На еден монах којшто сакал да се повлече во осама за цел живот, авва Макариј му рекол: „Немој да го градиш ѕидот се додека точно не утврдиш што ќе ставиш внатре, а што ќе оставиш надвор."

Отците во пустината се многу трудољубови. Но секогаш се наоѓа по некој мрзелив брат. Еден ден прочуениот отец Даниил му рече на еден млад монах којшто се досадуваше: „Брате, ако видиш некој да се одмара, помогни му!"

Некој од пустиножителите го поправал покривот на својата келија, а еден искушеник љубопитно го набљудувал. „Сакаш да научиш како се коваат шајки „Не, сакам да видам што вели пустиножителот кога со чекан си го удира прстот!"

Му рече еден монах на авва Сисој ивеецот: Кажи ми некоја поука."
А овој рече: „Што да ти кажам? Дека го читам Новиот Завет, а му се враќам на Стариот."

Рече авва Илија: „Умот на човекот е или со неговите гревови или со Исус или со други луѓе."

Го прашале авва Макариј зошто толку време поминува во молчење. Тој одговорил: „Во затворена уста не влегуваат муви." Бидејќи младиот искушеник не сфатил за што се работи, добил и појаснување: „Ако не зборуваш ништо, не те молат да им повториш."

Еден млад монах побара одговор од авва Мојсеј: ,Отец, разбирам како може да се греши со раце, со очи, со уста, со уши, но како може да се греши со носот?" „Така што се става во туѓи работи!"

Некој брат којшто бил многу заборавен, неговиот духовен отец го пратил во Александрија: „Оди кај лекарот Ерист и кажи му да ти даде еден килограм сеќавање." По неколку дена се вратил братот со празни раце и му рекол: „Отец, лекарот немаше од сеќавањето, но ми рече дека за тебе во магацинот чува десет килограми трпение "

Кога некој искушеник му се пожалил на својот старешина дека не му е секогаш лесно да открие што е неговата должност, Старецот му рекол: „Должност ти е она што најмалку сакаш да го правиш..."

Авва Сисој, кога ги слушиал александриските теолози како мудруваат, рекол: „Ако Бог гизадолжеше теолозите да напишат десет заповеди, ќе напишеа илјада!"

Обидувајќи се да ја долови душата на безбожникот, некој пустиножител рекол: „Најтежок момент за безбожникот е кога ќе почувствува благодарност, а не знае на кого да му заблагодари."

Некои од отците премногу се грижат за своето здравје. Еден од нив е авва Диоскур. Тој секоја недела го посетувал авва Илија којшто трпеливо го слушал. Еднаш го болел стомакот, како да голтнал рој мравки, другпат го болела главата како сите облаци да му го притискаат мозокот, третпат коските му се ронеле како песок и се така. Авва Илија го тешел и го охрабрувал да се надева на Бога. Едно време Диоскур не се појавил цели месец дена. Авва Илија се загрижил. Кога конечно се сретнале, го прашал: „Што е со тебе, авво? Се загрижив." „Ништо, бев малку болен..."

 Извор: Премин