дека е радикално, структурно дефицитарен во себе, дека нешто му недостасува, се труди да ја пополни оваа празнина од своето постоење, овој дел што недостасува да биде целосен. Убавината на постоењето на животот е во тоа што, иако сите ја делиме човечката природа, ние сме и апсолутно единствени.

Вистинскиот однос со самите себе започнува кога ќе го допреме дното. Кога на човекот му се одземена лажната семоќ. Кога суперегото започнува да се раствора и распаѓа. Кога човекот почнува да чувствува дека неговите избори се деструктивни. Тогаш започнува вистинскиот однос со нас самите.

Во Евангелието, Христос вели - за да ја пронајдеш својата душа, мора да ја изгубиш. За каква загуба зборува Христос? Тоа само значи дека треба да излезете од сите илузии што сте ги создале околу себе.

Значи, во еден пад, во едно големо искушение, оттука започнува вистинскиот однос со нас самите. Во ова откривање, се чувствува студенило на егзистенцијална осаменост која не е апсолутна.

Во вистинската средба со вистинскиот Бог, ние дури ги немаме ни своите добродетели со нас, ние сме целосно голи. Создавањето на новото јас во Христа има своја цена - крстот. Проблемите во нашата христијанска борба не исчезнуваат, туку се преобразуваат. Многу е важно да го разбереме ова, бидејќи ќе го избегнеме очајот додека чекаме сè да биде добро во нашиот живот.

Реалноста на мојот живот е дека ќе паднам, ќе грешам, ќе тагувам, ќе бидам повреден, ќе станам, пак ќе паднам и сето тоа се вика живот. Но, јас ја имам способноста во Христа да им дадам поинакви значења на овие работи, да им дадам друга димензија.

Јасно е дека ни треба пракса и сопствено учество во борбата против страстите и нашето деструктивно и нарцисоидно јас.

Вежбањето е клучниот столб за создавање услови Божјата милост да влезе во нас и да го затече нашето битие подготвено со него да управува Духот Божји, но таа вежба да биде плод, резултат на љубовта кон Бога. Без милоста Божја не можат да се случат суштински, егзистенцијални промени.

Односот со другиот има терапевтски димензии. Во однос со другиот ќе се видам себеси, своите граници, својата издржливост. Ќе ги видам можностите на моето постоење да сакам, да се жртвувам, да бидам понизен, да бидам поддржан.

Ако ги признаам моите слабости и неуспеси, тоа не значи дека се откажувам од себеси. Не се плашам од своите маани, не се плашам да не бидам совршен. Се борам полека. Ги прифаќам темните точки на мојата реалност и се обидувам да ги помирам и да ги осветлам со Благодатта Христова.

Ако си признаам себеси дека сум слаб, може ли да очекувам дека другата личност ќе биде совршена?

Го стигматизирам злото, без да ја поништам и без да ја жигосам другата личност. Мојата цел не е да ја повредам личноста на друга индивидуа,но да разберам и да ја жигосам грешката, гревот. Црковните отци прават јасна разлика помеѓу личноста и гревот. Тие беа многу дискретни кога правеа корективни интервенции во животот на другите, со многу почит, со многу достоинство. Промените во духовниот живот и во менталниот простор се прават многу бавно и невидливо.

 

о. Ливиос – Хараламбос Пападопулос

zivereci.com, diakonima.gr / prijateljboziji.com

За Преминпортал С.Стефковски