логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Должноста на секој христијанин треба да се состои во правилното разбирање на Христовото спасително дело и, колку што е тоа возможно, во практичната усогласеност со него, за да би успеал да го стекне спасението, што воплотувањето на Божјото Слово ѝ го донесе на човечката природа. Во овие рамки, ќе се осврнеме кон Светите Таинства кои се соборните елементи што го овозможуваат остварувањето на оваа цел.

Возобновувањето на човечката природа преку Христа едноставно не го ослободи човекот само од трулежот и смртта, туку ја надмина состојбата пред падот и го удостои  со обожувањето и „доближувањето“ кон Отецот. Човечката природа, привлечена од Христа, преку благодатта на Светиот Дух стана победник над распаѓањето и смртта и беше воведена во животот на Телото Христово, кое е Црквата. Црквата пак, како Тело Христово, е реално „општество на обожувањето“ кое му се нуди на човекот преку Светите Тајни.

Света Евхаристија

Светите пак, Тајни, се чувствени средства, или канали на божествената благодат. Тоа се случува по Божјата икономија, заради двојната природа на човекот, која го содржи материјалното тело и неговата нематеријална душа. Светите Таинства се носители на благодатта, што потенцијално произлегува од божествената икономија во Христа. Но, за да стане ова поразбирливо и да не се мисли дека станува збор за нешто што дејствува масовно и по принуда, ајде да напомнеме неколку работи во врска со смислата на божествената икономија во Христа.

Господ Христос, преку примањето на нашата природа, ја возобнови и обожи човечката „природа“ а, не „лицата“. Значи, човечката природа во нејзината целост постана причесник на божествената Благодат, така што благодарение на ова општење, човечките „личности“ сега можат, , ако го сакаат тоа и ако живеат живот во Христа, да стигнат до усовршување и обожување. Обожувањето не му се наметнува на човекот, туку се предлага на неговата слобода, којашто Христос не ја укина со Неговото воплотување.

Човекот, создаден слободен, по свој слободен избор се оддалечи од Бога, и повторно, по свој слободен избор и желба се враќа во првобитната состојба на благодатта. Токму овој слободен избор ја содржи предиспозицијата за неговиот влез во животот Христов и за неговото учество во обожувачката благодат на Светиот Дух којашто извира од Светите Тајни на Црквата. Несоздадената и божествена благодат Божја, престојувајќи во човекот, го прави причесник на божествените својства: тој станува „беспочетен“, „бескраен“ и „вечен“ по благодат, според светите Максим Исповедник и Григориј Палама. Секако, основната разлика меѓу човечката и божествената природа останува непроменлива, но учеството по благодат на човечката природа во обожувачката Благодат, го прави човекот Бог – во сѐ „освен во поистоветувањето по суштина“. Токму ова и го вели, помеѓу другото, светиот апостол Јован во неговото Прво послание: ‹‹Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, оти ќе Го видиме  каков што е…›› (3,2).

Светите и Божествени Таинства дејствуваат преку обожувачката благодат и, паралелно, преку целата етика и животот на човекот во Христа. Ако оваа врска биде прекината, тогаш така одделено не користат ниту Таинствата ниту етичкиот живот.

Според светите Отци, најважните Тајни за спасението на човекот се овие две: Крштението и Светата Евхаристија. Големиот светилник на нашата Црква, светиот Григориј Палама во неговата 60та омилија поучува: „Бидејќи од овие две (Тајни) зависи нашето спасение; на нив се темели целата богочовечка икономија“. Слично нѐ поучува и божествениот Златоуст во неговата проповед „за прободеното од страна на војникот ребро на нашиот Господ на Крстот“: „Не случајно протекле изворите (на крв и вода), туку затоа што од нив двата постана Црквата и тоа го знаат верните, кои повторно се родиле од водата на Крштението и се хранат со Крвта и Телото Христови. Оттука започнаа Таинствата“.

Посочувајќи ги овие две основни Свети Тајни, не ги потценуваме и останатите. И во оваа прилика би сакал да напомнам дека лошо е тоа што денес велиме дека има седум Свети Тајни во Црквата. Тоа им било туѓо на светите Отци, коишто за ‹‹Таинство›› го сметале секој облик на свештенодејствие што се вршело од страна на законските служители на Црквата, зашто, нели, секое свештенодејствие се прави за осветување и спасение на верните[1].

