1. Нашата несреќа е во тоа што со нашата вера ни се меша кратковидото расудување.
2. Задачата на нашиот живот е да се соединиме со Бога.
3. Добриот човек и самиот е спокоен и на Бога му е пријатен, а на луѓето им е мил.
4. Кој ги мрази другите, тој се измачува и тиранисува себе.
5. Без Христа суетно е сето образование.
6. Љуби без лукавство, љубовта е едноставна.
7. Моли се за луѓето, моли се за нив како за себе.
8. Секој грев е војна против Бога.
9. Животот на срцето е љубовта, а неговата смрт е злобата и непријателството кон братот.
10. Парите ти доаѓаат едноставно и без голем труд, така и ти дели ги парите со другите.
11. Скржавоста е од ѓаволот, а дарежливоста од Бога- Он е Отец на сите дарови.
12. Љубовта тежнее да даде задолоство на љубениот и се прави за него.
13. Се е Божјо, ништо не е наше.
14. Без принуда на самиот себе на добро, нема да се спасиш.
15. Живата е непоколеблива вера може одеднаш да направи големи чуда.
16. Мирот е целовитост и здравје на душата, губењето на мирот е губење на душевното здравје.
17. Нашиот живот е детска игра, но не наивна, туку гревовна.
18. Кој е нестрплив и раздразлив, не се спознал себе и човековата природа и не е достоен да се нарече Христијанин.
19. Секој грев потекнува од самољубието.
20. Моли се со срцето и ќе заспиваш со спокоен, здрав и смирен сон.
21. Не занесувај се со гледањето на човечката убавина, туку гледај ја душата.
22. Неверувањето е исто што и лагата.
23. Срцето е око на човечкото битие; колку е почисто, тоа појасно гледа.
24. Молитвата не заштитува и избавува од гревот.
25. Треба да се молиме огнено, со енергија од срцето.
26. Ако го љубиш својот непријател ќе бидеш премудар.
27. Не заборавај дека зборот е почеток на животот.
28. Љуби го секој човек како себе си, бидејќи тој е „другиот ти“.
29. Во секој поглед е добро да се дава на сиромашните.
30. Срцето е фино, лесно, духовно и небеско по природа – чувај го.
31. Неволјите се голем учител.
32. Овој свет го распна и се до денес го распнува Синот Божји.
33. Нема човек во кој нема макар и најмало добро.
34. Милостината е добро пред се за оној кој ја прави.
35. Треба да се сакаат непријателите пред се затоа што ѓаволот нив ги потикнува да не мразат.
36. Смелоста е голем дар Божји и големо богатство на душата.
37. Каде што нема борба, нема ниту добродетел.
38. Наука над науките е победата на гревот во нас, или на страстите кои делуваат внатре во нас.
39. Нашата несреќа е во тоа што често нашето зло го препишуваме на другите.
40. Едноставноста е човеково најголемо добро и добродетел.
41. Колку пати сум се молел со вера, Бог секогаш ме слушаше и ги исполнуваше моите молитви.
42. Нема ништо поважно на светот отколку спасението на душата.
43. Гревот е силен, но Господ е посилен; гревот е брз да фрли во пропаст, но Господ е побрз да не спаси.
44. Ако не сакаш неволји, не ја прави на другите.
45. Цврсто верувај дека секој збор кажан на молитва ќе ти се исполни.
46. Подобро кажи пет зборови од срце отколку мноштво од јазик.
47. Оној кој е дрзок кон ближниот, дрзок е и кон Бога, а такви се многумина од нас.
48. Љубовта не го трпи самоправдувањето, не се превознесува и не се гордее.
49. Надежта е во молитвата, а молитвата без надеж е гревовна молитва.
50. Телото е недоверлив и минлив пријател.
Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(извадок од книгата „Терапија на душата по Светите Отци)
Друго: