TVIT23

Да не тагуваме, да не осудуваме, да не се обеспокојуваме, длабоко да ги почитуваме сите
╫ Свети Амвросиј ОПТИНСКИ

Мудрите совети на преподобниот Амвросиј Оптински (1812 - 1891), еден од најпрославените духовни учители на Оптинската пустина и прототипот на старецот Зосима од романот на Достоевски „Браќа Карамазови“.


╫ Како да се живееме

Оние кои доаѓале кај старецот Амвросиј често го поставувале општото прашање: „Како да живееме?“ Старецот, најчесто во форма на шега, одговарал: „Да живееме без да тагуваме, никого да не осудуваме, на никого да не досадуваме и кон секого да пројавуваме длабока почит“.

„Да не тагуваме“ значи трпеливо да ги поднесуваме тагите и неуспесите на животот.

„Да не осудуваме“ укажува на распространетиот недостаток на  луѓето да го осудувааат ближниот.

„Да не досадуваме“ - да не причинуваме некому неволја или тага.

  „Да се однесуваме кон сите со длабока почит и да не се гордееме“ - длабокото значење на овие зборови е смирението.

На ова прашање старецот одговорил на малку поинаков начин: „Мораме да живееме без лицемерие и да се однесуваме примерно, тогаш делата на нашиот живот ќе бидат вистинити, во спротивно ќе испадне лошо“.

Или вака: „Да се живее, може и во светот, само не пред очите на сите.“

„На земјата мора да живееме така  - рекол старецот – како кога тркалото се врти - само со една точка ја допира земјата, а со остатокот постојано се стреми нагоре, а ние кога ќе легнеме  на земјата не можеме да станеме. "

На прашањето „Што означува да живееме според своето срце“, старецот одговорил: „Да не се мешаме во туѓи работи и да го гледаме само доброто во другите“.

„Внимавај, Мелитона! - ѝ рече тој на една монахиња, заштитувајќи ја од високоумието, - држи го средниот тон; ако употребиш повисок, нема да ти биде лесно, ако земеш понизок, ќе се лизнеш, а ти Мелитона, држи се за средниот тон. “
sv.Amvrosij
Зошто луѓето грешат?

Старецот вака одговори: „Или затоа што не знаат што треба да прават и што да избегнуваат; или, ако знаат, забораваат; или, ако не заборават, се мрзливи, обесхрабрени. Напротив: бидејќи луѓето се многу мрзливи за делата на побожноста, честопати забораваат на својата главна должност - да му служат на Бога. Од мрзливост и заборав стигнуваат до крајна непромисленост или незнаење. Мрзливоста, заборавот и незнаењето се трите џинови кои го заплеткуваат целиот човечки род во нераскинливи јазли... Затоа и се молиме на небесната кралица: „ Пресвета Владичице наша, Богородице, со своите свети и сесилни молитви разврзи нè , твоите бедни и смирени твои раби, од униние, заборав, неразумност, небрежност...“
За раздразливоста

Никој не треба да ја оправдува својата раздразливост со некоја болест - сето тоа е од гордост. Бидејќи човечкиот гнев не ја извр¬шува Божјата правда.          ( Јаков 1:20 ). За да не се предадеме на раздразливоста и лутината, не треба да избрзуваме.

За трпението и смирението

„Домот на душата е трпението, а храната на душата е смирението. Ако нема храна во домот, човекот излегува надвор.'

Како да препознаеме пророштва кои не се испратени по силата на Божјата благодат?

„Карактеристично својство на демонските предвидувања е тоа што тие се секогаш мрачни, глупави, секогаш предвидуваат само несреќи и секогаш носат само едно нешто - вознемирување на душата. Ако некој од Божјите слуги претскажува под дејство на Светиот Дух, дури и ако понекогаш предупредува на тага, тоа е придружено со мирни, покајнички и скрушени расположенија на душата.



Извор: pravoslavieto.com/ webstage.bg
За Преминпортал: Симеон Стефковски

 12ти јануари 2023 лето Господово