Monah.prolet1.jpg        


   

  sv.Jovan.Kronstatski6a.jpg 

 МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ
ЗА ЕДИНСТВО ВО ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА

Господи, утврди го во верата моето срце и срцата на сите христијани. Со ова верување и со ова животно  настојување достојно вразуми не`. Соедини ги во верата сите христијански заедници, несреќно отпаднати од единството со Светата Православна Соборна Црква, чија глава и Спасител си Ти. Спаси ги од горделивоста и противењата нивните учители и нивните следбеници. Дарувај им со срце да ја сватат вистината и спасителната Твоја Црква и желбите за соединување. Прибери ги во Твојата Црква и болните кои живеат во незнаење, заблуда и желби за поделби. Скрши ја со силата на Твојот Милостив Дух, нивното тврдокорно противење на Твојата вистина,  да не пострадаат како Кореј, Датан, и Авирон, противејќи им се на Мојсеј и Аарон, слугите Твои. Во оваа вера привлечи ги сите јазици кои ги населува земјава, та со едно срце и со една уста, на сите јазици да Те слават Тебе, Единствениот Бог и Добросторител. Во оваа вера соедини не` со духот на благост, понизност, бесстрасност, простодушност, трпеливост, милосрдност, соучество и заедничка радост.
Амин.

 sv.Andrej.Kritski.jpg

MОЛИТВА ЗА ПОКАЈАНИЕ


МОЛИТВА ЗА ПОКАЈАНИЕ

(Од Покајниот канон кон Господа
Исуса Христа и од Великиот канон на
преподобниот Андреј Критски)
1
Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се наближува и ќе се сматиш. Освести се за да те сожали Христос  Бог, Којшто е насекаде и се` исполнува.
О, тешко на мене грешниот! Повеќе од сите други сум за оплакување, нема во мене покајание, но подари ми, Господи, солзи за горко да ги оплакувам своите дела.
Безумен, непокајан човеку, го губиш времето во мрзливост. Помисли на животот, сврти се кон Господа Бога и оплакувај ги горко своите дела.
Кога ќе бидат поставени престолите на страшниот суд, тогаш делата на сите луѓе ќе бидат разобличени. Горко ќе им биде на грешниците, зашто ќе бидат испратени во мака. Кога тоа го знаеш, душо моја, покај се за твоите лоши дела.Праведниците ќе се зарадуваат, а грешниците ќе се расплачат. Тогаш никој не ќе може да ни помогне, нашите дела ќе бидат осудени. Заради тоа пред  крајот покај се од своите лоши дела.
Овде патот е широк и пријатен за сладострастија, но ќе биде горко во последниот ден кога душата ќе се разделува заради царството Божјо.
Зошто го одминуваш бедниот, зошто му ја ускратуваш платата на работникот, зошто не го љубиш својот брат и одиш по блудот и гордоста? Остави ги таквите работи, душо моја, и покај се заради царството  Божјо.
О, безумен човеку, до кога ќе се измачуваш како пчелата и ќе собираш богатство?
Скоро тоа ќе се изгуби како прав и пепел. Барај го повеќе царството Божјо.
Спомни си, човеку, како поради гревовите си заробен од лаги, од клевети, од грабежи, од слабости и од лути ѕверови. Грешна душо моја, тоа ли го посакуваш?
Ми трепери телото, зашто со сите делови сторив грев: преку очите со поглед, преку ушите со слушање, преку јазикот со злоречие и целиот се предадов на геената. Грешна душо моја, тоа ли го посакуваш?
Кој прави такви нешта како мене? Како свињата што лежи во калта, така јас лежам на гревот, но Ти, Господи, избави ме од тие гнасотии и дај ми срце да ги исполнувам Твоите заповеди.
Освести се, непокајан човеку, и побрзај при Бога, спомни си на прегрешенијата, падни пред Создателот, заплачи и офкај, а Тој како милосрден ќе ти даде ум да ја запознаеш неговата воља.
Душо моја, зошто се збогатуваш со гревови? Зошто ја вршиш волјата на ѓаволот? На што се надеваш? Престани со тие работи и сврти се кон Бога со плач и викај: Милосрден Господи, помилуј ме мене грешниот.
Помисли си , душо моја, на горкиот час на смртта и страшниот суд, на Твојот Создател и Бог, зашто ќе те земат ангелите и ќе те поведат во вечниот оган. Затоа покај се пред смртта и викај: Господи, помилуј ме мене грешниот.
Не надевај се, душо моја, на минливото богатство и на неправедно собраното, зашто не знаеш на кого сето тоа ќе му го оставиш, но викај: Христе Боже, помилуј ме мене недостојниот.
Спомни си, душо моја, на вечниот живот, на небеското царство приготвено за светиите, на постојаната темница и Божјиот гнев кон лошите и викај: Христе Боже, помилуј ме мене недостојниот.
Падни, душо моја, пред Божјата Мајка и помоли се, зашто Таа е брза помошница на оние кои се кајат, ќе го помоли Својот Син и ќе ме помилува мене недостојниот.
Како да не плачачам кога ќе си помислам на смртта; зашто го видов братот како лежи в гроб обеславен, што понатака чекам и на што да се надевам, освен: Господи, дај ми покајание пред крајот.

       sv.Andrej.Kritski.jpg


2
Кога размислувам, јас непокајниот, за многуте лоши дела извршени од мене, треперам од страшниот суд, но се надевам на Твоето милосрдие и како Давид викам кон Тебе: Помилуј ме, Боже, според Твојата голема милост.
Единствена благословена Богородице, моите прегрешенија се многу, но јас прибегнувам при Тебе, чиста Дево и барам спасение. Посети ја мојата ослабена душа и моли го Твојот Син и наш Бог да ми додели прошка за сторените лоши дела.
Најсвета Богородице, не оставај ме на човечка закрила во текот на мојот живот, туку сама заштити ме и помилуј ме.
3
Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Еве, пристапувам јас, грешниот и преоптоварениот, пред Тебе, мојот Владика и Бог. Не смеам да погледнам кон небото, туку само се молам и велам: Господи, дај ми ум за горко да ги оплакувам своите дела.
Откаде да  започнам да ги оплакувам делата на мојот непокаен живот? Како да го започнам, Христе, моето сегашно ридание? Но, како добросрдечен, дај ми прошка на гревовите.
Ти ги исповедувам, Спасителу, сите гревови што ги направив и раните на душата и телото што ми го направија внатрешни убиствени помисли.
Спасителу, како Бог, прости ми ги сите намерни и ненамерни, јавни и скришни и несознаени гревови, очисти ги и спаси ме.
Пречиста Божја Мајко, погледни на мене грешниот, избави ме од примките на ѓаволот и насочи го мојот пат кон покајанието, за горко да ги оплакувам своите дела.
Кога го гледам морето на животот дека се бранува од бурите на искушенијата, јас прибегнувам кон Твоето тивко пристаниште и викам: Многумилостив Боже, избави ја мојата душа од погибел.
При Тебе пристапувам, Исусе, Ти згрешив, очисти ме и земи го од мене тешкиот греовен  товар и, како добросрдечен, дај ми солзи на умиление.
 Обрати внимание кон мене, Боже, Спасителу мој, со Своето милостивно око, и прими ја мојата горешта исповед.
Немам ниту солзи, ниту покајание, ниту умилност. Сам Ти, Спасителу, како Бог дарувај ми ги.
Ете, Богородице, Твојот Син вика и не` повикува на добро, а јас гршниот секогаш бегам од доброто, но Ти како милостива помилуј ме за да се покајам од лошитр дела.
Помислувам на страшниот ден и ги оплакувам своите лоши постапки. Како ќе му одговорам на бесмртниот Цар? Или со какво дрзновеније јас блудниот ќе го погледнам Судијата?  Добросрдечен Отец, Единороден Сине и Свети Душе, помилуј ме.
Тогаш немој да ми ја затвориш Твојата врата, Господи, отвори ја за мене којшто се кајам.
Човекољубив Боже, којшто сакаш сите да се спасат, повикај ме како благ, прими ме мене што се кајам.
Измачен сум од стрелите на непријателот што ја испоранија мојата душа и тело. Ете викаат гнојните рани на моите страсти.
Сега сврзан со многуте прангии на гревовите и задржуван од лошите страсти и нечестивиот, прибегнувам кон Тебе моето спасение и викам: Помогни ми, Дево, Мајко Божја!
Не гнаси се од мене, Спасителу, не одвраќај го лицето од мене, земи го од  мене тешкиот греовен товар и, како добросрдечен, дај ми прошка за моите падови во гревовите.
Се исповедувам пред  Тебе, Спасителу, ти згрешив и ти погрешив, но прости ми како  добросрдечен.
Јас  ти згрешив, ти погрешив, повеќе од сите, Христе, Спасителу, немој да ме презреш.
Ти си слаткиот Исус, Ти си мојот Создател, со Тебе, Спасителу, ќе се оправдам.
Пресвета Богородице, помилуј ме мене грешниот, утврди ме во добродетелта и варди ме да не грабне неподготвен предвремената смрт. Ти поведи ме, Дево, во Божјото царство.
Спасителу, Ти си го примил блудникот, разбојникот што се каеше – само јас  одложив поради духовната мрзеливост и се заробив од своите лоши дела. Грешна душо моја, тоа ли го посака?
Згрешив, Господи, ти згрешив, зашто нема друг човек којшто толку згрешил и којшто ме надминал во гревовите.
Господи, ти викам: Помилуј ме, помилуј ме кога ќе дојдеш со Твоите ангели, за  на секого да му го дадеш заслуженото, секому според делата.
Праведен и човекољубив Боже, не презирај ги Твоите дела и не оставај го Твоето создание, дури иако јас самиот сум згрешил повеќе од сите луѓе, но, како Господ на сите, Ти имаш власт да ги простуваш гревовите.
Прекрасна и брза помошнице на сите луѓе, Мајко Божја, помогни ми мене на недостојниот, зашто тоа го бара мојата грешна душа.
Блудно го поминав својот живот на земјава и душата си ја предадов на темнината, но сега те молам, Милостив Владико, ослободи ме од роството на непријателот и дај ми разум да ја исполнам Твојата волја.
 Ти, Божјо Слово, кога кога беше распнат, ги предадте Твоето тело и крв, телото за да ме обновиш, крвта да ме измиеш, а духот да ме приведеш, Христе, при Твојот Отец.
Кратко е времето на мојот живот и полно е со страданија и зла, но прими ме во покајание и во разум повикај ме, за да не станам плен, ниту храна на туѓинецот. Спасителу, Самиот биди ми милосрден.
Целиот живот го минав во ноќ,  зашто гревовниот мрак ми беше темница и густа магла, но Ти, Спасителу, направи ме син  на денот.
Богородице Дево, варди ме од  видливото и невидливото зло и прими ги, Пречиста, моите молитви и принеси ги на Твојот Син, за да ми даде ум да ја исполнувам Неговата волја.
Верувам, Господи, дека ќе дојдеш да ги судиш живите и мртвите и секој ќе застане на своето место, стари и млади, господари и кнезови, девици и свештеници, а кај ќе бидам јас? Поради тоа викам: Дај ми пред крајот покајание!
Ако ги испитам своите дела, Спасителу, гледам дека со гревовите го надминувам секој човек и дека свесно и со премисла сум грешел, а не од незнаење.
Сожали го, сожали го, Господи, Твоето создание, згрешив, прости ми, зашто само Ти единствениот Си чист по природа, а никој друг не е без нечистота.
Владико, Владико Христе, знам дека Ти си тивко пристаниште, побрзај да ме ибавиш од бескрајните длабочини на гревот и очајанието.
Пречиста Богородице, прими ја мојата недостојна молитва и варди ме од предвремената смрт и пред крајот дај ми покајание.
Сега прибегнувам при вас ангели, архангели и сите небески сили, коишто стоите пред Божјиот престол, молете се на Творецот да ја избави мојата душа од вечните маки.
Сега плачам пред вас, свети патријарси, цареви, пророци, апостоли, светители и сите Христови избраници: Помогнете ми на судот да ја спасам душата од непријателска сила.
Сега кон вас ги подигнувам рацете, свети маченици, пустињаци, девственици, праведниц и сите светии, коишто се молите на Господа за сиот свет, да ме помилува на смртниот час.
Пред Тебе, мојот Судија, ги исповедав тајните на моето срце, види го моето смирение и жалост, обрати внимание кон мене и помилуј ме како добросрдечен, Боже на нашите отци.
Спасителу, помилуј ме мене грешниот, подигни го мојпт ум кон обратување, прими ме мене што се кајам, смилувај се кон мене што викам: Ти згрешив, спаси ме , беззаконував, помилуј ме!
Праведен Спасителу, помилу је ме и избави ме од огнот и од стравотиите што праведно ќе ги претрпам на судот, облечи ме пред крајот со добродетели и покајание.
Судијо мој, Којшто добро ме познаваш и Кој пак ќе дојдеш со ангелите да го судиш сиот свет, тогаш со Своето молостиво око погледни ме, сожали се и амилувај се на мене, Исусе, зашто згрешив повеќе од секој друг човек.
Божја Мајко, помогни ми мене којшто многу се надевам на Тебе, помоли го Твојот Син да ме постави мене недостојниот од  десната страна кога ќе седне да ги суди живите и мртвите.


SIMNUVANJEod-krstot.N.jpg


 sv.simeon.novbogoslov2a.jpgМОЛИТВА НА СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ СО КОЈА ГО ПРИЗИВА СВЕТИОТ ДУХ


Дојди, Светлост Вистинска!
Дојди, Животе Вечен!Дојди, Таинство Скриено!
Дојди, ризнице Неименувана!
Дојди, Стварност Неизразена!
Дојди ,личност  Недопирлива!
Дојди, Веселбо Вечна!
Дојди, Светлост Безвечерна!
Дојди, за сите што спасени ќе бидат, Надежу Вистински!
Дојди, за паднатите,  Подигање!
Дојди, за мртвите, Воскресение!
Дојди, Силни, Кој се секогаш твориш, преобразуваш!
Дојди, Невидлив и никако Недостигнат и недопирлив!
Дојди, Ти, кој останувајќи секогаш непокретен, секој миг Сиот се движиш и ни доаѓаш нам
што лежиме во пеколот, о Превозвишен на сите неба!
Дојди, Радост Вечна! Дојди, Венец Невенлив! Дојди, Порфиро на нашиот Голем Бог и Цар наш!
Дојди, Облеко непристапна!
Дојди, Скерлету Царски и вистинска Самодржна Десницо!
Дојди, Ти по Кој закопнее  и копнее бедната душа моја!
Дојди, Ти Кој си ме одделил од се и си направил да бидам осамен на земјата!
Дојди, Ти Кој си станал сама копнеж во мене и направи да копнеам по Тебе, совршено Непристапен!
Дојди, о Здиву мој и Живот мој!
Дојди, Утехо на бедната душа моја!
Дојди, Радост и Слово и бескрајно Насладување!
Ти благодарам што со Духот си останал со мене, неизменлив, непроменет, Ти Бог над сите, и што Сам си станал во се  мое се, Храно, неискажана и никогаш непотрошлива, Која вечно се преизлева во усната на мојата душа, и се преизвираш во изворот на моето срце,
Одеждо Огнена Која демонот го спржува, Очистување Кое со солзи ме измиваш, нетлеен и свет, што со Твоето присуство ги даруваш оние на кои им доаѓаш!
Ти благодарам Тебе што си ми станал Светло Безвечерно и Сонце незајдено, Ти Кој нема каде да се сокриеш, исполнувајќи се со Слава Своја секолкава!
Добро и секоја слава и секоја Наслада Тебе Ти прилега Слава на Светата  Единосушна и Живототворна Троица, Која во Отецот и Синот и Светиот Дух, почитува и познава и исповеда и го обожуваат сите верни, сега, секогаш и во сите векови.
Амин!

 

sv.Jov.Zlatoust.jpg

 МОЛИТВА ДЕСЕТТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

Стојам пред  дверите на Твојот храм, и не отстапувам од страшните помисли, но Ти Христе Боже, Кој си го оправдал митникот и си ја помилувал Хананејката, и си му ја отворил рајската врата на разбојникот, отвори ми го срцето на Твоето човекољубие, и прими ме мене, кој Ти приоѓам и се допирам до Тебе, како блудницата и крвоточивата. Зашто оваа допирајќи го крајот од Твојата риза, лесно доби исцелување, а онаа, држејќи ги Твоите пречисти нозе, стекна прошка на гревовите. А јас јадниот, кој се дрзнувам да го примам сето Твое Тело, да не бидам спален, туку прими ме како нив, и просвети ги сетилата на мојата душа, спалувајќи ги вините на мојот грев, по молитвите на Онаа Која чудесно Те родила и на небесните Сили, зашто си благословен низ векови. Амин!

                                                                    


 Bogorodica.Bara.padnatite.jpg

 

 

 

 Димитриј Кантакузин

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

1. Мајко, на Бога и Царот на сите.
Мајко, на Творецот наш единствен.
Мајко, на животот, благото и светлината.
Мајко, на се` добро и посакувано.

2. Од каде да го започнам плачот, о Дево.
Од каде да започнам да се молам, Блага.
Од кој збор или звук, Чиста.
Од кое срце, од кој јазик.

3. Цел осквернет и нечист сум јас окајаниот.
Цел смрдам и во гревови сум, ах.
Потполно отфрлен поради беззаконието свое.
Потполно и секогаш на гревот сум му служел до денеска.

4. Сега идам со исповед.
Со срам и смирена совест.
Со солзи, воздишки и офкања.
Со надеж само во Тебе.

5. Се` законско и благодатно.
Се` прекршив повеќе пати.
Сите  итроштини бесовски.
Сите беззаконија, тешко мене.

6. Поблуден од блудниот син сум.
Побеззаконит од блудницата станав.
Повеќе и од митарот, и од разбојникот.
Повеќе од Ананија и Сапфтира, ах.

7. Како Каин-убиецот си ја погубив душата.
Како Исав нечист и невоздржан сум.
Како содомјаните чекам оган и жупел.
Како старите грешници жеднеам за грев.

8. Кои злосторства не ги направив своеволно.
Кои гревови не ги извршив своеволно.
Кои мерзости не ги извршив љубострасно.
Кој срам не го извршив љубострасно.

9. Што да кажам и да речам – не знам.
Што да направам, преблудниот – не знам.
Што да одговорам на Судијата – не знам.
Кое  зло да го исплачам повеќе – не знам.

10. Да го исплачам ли блудниот свој живот.
Да ги исплачам ли злите клетвопрестапи.
Да ги исплачам ли злодејствата  и неправдата.
Да ги исплачам ли унинието и страданието.

11. Ќе ридам над големите мои невоздржанија.
Ќе ридам над големото свое високоумие.
Ќе ридам над суетните свои помисли.
Ќе ридам над протратеното време.

12. Плачи, окајана душо моја, плачи.
Плачи, срце, со утробата моја, плачи.
Плачете очи, непрестајно плачете.
Плачете, сите мои членови, плачете.

13. Единствено јас одпаднав од мојот Бог.
Единствено јас од христијаните ја  изгубив благодатта.
Единствено јас сум предаден на ѓаволските желби.
Единствено јас ги наследувам адските маки.

14. Ах, за самоволната ми погибел.
Ах, каква смрт заслужена чекам.
Ах, за страшената мака на душата.
Ах, во бесконечни маки одам.

15. Помисли, душо, каков крај те чека.
Помисли за неизбежната жестина и мака.
Помисли за стравот и болката тамошна.
Помисли, потрепери и ужасни се.

16. Ангел неумолив чекам да дојде.
Ангел на мојот злобен живот.
Ангел-мачител беспоштеден.
Ангел огнен, кој не помилува.

17. Не знам дали е веќе испратен.
Дали дојде времето веќе.
Не знам дали веќе иде да ме мачи.
Не знам дали е тоа смртната ноќ веќе.

18. Тогаш нема помош од пријател и познати.
Нема од името никаква полза тогаш.
Нема ни браќа, ни чеда, ни роднини.
Нема помош, ниту пак избавување.

19. Тогаш очи умилно вртиш.
Тогаш јазикот внепазно занемува.
Тогаш пламен внатрешен те опфаќа.
Тогаш силите телесни изнемоштуваат.

20. Смрт, впрочем, настапува лута, и крај.
Смрт и заедно со неа мака.
Смрт, која се пренесува и на тој свет.
Смрт во темнината како ноќен арамија.

21. Темен бев и во темнина адска одам.
Темна е честа моја како на ѓаволот.
Темните ангели оттогаш ги возљубив.
Темна темнина избрав, бидејќи темен целосно бев.

22. Кој нема за мене да заплаче, љубени.
Кој нема за мене да рида, пријатели.
Кој нема за мене да воздивнува при тие злодела.
Кој нема за мојата судбина да просолзи.

23. Пред смртта, навистина мртов сум јас.
Пред судот од совеста своја сум осуден јас.
Пред маките мисловно скрецам со забите.
Пред крајот бескрајно се мачам.

24. Се плашам од огнот, во кој што јас ќе горам
Се плашам од жестокосрдечноста, која ме очекува.
Се плашам од црвите, кои ќе ме јадат.
Се плашам од темнината, во која што живеам.

25. Мене да ме оплакуваат тартарот и бездната.
Мене да ме пожали темното дно на адот.
Мене, кој посакува да живее во нив.
Мене, кој ја возљуби темнината, а не светлината.

26. Минлив е тој живот суетен.
Минлив и брзо поминлив.
Минлив, на луѓето им се подсмева.
Минлив  е и образот на тој свет.

27. Зошто ли бев со раѓање удостоен.
Зошто ли новороден не загинав.
Зошто ли колената ми се сретнаа.
Зошто ли непросветен не отидов в гроб.

28. Да се беа  соединија раѓањето ми и смртта моја.
Да не бев ги вкусил злоделата житејски.
Да бев ги избегнал гревовите овдешни.
Да бев ги избегнал гревовите овдешни.

29. Така малку осетив од Јуда.
Така, како што велат за праведниците.
Така требаше животот свој да го окајувам.
Така како што рекоа Божјите љубимци.

30. Што да правам јас грешниот.
Јас, на нив не им приличувам во делата свои.
Јас, кој се плашам од таинството на смртта.
Каде јас ќе најдам спас.

31. Не го изживеав својот живот праведно.
Не живеев добродетелно.
Не очекувам смрт тиха и кротка.
Не очекувам после смртта покој.

32. Штом малите болки не ги трпиме.
Штом од заб и око се поплакуваме.
Штом глава, рака или стомак не боли.
Штом од тие мали злини страдаме.

33. Идната болка сеопшта.
Идното разделување на душата и телото.
Идниот страв од темните лица бесовски.
Идните вечни маки во адот.

