DIVEEVO2

 

 sarovski.s.jpgЌе ви раскажам нешто што досега го чував како тајна. Ако не ме лаже внатрешното претчувство, Божјото време за објавување на оваа тајна се исполни и настапи времето да им го објавам – на оние што веруваат, како и на оние што не веруваат – овој досега сокриван бисер, „мудриот бисер“, каков што светот не видел уште од деновите на императорот Теодосиј Помладиот.  


Според верата моја, во 1902 година бев спасен од смртта преку чудото на преподобниот Серафим. Во почетокот на летото 1902 година отидов во Саров и во Дивеево, во знак на благодарност спрема преподобниот за моето спасение и таму, во Дивеево, со благослов на големата старица, игуманијата Марија, и по желбата на Елена Ивановна Мотовилова, ми беше даден голем сандак со ракописи заостанати по смртта на Николај Александрович Мотовилов, со разни записи напишани лично од него.

Меѓу тие ракописи ја пронајдов и бесценетата тајна којашто ја нареков Тајната на Дивеево – тајна на преподобниот Серафим Саровски и чудотворец на сета Русија.

Еве го текстот од тој ракопис:


„Големиот старец, батјушка Серафим, разговарајќи со мене за својата плот, често ги споменуваше имињата на благочестивиот цар Николај, на неговата превозвишена сопруга Александра Феодоровна, и на мајката на царицата, Марија Феодоровна. Спомнувајќи го царот Николај, тој ми велеше: Тој е христијанин во душа“.
Од различните записи – делумно во тетратки, делумно на листови – може да се претпостави дека Мотовилов вложил голема енергија канонизацијата на Серафим да се изврши уште за време на владеењето на Николај I, при неговата сопруга Александра Феодоровна и мајката Марија Феодоровна. Неговото разочарување било големо кога неговите усилби не резултирале со успех, и покрај претскажувањата – барем така нему му се чинело – на Божјиот угодник, кој своето прославување го поврзувал со споменатите превозвишени имиња.

Мотовилов умрел 1879 година, без да ја дочека реализацијата на своето очекување. А можел ли тој, или кој било друг во тоа време, да претпостави дека 48 години по смртта на Николај I, на рускиот престол ќе се повторат истите имиња: Николај, Александра Феодоровна и Марија Феодоровна – и дека во нивно време ќе се изврши толку многу посакуваното и претскажаното од Мотовилот канонизирање на големиот прозорливец, преподобниот Серафим?

На друго место во записите на Мотовилов ја пронајдов следната голема Дивеевска тајна:
„Не еднаш – пишува Мотовилов – слушав од устата на големиот Божји угодник, отец Сeрафим, дека неговите земни остатоци нема да лежат во Саров. Еднаш се осмелив да го прашам: - Еве, батјушка, вие за сето време велите дека вашата плот нема да лежи во Саров. Зарем саровците ќе ве дадат на друг?“
На ова, батјушка ми одговори, насмевнувајќи ми се:
– Ах, ваше богољубие, ваше богољубие. Та нели царот Петар бил цар над царевите, и нели посакал моштите на благоверниот кнез Александар Невски да ги пренесе од Владимир во Петербург, а светите мошти тоа не го сакале.
– Како тоа не го сакале? – се осмелив да му се спротивставам на големиот старец. – Како не го сакале кога тие почиваат во Петербург, во Александро-Невската лавра?
– Во Александро-Невската лавра, велите? Мислите дека е така? Во Владимир тие почивале отворени, а во лаврата се затворени. А зошто? Затоа – рече батјушка – што нив ги нема таму.      

И продолжувајќи да говори со својата богоглаголива уста, батјушка Серафим ми го рече следново:

Мене, бедниот Серафим, од Господа ми е предодредено да живеам многу повеќе од сто години. Но, бидејќи во тоа време свештенството толку многу ќе се обесчести, што со својата нечистотија ќе ги надминат и архиереите од времето на Теодосиј Помладиот, така што веќе нема да веруваат ниту во главната догма на Христовата вера, на Господ Бог Му е благоугодно да ме земе, мене, бедниот Серафим, од овој привремен живот, а потоа да ме воскресне, и воскресението мое ќе биде како воскресение на седумте момчиња во пештерата Охлонска во деновите на Теодосиј Помладиот.“   


„Откако ми ја откри оваа голема и страшна тајна – пишува понатаму Мотовилов – големиот старец ми раскажа дека по неговото воскресение тој од Саров ќе премине во Дивеево и таму ќе ја започне проповедта на сесветското покајание. На таа проповед и на тоа големо воскресение ќе се собере многуброен народ од сите земји, Дивеево ќе стане лавра, Вертјаново – град, а Арзамас – губернија. И проповедајќи го во Дивеево покајанието, бајушка Серафим ќе открие четири мошти, и по нивното откривање самиот ќе легне меѓу нив. И потоа, наскоро ќе дојде крај на сè.“ Тоа е големата тајна на Дивеево, којашто ми беше откриена преку личните записи на совесниот судија Николај Александрович Мотовилов, сотајник на големиот прозорливец – преподобниот богоносен наш отец Серафим Саровски и чудотворец на сета Русија,

3.angeli.so.truba
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година, веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Ја поздравив, почитувајќи ја нејзината голема вера (матјушка, откако го изградила Дивеевскиот соборен храм, во 1880 година не го осветувала вториот (левиот) олтар, верувајќи, согласно дивеевското предание, дека ќе поживее до прогласувањето на Серафим за преподобен и дека ќе го освети олтарот во неговото свето име), а таа ми одговори:


– Да, батјушка мој, Сергеј Александрович, големо чудо е тоа. Но еве како ќе биде тоа чудо. Тоа ќе се случи кога крсниот од, што сега оди од Дивеево во Саров, ќе тргне обратно од Саров кон Дивеево, а ќе има толку многу народ – според кажувањето на нашиот угодник Божји преподобниот Серафим – колку што има класје во полето. Тоа ќе биде чудесно, прекрасно чудо. 
Како да го разбереме тоа, матјушка? – прашав, заборавајќи ја за миг големата Дивеевска тајна за воскресението на преподобниот.
Кој ќе доживее, ќе види – ми одговори игуманијата Марија, насмевнувајќи ми се. 

3.angeli.so.truba


Преземено од www.mtu-net.ru

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Друго: