логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

   Јулија Вознесенска, православна руска писателка, говори за Геополитика
 
 
 
Разговорот го водеше: Катарина Бунтић-Марковић
 
Јулија Николајевна Вознесенска е родена во 1940 гoдина во Ленинград; 1976 е осудена на четири години прогонство заради „клеветење на советското уредување“, а 1980 е протерана во емиграција во Германија. Три години (1996‒1999.) живела во Леснинскиот женски манастир Пресвета Богородица РПЦЗ во Провемона (Нормандија, Франција). Во тоа време, по благослов на сега покојната игуманија Атанасија, ја напишала приказната „Моите посмртни авантури“. Од 2002. година живее во Берлин.
 
Одбила адвокат, а во последната изјава на суд рекла: „/…/одговарам за тоа дека секој збор излезе од моето перо – вистина, вистина и само вистина. Мојот главен сведок е Бог. Тој е мојот главен бранител. И својата судбина не ја предавам во рацете на судот, туку во Неговите раце“.
И покрај драматичниот животен пат, Јулија Вознесенска искусила многу чуда – сведоштва на Божјата заштита ‒ а се што напишала е чиста вистина, како по однос на духот, тако и по конкретните факти. Иако приповеста за Касандра има обележје на романот како епска фантастика, утопија, всушност во неа нема ништо измислено, исфантазирано.
За својата книга 2003 година добила звање „Најдобар писател на годината“ на конкурсот „Православна книга на Русија“ и станала лауреат на Првиот годишен конкурс на најдобри изданија за деца и младина „Пурпурни јадра“ (2003) Министерство за весници, телевизиска и радио-дифузија и средства за  масовна комуникација на Руската Федерација во номинација „Проза“.
 
Почитувана госпоѓо Јулија, Вашата книга „Моите посмртни авантури“ е дел од една ретка православна уметничка литература. Овој жанр поставува тешка за дача затоа што не е воопшто лесно да се комбинира современиот свет, современиот јазик и стварните вредности на православието, а сепак да биде пивок изворот за современиот свет. Како Ви појде од рака да ја направите таа синтеза?
-Работата е во тоа што не е проста православна убава книжевност. Тоа не е самоизразување, тоа не е работа за Црквата, тоа дури и не е ни нешто поради кое ќе се направи, заслужи, ке се покае или направи нешто поради Бога. Тоа е нешто уште поважно: пробај разговор со оние кои не веруваат или не го бараат Бога – во книжевноста, на нивниот јазик.


Па тоа ја прави мисионерска работа! „Моите посмртни авантури“ како и „Патот на Касандра“ и „Аџилакот на Ланселот“ на необичен начин ги приближаваат христијанските вредности и животот, ја откриваат убавината на православието на современ јазик. Како дојдовте на идеја за мисионерството?
- Тоа е долга приказна. Престанав да пишувам кога се населив во Леснинскиот манастир во Нормандија – тоа е руски манастир, првобитно основан во населбата Лесна во Холмшчини (историска област на левиот брег на Западен Буг, сега во Полска – прим. прев.), каде што била покажана Леснинската чудотворна икона на Богородица. Иконата и ден денеска се чува во манастирот. Тоа е скоро единствено што монахињите со своето талкање успеале да го зачуваат. Кога почнала Првата светска војна, почнале да талкаат првично низ Русија – манастирот се наоѓал скоро близу до австриската граница. Потоа се случила револуцијата, и сестрите преку Крим отишле во Србија, се сместиле на Фрушка гора се до Втората светска војна, а потоа во близина на Париз. И од секаде ги истерувале, и истерувале. И еве, најпосле, 40-50 години спокојно живеат во Нормандија, на грофовско земјиште, околу таа Леснинска икона на Богородице. После неколку години живот во принудна емиграција, дојдов до заклучок дека сето мое пишување е – најголемата од сите суети; а треба да се спасува душата. Тогаш ми доаѓаа помисли на манастирот, и во една прилика влегов во Леснинската фамилија – и тоа беше тоа. Со сето срце ја засакав. Игуманијата ми дозволи да земам разрушена куќичка, да ја средам за себе и да живеам колку и да сакам во склоп на манастирот – а јас просто фантазирав да имам сопствена куќичка во склоп на манастирот! Како писателот Сергеј Нилус покрај пустината Оптине. И во Лесна се случи чудо со мене: стекнав духовна мајка, сега покојна, мајка Атанасија. Толку убава – прав сјај на духовната убавина! И со неа некако духовно се образував. До тогаш бев премногу тивка, престанав и да пишувам – и публицистика, и уметничка проза. Но, мајка Анастасија секогаш ми говореше како е погрешно талентите да се закопуваат во земја. И пред тоа не му бев служела на Бога! Служев на политиката, на сопственото самоизразување, а не на Бога. Иако имам добри христијански мисли, тоа не е онолку много колку би требало да направам.
Ми говореше како сум должна со својот дар да го послужам Бог. А јас возвратив: „ Ах, каде да одам јас? Еве, имам цвеќе“. Таму бев градинарка. Но, еден убав ден Мајка ми раскажа приказна – а беше извонреден наратор – за своето искуство на клиничка смрт и за непосредната средба со ѓаволот. Кога ја гледал со очите полни со љубов и и говорел: „Ти си моја“. А таа викала: „Не, не!“ И само затоа сакала да живее, го грдела, го попљукувала. Јас и велам: „Мајка, па тоа треба да се напише!“ А таа одговара: „И го напишав. Еве ја книгата “. Откако ја прочитав, следниот ден дојдов и и велам: „Мајка, Вие сте секако човек, старица која живее свет живот, интересно зборувате, ама воопшто не знаете да пишувате“. „Па тогаш ти напиши“, ми вели таа. Ми даде благослов. И јас – што ќе правам – седнав и го напишав првото поглавје,каде што се појавува сатаната. И го однесов. Мајка го прочита и ми рече да пишувам понатаму: „Кај тебе не испадна како кај мене, ама тоа едно па исто е“. Но, набрзо мајка Атанасија умре, и после нејзината смрт го оставив пишувањето. Кога, во 2000-та година одненадеж ми поставија дијагноза – рак. А истовремено на мојата мајка и се случува мозочен удар. Мене ме упатија на операција, а брат ми ме побара на телефон – ми вели дека мајка ми ослепела, лежи во клиника. Нормално, ја откажувам операцијата и излетав кај мајка ми – со мисла како сега заедно со мајка ми ќе умрам.

И тука почнува период на сосема неверојатни православни чуда! Десетина луѓе, кои воопшто не ги познавав, ми велат: „Ќе се молиме за Вас“. Стојам во книжарата. Одненадеж – млад господин со сосема ангелски изглед го гледа двотомникот на Златоуст и вели: „А колку чини Златоуст?“ Продавачката наведува одреден износ. А тој прашува: „дали е тоа за двата тома или за еден? А всушност, што воопшто прашувам? И онака не можам да купам ни два, ни еден. Но, смеам ли да погледнам?“ Таа му дозволи да погледне – се гледа дека му треба. Јас прашувам: „Млад господине, зошто Вам Ви треба Златоуст?“ Ми одговара дека е ученик по богословија, а таму сите примероци се секогаш земени за читање, така што не може како што треба да учи. Го прашав како се вика. „Вања.“ „Значи, ќе бидете отец Јован?“ „Да. Ако даде Бог“. Ја отварам книгата и пишувам: „На идниот отец Јован, со молба да се моли за тешко болните Олга и Јулија“, му ја подавам и му велам: „Ова е подарок“. Тој прочита, па онака радосен, запрепастен – веднаш праша: „А кои се тие болни Олга и Јулија?“ „Олга“, велам, „тоа е мојата мајка. Таа сега лежи слепа во болница по доживеан мозочен удар. А Јулија – тоа сум јас. Имам рак“. Тој ми вели: „Јас ќе се молам за Вас!“ Го зеде Златоуст и брзо отиде.