34. Како ќе ги истрпам јас окајаниот.
Како ќе ја поднесам неискажливата болка.
Како ќе ги погледам бесовските лица.
Како ќе ги поминам митарствата воздушни.

35. Кои сега со својот ум ги гледам.
Кои заслужено ќе ги добијам.
Кои за себе си ги приготвив.
Кои ме збунуваат и плашат.

36. И од Бога мој одпаднав.
И пред ангелите сум изобличен.
И срамни се моите беззаконија.
И од светиите сум одделен.

37. Лишен сум од сладоста Божествена.
Лишен сум од сожителство со праведните.
Лишен сум од созерцание со ангелите.
Лишен сум од сите рајски блага.

38. О, во какво место сега ме гледате.
О, како се одметнав и погубив.
О, во зла празност духовна паднав.
О, страшни маки сега ме чекаат.

39. Судилиштето страшно Даниилово ме ужаснува.
Судот ме плаши, треперам пред него.
Судијата, тој страшен е за грешните.
Судот е безмилостен кон немилостивите.

40. Вас, ве молам сега, кој сте се здобиле со спасение.
Вас, ве повикувам, кој го отфрливте животот.
Вас, богати и бедни, ве молам сега.
Вас, кои како мене сте во гревови.

41. За мене солзи, љубени, пролејте.
За мене, молитви, православни, принесите.
За мене, роднини и пријатели, молете се.
За мене, бидејќи и вас ве чека страшен суд.

42. Кон Девата молитви принесете.
Кон нашата вестителка впијте се.
Кон неа, надеж за грешните.
 Кон неа, мој покрив и прибежиште.

43. Ништо невозможно нема за неа.
Никој на нејзината желба не откажува.
Нити еден грев не остава без прошка.
Ништо поскапо нејзе не и е од милоста.

44. Кон кого јас блудниот да се свртам.
Кон кого да ја принесам срдечната воздишка.
Кон кого офкањата да ги насочам.
Кон кого да прибегнам за милост.

45. Кон Тебе, единствено прибежиште на грешниците.
Кон Тебе, пристаниште на блудните.
Кон Тебе утешителко на скрбните.
Кон Тебе, лечителке на нашите недугавости.

46. Не ме отфрлај, Властителко!
Не се гнаси од мене гнасниот!
Не се одвраќај од мене со гнев!
Не ја отфрлај мојата молитва!

47. Немам друга надеж освен Тебе!
Немам друго упование!
Немам  лек за срдечното свое скрушение!
Немам веќе дури ни солзи!

48. Преку солзите свои го озлобив ѓаволот.
Преку нив посакав да ги избегнам тешкотиите.
Преку нив се надевав милост да добијам.
Преку нив посакував блаженство да добијам.

49. Пак Тебе со страв и љубов те повикувам.
Пак кон тебе со глас се впивам.
Пак кон Тебе се обраќам без дрскост.
Пак кон Тебе,  безнадежниот јас се надевам.
50. Штом сите блудници  ги дари со милост.
Штом помилувани беа скверните.
Штом нечистите не го отфрли.
Штом злите ненавистници ги спаси.

51. Нека и мојата љубов не остане напразна.
Нека и јас не бидам отфрлен.
Нека добијам надеж и за спасение.
Нека не се вратам посрамен.

52. Избави ме од неизбежната смрт, Дево!
Избави ме од скверните бесовски образи!
Избави ме и мене од мачењата.
Избави ме и мене од огнот страшен адски!

53. Ангел мирен и тих.
Ангел кроток прати тогаш, Царице
Ангел, кој воведува во живот небесен.
Ангел на светлината прати, Преблага.

54. Животот мој насочи го кон благата.
Живот непосрамен дај ми.
Живот на радост на оние кои се надеваат.
Живот воведи ми во вечноста.

55. Сподоби го со пречистение моето тело.
Сподоби го ме со пречистена крв.
Сподоби ме да не бидам осуден.
 Сподоби ме со просветление место со немилост.

56.  Се` зло и скрбно од мене очисти.
Сите нужди и скрби од мене измиј ги.
Сите блага и најмногу надеж дај ми.
Сите, који ми завидуваат, посрами ги.

57. Очајниот мој ум закрепни го.
Очајанието и скрбта развесели ми ги.
Очаен не ме оставај да бидам
Очајанието преку надежта избриши го.

58. Кое слово може се` да каже.
Кое ли прво да го избројам.
Која исповед на чело да ја поставам.
Која ли похвала достојна да ја принесам.

59. Кон величието на Божјата слава.
Кон висината, се` се стреми.
Кон неисполнетата со похвали бездна.
Кон великата радост за сите нас.

60. Таа  е скалите, кој што Јаков ги виде.
Таа, по Која што Бог дојде на земјата.
Таа е неизгоривата сијамска капина.
Таа во утробата своја го прими Божествениот оган.

61. Таа стана гедеоновото руно.
Таа, која го прими Словото на Отца.
Таа се јави свиток запечатен.
Таа од сите возхвалена.

62. За Неа пророците пророкуваа.
За неа апостолите поучуваа.
За Неа иересите јасно проповедаа.
За неа мачениците страдаа.

63. Преку Неа преподобните блаженствуваат.
Преку Неа девствената чистота се спаси.
Преку неа женската слабост доби сила.
 Преку неа девиците и мајките се прославија.

64. Таа е одушевен Божји престол.
Таа несместливото во себе го смести.
Таа го избави Адама од прегрешението.
Таа ја ослободи Ева од древното проклетие.

65. Заради Неа ги прекративме омразите.
Заради Неа со ангелите ликуваме.
Заради Неа рајско царство добивме.
Заради Неа на спасение се надеваме.

66. Нејзе достојно  да ја ублажиме сме немоќни.
Нејзе по силите свои сме должни да ја пофалиме.
Нејзе со незамолчиви гласови да ја возхвалиме.
Нејзе, Која мене и на сите ни носи радост.

67. Ти, Властителко, си моја надеж.
Ти си мое упование и прибежиште.
Ти си моја застапница, покров и помош.
Ти си моја предводителка и спасителка.

68. Преку Тебе и до денеска сум сред блажените.
Преку Тебе сум уште сред Православните.
Преку Тебе и на век нека пребидам.
Преку Тебе на рајска храна нека се насладувам.

69. Ти си светлина за помрачените очи.
Ти си радост за моето срце.
Ти ме продолжуваш благодетелно.
 Ти од злоделата и нуждата ме ослободуваш.

70. Дрски се моето обраќање и моите зборови.
Дрско јас, бездрзновениот, кон Тебе се припивам.
Дрско ме оправи Твојата милост.
Радосно и со страв те повикувам.

71. Тебе, моја Царице, се` ти оставам.
Тебе, Дево, цел ти се предавам.
На Твојата промисла се надевам.
На Тебе се надевам да не бидам посрамен.

72. Сама за мене промислувај, Блага.
Сама сподоби ме со честа на спасението.
Сама за мене на Син  Ти моли му се.
Сама избави ме од вечните маки.

73. Оваа исповед сега ти ја поднесувам.
Овие молитви гласни.
Оваа мала похвала исто така.
Она, кое е према силите мои.

74. Прими, о Царице, прими се`.
Прими и не отфрлај, не гнаси се.
Прими, како што го прими Бога во утробата Своја.
Прими, како што ги прими двете лепти на вдовицата.

75. Дарувај ми дар, каков што можеш.
Дарувај ми дар, достоен за благодатта Своја.
Дарувај ми ја милоста на мојот Бог.
Дарувај ми дар на ослободување од злоделата и слабоста за добрините.

76. Радувај се, за да викам секогаш радосно.
Радувај се со небесните и земни радости.
Радувај се, прерадосно Чиста.
Радувај се, зашто Господ е со Тебе.

66. ПСАЛМ – СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН
Ѓаволот ме вовлече и јас згрешив: ги исповедам гревовите свои – помилувај ме!

Kniga.sveka.jpgСпоред Твојата благодат, која не` повикува да се приближиме кон Тебе, а не да загинеме, о Благи, Ти кој си ни дал ветување и кажуваш: повикајте Ме и ќе ве чујам, - во дверите на Твојата благост влегувам јас, Избавителу мој! Чуј ме по Твоите штедрости и не гледај на моите беззаконија!  Помилувај ме Господи, помилувај ме, по Твојата благост, бидејќи многу сум виновен пред Твојата правда!
Ти си ме создал, Господи, си ме нарекол по Твојот образ, си ме створил по Твоето подобие. Ти си ме научил да го познавам патот кон животот, си ми го покажал патот кон геената. Лукавиот од завист ми постави скриени заседи, ме сврте од Твојот пат, и ете – јас сум потонал во мерзости. Тешко мене, Господи наш, јас сум многу виновен! Помилувај ме, Господи, и спаси ме  по Твојата благодат.
 Разбојникот кој посега по мојата душа, лукаво ми ја украде слободата, ме измами и се поигра со мене. Преку поглед  на очите ме прелести и плени, одкога вложи во мене гревовни помисли. Јас погледнав, и – пожалив; зјапнав со љубопитство и – погрешив. А бидејќи и рацете мои се протегаа кон беззаконото дело, јас поради тоа загинав потполно! Тешко мене, сега ме заплашува со оган! Спаси ме Милосрден, за да не умрам!
Јас су најнесреќен од сите родени од жена, бидејќи самиот јас, со делата свои, се направив себеси несреќен и се погубив. Секој ден јас грешев и се забавував поради тоа, без да помислам дека смртта ме дебне. Ете, блиску е веќе Ангелот на смртта, испратен со повелба да ме грабне за суд! Ете, се` тајно таму ќе биде откриено и јас ќе се покријам со срам! Ете, делата мои се одбележани од вечниот суд; не е заборавен ниту еден единствен збор. Во големата книга на Судијата се запишани сите мои дела и беззаконија. Тешко мене, кога Судот ќе ги прочита таму сите мои гревови, кои сум ги извршил од младини до старост! Што ќе правам во оној час, каде ќе бегам од Тебе, Господи?
Тешко мене, Господи, колку многу сум виновен јас! Тешко мене, бидејќи згрешив и не принесов покајание! Боже, Кој си ја помилувал грешницата, јас ги имам Твојата Плот и Крв, соединети со  моите членови. Не, Господи, не гледај ме по делата мои! Нека Твојата благодат ги изглади вините мои!
Не влегувај во суд со мене, Господи наш, бидејќи пред Тебе нема да се оправда ниту  еден од живите. Ти единствен, Господи си чист. Поштеди ме и очисти ме од гревовите, по благодатта Твоја; удостој ме, Господи милостив, со Твоите големи штедрости! Нека се збогатам со нив и нека добијам прошка, и да се зарадувам, според зборовите Твои, Твоите ангели, о Милосрден кон грешниците!

skit2.jpg

 МОЛИТВА ПРВА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

Јас јадникот пак се сопнав со умот, и по лошата навика служејќи му на гревот, пак ме зароби кнезот на темнината и родителот на страсните наслади, и како понижен роб ме принудува да и` служам на неговата волја и телесните желби. И што друго да правам, Господи мој, и Избавителу, Заштитнику на оние кои се надеваат на Тебе, ако не пак да се вратам кон Тебе и да залипам, и испросам милост за она што сум го направил? Но, се плашам и треперам, да не би некако исповедувајќи  се секогаш и ветувајќи дека ќе отстапам од лошотиите, секој час да грешам, и не упатувајќи ја мојата молитва кон Тебе, мојот Бог, сум ја поттикнал и долготрепеливоста Твоја на негодување. А кој ќе го поднесе Твојот гнев, Господи? Но, познавајќи ја големината на Твоето милосрдие и широчината на Твоето човекољубие, јас пак прибегнувам кон Твојата милост, и извикувам кон Тебе: Прости ми што згрешив, помилуј ме паднатиот; дај ми рака на помош на заглибениот во глибот на сластите; не дозволувај Господи, созданието Твое да пропадне во своите беззаконија и своите гревови, туку поттикнат со вообичаеното Твое милосрдие и добрината, избави ме од калта и телесната нечистотија, и од моите страсни помисли кои постојано ја валкаат мојата јадна душа. Зашто еве, Господи, како што гледаш во неа нема чисто место, туку сета стана губава и целото мое тело го покри рана. Сам значи, Човекољубив Лекару на душите и телата и Извору на милоста, очисти ја со поројот на моите солзи правејќи обилно да ги пролевам, излеј го врз мене Твоето човекољубие и дај ми оздравување и очистување и исцели ме скрушениот, и не го одвраќај Своето лице од мене та да не ме проголта огинот на очајание како обична твар. Туку, како што си рекол, вистински Боже, дека голема радост бива на небото за еден грешник кој се кае, направи го тоа и со мене грешниот, и не ги затварај ушите на Твоето милосрдие, пред  молитвите на моето покајание, туку отвори ги, и таа нека излезе како кадило пред Тебе. Зашто Ти, Создателу, ја знаеш немоќта на природата и лесното паѓање во грев на младоста, млитавоста на телото, и не гледаш на гревовите, и го примаш покајанието на оние кои вистински Те повикуваат. Зашто се благослови и прослави пречесното и величественото Твое име, Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!


 

 

 

 

 Подготви: Стојанка Тежак

 

 

 

Друго:

Молитви од светите отци (1)

bogorodica.k.dol.jpg

МОЛИТВА  НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

Дева Марија – Таа е Владичица најдобросрдечна на сите човечки синови и ќерки, зашто е ќерка на Бога Оца, Кој е љубов, Мајка на Бога Словото – нашата љубов, избрана невеста на Сесветиот Дух, Кој е љубов, едносуштна со Оца и Словото . Како да не прибегнуваш кон таква Владичица и да не чекаш од Неа секакви духовни блага!

Повеќе...