vozdvizenie.jpg

СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Светата Причест е од голема корист за човекот ако вистински се причестува со вера, со подготовка и со разрешение од духовникот. Зашто кој пристапи недостојно, осуда зема за себе, затоа што е оган кој ги гори недостојните - си видел што се вели во молитвите пред Причест.
- Кој може да се причести?
- Оној што има чист живот, неизвалкан, што има чисто знаење на својот ум, што нема канонски пречки и е разрешен од духовникот - може да се причести, а кој не е исповедан и не е разрешен од духовникот и не ја извршил одредената епитимија не може ни да пристапи кон причеста. Зашто ако се причести и еднаш годишно, како Јуда е, кој еднаш се причести и тогаш влезе сатаната во него и го продаде Господа.
Ако некој не е достоен, нека не се причестува ниту еднаш годишно. Виде што вели свети Јован Златоуст во Слово 53: "И вие свештениците кои ги давате Пречистите Тајни, не мала казна почива над вас, ако некој го знаете за недостоен, а го причестувате со овие страшни и Пресвети Божествени Тајни.
Ако ли се плашиш ти, о свештенику, што кај тебе дошол сакелариј, или генерал, или ипат т.е. префект, или војвода или оној што е со круна на главата, т.е. царот и, се плашиш дека ќе се налути што не му даваш Причест, ако ти се плашиш, доведи го кај мене! Ќе го дадам целото свое тело да го изгори пред да го дадам Пресветото и Пречисто Тело на недостојниот. Целата своја крв ќе ја пролеам, пред да ја дадам Крвта, така страшна и Пресвета, на оној кој не е достоен."
А ако се исчистил и ако се подготвил според канонскиот поредок на Христовата Црква со исповедување, и ја извршил одредената епитимија, нека пристапи со страв и трепет.
- Што можете да ни кажете за причестувањето на децата на возраст до седум години? Дали е потребна исповед?
- Невините деца до петгодишна возраст, добро е да се причестуваат, ако се може и секоја недела. А децата на шест-седумгодишна возраст, особено сега, е добро да бидат исповедани и потоа причестени, зашто децата денес гледаат и слушаат многу соблазни во домот, на телевизија и секаде, ако не се под надзор на родителот.
Истото го вели свети Симеон Солунски и за старите и болните: "Старите и болните кои немаат канонски пречки, добро е да се причестуваат почесто иза поголемите празници"
Секогаш пред да се причестиш, откако ќе ги извршиш своите метании, откако ќе го напуштиш гревот и ја извршиш својата епитимија што ти ја наложил свештеникот, пред да се причестиш најмалку три дена не смееш да пиеш вино, ниту да јадеш мрсно или со зејтин. А надвор од постот, без исповед, без правила и без една седмица или барем три дена постење, не можеш да се причестиш. Најмалку три дена пред да се причестиш да не јадеш со зејтин и да не пиеш вино; само сува храна. Таква е, браќа, одредбата за Света Причест.
- Кажете ни нешто за причестувањето на монаси, за честото причестување.
- Монасите од манастирите, ако имаат добар духовник, нека се исповедаат почесто. Кај нас исповед, како што гледате, е еднаш неделно, во петок. Да, имам и многу трезвени монаси кои доаѓаат и по два-три пати неделно на исповед: "Оче, не бев на утрена; оче, заостанав со правилото; оче, јадев пред седнување на масата" или кој знае што уште не. Ако го гризе совеста, тој доаѓа, му ја полагаш раката на главата, го разрешуваш и тој се ослободува.
Така и старите и болни монаси можат да се причестуваат еднаш неделно; другите, ако им дозволи духовникот, може да се причестуваат - најретко на четириесет дена, најдобро А еднаш месечно.
- Но имаме ли некаква основа кај Светите отци за причестување на четириесет дена?
- Да, имаме кај свети Симеон Солунски. Тој вели дека еднаш на четириесет дена секој треба да се подготви и да се причести ако нема никаква канонска забрана. Постои грев кој одлачува од причест дури и до дваесет години.
Во случај на смрт, ако видиш дека човекот е пред умирање, му даваш причест. Не можеш повеќе да му браниш во случај на смрт. А ако не умре, и уште живее, ја извршува во продолжение дадената епитимија. Така да знаете.
- Може ли некој да се причести а да не се исповеда?
- Не! Никогаш! И во случај на смрт или нешто друго -не! Најпрвин исповед, и потоа да се причести.
- А колку видови на Света Причест има? На колку начини можеме да се причестиме?
- Причестувањето со Пречистите Тајни е најстрашно, најдобро и најсвето. За значењето на причестувањето, со Телото и Крвта Господови, Спасителот вели: "Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него" (Јован 6,56).

 (Продолжува)

 Прот. Владимир Амфитеатров- КУСИ ПОУКИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ

Извор: Ѓаконија, Скопје 2002

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 vozdvizenie.jpg

 Архимандрит Кипријан (Керн)- Причестување на свештенослужителите (1)