Крштение Христово

Првата основна Света Тајна со која човекот се вбројува во Црквата и стекнува лично учество во спасението во Христа, е Крштението. Со Крштението човекот се очистува од гревот и се ослободува од власта на смртта. Обете овие, и смртта и гревот, имаат причинска врска меѓу нив. Смртта дојде во светот преку гревот којшто, според божествениот Павле, токму поради тоа и е наречен „центарот“ на смртта (1Кор. 15, 56).

Ослободување на човекот од смртта не е можно, освен со укинување на причината, значи гревот. И штом човекот е под власта на гревот, тој неминовно подлежи на смртта. Но, преку Крштението човекот се соединува со Христа и со Него се издигнува во животот на новиот век. Светата Тајна Крштение ги симболизира смртта и животот, воскресението. Смртта е умирањето за гревот, а  воскресението е општењето, соединувањето со Божествената оживувачка благодат, која му се дава на човекот преку „печат“ од дарот на Светиот Дух.

Всушност, Крштението го разврзува човекот од наследната смртност, која влезе преку гревот. Светите Отци, нѝ нагласуваат дека преку Крштението се уништи остенот на смртта (Свети Кирил Ерусалимски), и дека тоа е причината за возобновувањето и повторното раѓање (Свети Григориј Ниски), додека светиот Григориј Палама истакнува дека Крштението го воведува човекот во надумното и во чувството на ‹‹новиот›› век и го прави учесник во нераспадливоста и негрешноста. Благодатта на Крштението го очистува и прави блескав образот Божји во човекот и повторно му ја дава способноста и можноста да стане сличен на Бога преку обожувањето по благодат, способност што ја имаше загубено после падот. Силата за враќање на она што е „по образ“ му се дава веднаш штом ќе биде крстен; а, пак силата за „и подобие“ ја прима како семе, коешто треба да никне, преминувајќи во духовна зрелост, не само со енергијата на благодатта, туку и  со соработката на самиот човек, преку животот во Христа. Значи, Крштението е ново раѓање, поважно од телесното раѓање; тоа, според Дионисиј Аеропагит, е „чин на раѓање во Бога“. А, штом „роденото од Дух, дух е“, според зборовите на нашиот Господ (Јн. 3, 6), тогаш и оној кој се крстил станува духовен човек.

Значењето на Светите Тајни на Црквата за духовното восовршување на човекот – (II дел)


[1] Зарем ‹‹ангелската схима›› на монасите не е света Тајна? Само при овој чин на потстрижување на монах може да се разбере длабочината на Тајната на Крштението. При Крштението на новороденчињата не се чувствува  смислата на дарот на ‹‹раѓањето во Бога››, како што го нарекуваат светите Отци на Црквата. Додека, пак, при чинот на потстрижувањето се прави детално исповедание на верниот пред Бога и се нагласуваат последиците од љубовта кон Бога и негирањето на секоја врска и пријателство со непријателот ѓаволот, кои во Крштението се содржат во кратки исповедања. Потоа се опишува во целост Тајната на Покајанието со триумфот на победата на покајникот преку божествената благодат, и верноста на божественото ветување.

Па Малиот и Големиот Водосвет, кои се прават во Црквата, зарем не се и тие „Таинство“? – И различните молитви што ги чита свештеникот во различни случаи зарем не се „Таинство“? Зошто би ги читале ако не се осветувачки во потребите што ни се јавуваат? – Зарем едноставната главопреклона молитва не е „Таинство“? Зошто ги приклонуваме главите, ако не веруваме дека преку молитвата од свештеникот примаме божествена благодат? – Благословот од свештеникот, кога верните ја целиваат неговата рака, не е ли „Таинство“? Или тоа кога се моли „Благословот Господов и милоста Негова да дојдат на вас“? – Поклонението, дури и на светите икони не е ли „Таинство“? – Зошто им се поклонуваме на дрвото и боите? Зарем не за да примиме благодат од насликаниот светител? Кој, навистина, би можел да ги изброи чудата што благодатта на светиите ги направила и ги прави преку нивните свети икони? – Но и светите мошти, без коишто не би можел да се освети ни еден храм, зарем не се „Таинство“? Значи, неопределив е бројот на Светите Тајни во нашата Црква.

Извор. Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5754
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6570
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6355
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5551
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная