Прашање од Савче: Многу сакав да земеме куќна слава и кога отидов во црква,  Отецот не праша дали ќе отвараме книга или имаме желба да си одбереме сами. Јас веднаш одговорив дека сакам да ја славам Мала Богородица на 21 септември. Дали е во ред што сама одбрав,  зошто порано колку што знам Старите отварале книга и која ќе им се падне слава таа ја славеле? Некој ми велат дека сум трбала да отворам книга а јас одсекогаш сакав да ја славам Пресвета Богородица и кога ми даде отецот можност да бирам јас веднаш  одговорив.Дали постапив добро? Нека не чува Пресвета Богородица и  нашиот Господ Исус Христос и нека ни дава радост, мир,здравје, љубов многу трпение и добра воља спрема луѓето.АМИН!

 

Одговор:

Слава Ти Боже наш, слава Ти! Служењето на слави по домовите, Црквата одамна го христијанизирала и му дала прекрасно значење и символика во која луѓето собрани заедно, на тие вечери на љубовта ќе можат да му оддадат слава и благодарност на Бога, благодарејќи Му за се што станало. И се е добро додека работите се одвиваат во слава на Бога, со страв Божји, во послушност на Црквата. Значи доколку не сме имале слава, напрвин најважни се целта и благословот, а тоа дали ќе биде од книга или ќе си одбереме, тоа сепак се случува по харизма . Доколку немаме некоја посебна приврзаност и желба, можеме нашиот однос да го градиме од почеток, и да влечеме. Но, кога веќе сме го добиле тој дар на љубов кон некој од светителите или светиите, тогаш да се обидеме да го искористиме за наше спасение. И да Му благодариме и да Му се молиме на Бога да го благослови делото на нашите раце. Спасителна слава ;