TVIT84  ·
О, ново чудо!
 О, неискажлива благодат!
 Христос се бори, а јас венци примам!
Тој војува против ѓаволот, а јас ја носам победата над ѓаволот!
Тој главата на змијата ја смачкува во водата, а јас како законски страдалник сум крунисан!
Тој се крштева, а јас скверноста ја симнувам од себе!
На Него слегува Светиот Дух, а мене ми се дава простување на гревовите!
 За Него сведочи Отецот дека Му е возљубен Син, а јас станувам син Божји заради Него!
Нему небесата му се отвараат, а јас влегувам во нив!
Му се јавува вишното царство на Оној што се крштева, а јас го наследувам.
Гласот на Отецот беше за Него, а мене ме повикува!
 Тој Му е по волја, а мене ме прегрнува!


~ Св. Јован Златоуст

2023 лето Господово

 

Snežana Cornet - фб