Продавачката ги брише солзите и прашува: „А да ли се молите на Сецарици? Иконата ’Сецарица’?“. Не ни знаев за таа икона. Таа ми вели: „Јас сега ја немам, но имам акатист, само тоа не е текст, туку снимка на касети. Отидете во Казанската соборна црква кај продавачката Љуба, па во мое име замолете ја“. А касетата ми ја поклони и ми рече дека и таа ќе се моли за мене. Отидов во Казанската црква, ја пронајдов Љуба, и таа ми ја поклони таа икона. Во продавницата имаше и некоја страшна тетка – која исто рече дека ќе се моли и ме посоветува да најдам масло од „Сецарице“. По враќањето јас легнав на операција: целата намачкана со масло од глава до пети, кое го најдов уште во Минхен, над мојата глава ми виси иконата Сецарице, во рацете го држам акатистот, во ушите – касета со акатистот кој го изведуваат хор од монахињи, а покрај мене стои свештеник, отец Николај Артјомов, мојот духовник. После операцијата оздравев. И лекарот, и моите пријатели медицинари – сите беа уверени дека имав рак, а јас и самата се чуствував дека во одреден момент се се промени комплетно.

Кога сето тоа се одигра, јас – изгледа после сета таа напнатост, по враќањето во манастирот, кога се беше навидум радосно, извонредно – паднав во исклучително тешка депресија. Отпатував за Париз да се разонодам, да ја променам околината – но ништо не беше она правото. Отпатував кај децата. Исто се чуствував. Никако не можев да сфатам во што е проблемот. Се помолев и изненадно сфатив – треба книга да пишувам! А во Минхен живее мојата осамена другарка, писателката Ирина Стекол. И таа исто има депресија. Јас почнав да ја лечам нејзината депресија, и таа ме замоли некое време да живеам кај неа. И кога гледам – кај неа стои компјутер. Пред тоа цел живот избегнував компјутер, но тука ја замолев Ирина да ми покаже како работи таа направа. Обуката траеше точно 15 минути. Седнав, и за месец-два книгата беше готова. А понатаму следува – што ќе правам со книгата? Сите мои претходни издавачи беа изразито свети. Одеднаш Ирина ми кажа како пријатели на нејзиниот син, Алексеј Головин и Олга Голосова, наумиле да направат православна издавачка куќа... Со телефонски повик во Москва – веднаш дојдовме до Олга – и судбината на книгата беше решена! Се пронајдовме еден со друг – издавачката куќа „Убава книга“ и јас. Веќе утредента најдовме со кого да го средиме ракописот!
 

„Патот на Касандра“ е преубава книга која како родител прво би ја препорачала на своите деца. Во неа на премногу суптилен начин се опишува патот кон Бога на главната хероина. Доста е интересно што книгата започнува помалку збунувачки – престојот на хероината во виртуелната реалност. Дали е овој свет без Бога, кон кој тоне современата цивилизација, виртуелен и бесмислен?
- Уверена сум дека ниеден човек не може да биде среќен ниту да го живее  животот со висока вредност без Бог, и сите луѓе треба заедно да го сакаат Господа и да се сакаат едни со други. Не целото човештво сите заедно и во иднината, туку баш едни со други, сега и овде. Баш така како едноставна мисла.


До „Моите посмртни авантури“ бевте дисидентен писател. Какво беше тоа во советска Русија?
-Да, бев дисдентен, самоиздавачки писател, малку од трудот беше објавен во советските весници. Јас сум поранешен политички затвореник. Одлежав заради самоиздаваштвото, заради дисидентските работи – од 1976. до 1979. године. За советската Русија прилично много напишав во книгата за Русинките „Женски декамерон“, кога ме исфрлија на Запад – насилно во емиграција. Во некоја слободна форма покажав, како критичари знаеја да се изразат, „женски Гулаг“, т.е. права вистина за положбата на советските жени. Затоа што Западот имаше сосема налудничави илузии – да, слобода на говорот нема, да, слобода на ова или она нема, ама како само Русинките се слободни! Па затоа напишав книга за тоа каква е всушност положбата на Русинките. Бидејќи, Гулаг не е политичка појава, која и тоа како се шири, тој е во главите.

Кога станавте верник? Кој или што влијаеше на Вас?
- Никој. Можеби некоја улога одиграа некои мои предци – луѓе од светиот живот, затоа што во нашиот род имавме свештеници, мајка Софија, игуманија на манастира во Новгородската губернији која погинала за вера. Имаше уште некои луѓе со одредени духовни заслуги. И ете, мислам дека и тие ме спасуваа, затоа што до верата доаѓав по чудни патишта. На пример, децата во моето одделение – некое време работев како селска учителка – ми говореа: „А денеска е Велики четврток, бабите ќе тргнат во црква со свеќите. Ајде со дување да им ги гасиме свеќите, нели е тоа така смешно!“ Луто експлодирав, почнав да пејам песни, и викнав: „Кој ќе тргне во црква? Да се потсмева со своите баби, нашите руски баби – тој не ми е веќе пријател! Тој веќе не мора ни на часови да доаѓа!“ Потоа му раскажував на мажот – а тој во детството бил крстен, имал чудесна мајка, јак верник, Ана Николајевна Окулова – прв близок верник во мојот живот, нека и е лесна црната земја. Маж ми ми кажува: „Што ти е гајле за тоа?“ Како мислиш што ми е гајле? Почнав во врска со поколенијата... „Не“, вели тој, „твојата реакција не е природна за човек кој не е верник! Мислам ти си веќе верник, само што тоа уште не го сфаќаш“. Потоа свекрвата ми потврди дека чуствувам како верник. И еден убав ден си реков себеси една блесава работа – често зборувам блесави работи, и тоа не само себеси – реков: „Време да оформам свој однос со Христа“. И почнав да се крстам. И токму тука се случи чудо. Немав ни некој кој да ме води, ништо, ни кому да се обратам, кој би можел да ме припреми. Го отворив по случаен избор Евангелието и прочитав: „Отиде во пустината, и постеше четириесет денови, па на крајот огладне“. Значи, ќе постам 40 денови, а најпосле ќе отидам и ќе се крстам. И тоа како сурово постев. И тогаш, некаде пред крајот на мојот пост, размислував како да одам и да се договорам за моето крстење. Дојдов во Николската соборна црква, му пријдов на свештеникот  и му викам: „Сакам да се крстам, само што никако не сум се спремила. Единствено постев 40 денови“. „Како тоа не сте се спремале кога сте постеле 40 дена?“ ме запраша свештеникот. „Кој Ви рекол дека е сега четириесетдневниот пост?“ Одгвоори дека просто го отворив Евангелието и прочитав. „Добро“, вели тој, „се е јасно, утре дојди“. Се покажа дека сум го започнала постот точно на денот на почетокот на Големиот пост и целиот пост строго го одржав! Ми рече дека никаква припрема не ми е потребна, туку утре – тоа беше среда на Цветната недела – да дојдам да се крстам. „А ден покасно – на Велики четврток – ќе се причестам“. Се така и се случи.

Во книгата „Патот на Касандра или Авантурите со макарони“ доста убаво е опишан ликот на бабата, која е пример за православна христијанка; таа ненаметливо и со сопствениот пример и го покажува на девојката правиот пат. Дали сте имале инспирација за овој прекрасен лик? Исто така, преку неа мудро им покажувате на младите кои книги треба да ги читаат. Тука се мисли на „Што е тоа христијански живот и како да се постројам на него?“ Свети Теофан Затворник.

- „Па, бабо – тоа е победоносен говор. За внуците нема потопло место отколку кај бабата, а ни за бабите нема помили лица од добрите внуци. И за тоа треба да се заблагодараиме на Бога.“... „Читајќи го непознатиот Затворник/.../ од таа книга осознав што би сакала бабата да ми каже, дека можела со мене отворено да зборува за Бог, молитва, православје...“
Во мојот живот постари жени, дури и старици, одиграа голема улога. Имав среќа да познавам неколку прекрасни Русинки, меѓу кои беа и селанки, и благороднички, и монахињи, и писателки, и сите нив ги обединуваше верата во Бога, вечна, страсна смисла за шала и некаков посебен дар на љубавта према животот и према луѓето: и од сите помалку – испадна Бабата!


Напишавте трилогија книга за деца, како алтернатива за Хари Потер, за вештиот млад човек кој го внесува светот на окултизмот во светот на децата. Премногу вреден и храбар потег, денеска, кога во свеските медиуми, книгите, филмовите, па дури и меѓу играчките е „нормално“ да се игра со мрачни ликови... Како одлучивте да ја напишете трилогијата  „Јулијана“, што Ве поттикна да го направите тоа?
- Искрено, не се ни сеќавам! Веројатно едноставно сфатив дека сум дорасната за книги за деца. А конкретно идејата да смислам алтернатива за Хари Потер ми ја даде протоѓакон Андреј Курајев. Мојата цел беше да ги заштитам децата од романтичарските  магии, од тие страшни и опасни игри. И уште си помислив: книгата треба да биде така напишана што кај децата чуството на екстрасенсе и врачање предизвикува гласна смеа, ама да имаат и гадливост. Тоа значи, децата, како прво, од врачарските игри бегаат како од оган, а како второ, да им се смејат. И уште повеќе и своите другари да ги спасуваат.


Како е Вашата литература е прифатена во Русија, а како во круговите на  православната црква?
-Толкава среќа не ни очекував! Читатели има многу. Но, најдобро е што рамнодушни луѓе нема. И претходно говорев дека благослов за пиастелството ми го даде мајка Атанасија. А патријарх Кирил – многу одамна, уште додека беше митрополит – ми напиша кратко писмо по повод книгата: дека моите книги фаваат добри резултати, и ме благослови на создавање. Тоа за мене е многу пофално и пријатно, бидејќи патријарх Кирил е човек со огромна култура, и неговиот збор е јако важен. Секако, има луѓе кои моето создавање не го прифаќаат ниту го разбираат. Па тогаш ни јас нив не ги разбирам нит прифаќам! И зошто морам нешто да им говорам, кога тие сосема добро се снаоѓаат без моите книги? Ајде некако тогаш и јас да се снајдам без тие читатели. Затоа имам добар пријател кој работи како психотерапевт во  онколошките болници и конаците, доктор Миша. Тој купува цела вреќа од моите книги, а кога ќе се сретнеме, јас му пишувам нему купишта посвети – за конкретни тешко болни луѓе. И ете, доктор Миша ми зборуваше колку неизлечливо болни и луѓе на смрт дошле до верата и стекнале нов живот во Христа преку мојата книга. Тоа значи, секако, сам Господ ги довел кај Себе преку мојата книга.

Се зборува дека во продолжетокот од „Патот на Касандра“, романот „Аџилакот на Ланселот“ (која во Србија треба да излезе за Саемот на книги), постои и еден Србин. Има ли посебна причина за тоа?
- Да, меѓу јунаците на романот има и еден Србин. И причината не е само во историското пријателство помеѓу Русите и Србите, ниту во онаа омраза на безбожниот свет кој го предизвикуваат Русите и Србите. Историјата на обнова на српското женско монаштво со посредство на монахињите од руските женски Леснински фамилии, кои после револуцијата се населиле во Србија, е и тоа како веродостојна – тоа го дознав од старите руски монахињи ‒ „леснинки“.

октомври 2015 год.

Подготви:  Владимир Костадинов

Извор:

http://www.geopolitika.rs/index.php/sr/duhovni-ivot/755-nema-punovrednog-zivota-izvan-boga



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5761
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6580
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5559
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная