логоFacebookTwitterYouTubeeMail

     На 1ви јуни во НУ Центар за култура „ Марко Цепенков “ во Прилеп , со почеток во 19 часот , ќе биде отворена изложбата  57 ми  „ Денови на македонска фотографија “ . Домаќин  на  ДМФ  2019 е Фото кино клубот Прилеп. На изложбата ќе бидат изложени 122 фотографии од 52 автори и ќе бидат доделени награди во конкуренција на сениори за поединечна и  за колекција на фотографии , во јуниорска за поединечна , а за првпат и  награда за документарна  фотографија . На изложбата ќе и претходат проекции на автори од цела Македонија . „Деновите “ завршуваат следниот ден со  Фото сафари во околината на Прилеп.
Во своето 73 годишно постоење „Фото сојузот на Македонија“ преку   клубовите и самостојните членови  кои се  дел од  Сојузот,  беше и останува  темелот  за  унапредување и афирмација на македонската фотографија .



Поуки од Светите Отци

krusevoexport