2010.Bari.jpg

 2010.Bari.jpg

Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, организираше поклоничко патување во чест на свети Никола, свети Кузман и свети Дамјан во Бари и Битонто - Италија. Ова поклоничко патување беше реализирано во период од 29 април до 02 мај, на истото земаа учество клирици и верници од повеќе насмешниства од Македонија. За време на поклоничкото патување во овие два града беа одлужени и два акатисти во чест  на гореспоменатите светители. Акатистите беа служени од страна на прота Жика Тодоровски и протоѓакон Лазо Лазаровски, за време на акатистите во базиликите, покрај поклониците од Македонија присуствуваа и други православни христијани кои живеат и работат во истоимените градови, како и старешините на базиликите. Во базиликита посветена на Свети Кузман и Свети Дамјан во Битонто во криптата која е остапена на православните беа прережани и славски колачи во чест на трите светители.

 

 2010.Bari.jpg

 2010.Bari.jpg

 2010.Bari.jpg

 2010.Bari.jpg

Известува: Момчило Павловиќ