логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВ. 15 ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ, СВЕТИ ДИМИТРИЈ И ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ, ВО КИЛКИС, СУРОТИ И СОЛУН,

Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел 031/413-984 или 071/311-014), и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на Св. 15 Тивериополски свештеномаченици, свети Димитрија Солунски и Пајсиј Светогорец.
САБОТА 07.12.2013. Состанок со групата во 03.30 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнувањето во Килкис е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат храмот посветен на Св. 15 Тивериополски свештеномаченици, каде верниците ќе можат да се поклонат пред моштите од свети Петар Тивериополски. По ова следи патување кон Суроти и посета на манастирот Свети Јован Богослов, каде што верниците ќе можат да се поклонат на гробот на старец Пајсиј Светогорец и пред моштите од свети Арсениј Кападокиски. Во пладневните часови е предвидена посета на храмот Свети Димитрија и поклонение пред моштите на свети Димитрија и света Анисија, а потоа следи слободно време до 18.00 часот по македонско време по што групата ќе се состане пред Белата кула или Беаст куле. По ова следи заминување за Скопје. Враќањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.250 денари. Последен рок за пријавување е 5 декември 2013 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на  тел. 070/582-588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.     
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна банка 320100004091752



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная