Но, човечкото срце, во кое грее надежта за бесмртност, не може да се помири со мислата за жестоката бесцелност на земниот живот. Човекот е тело и душа. Ако човечките тела се така премудро створени, така што, со секој свој орган и со секоја своја насочена функција постигнат некаква разумна цел, тогаш, зарем може да допуштиме за душата, дека таа најценетото, бесмртното во човекот, е лишена од секаква смисла, од секаква цел? Не! Тоа е незамисливо! Душата е создадена од Бога и за Бога. Ние се раѓаме во времето за вечноста, и смртта не е негирање на вечниот живот, зашто е речено: „И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал” [Проп. 12,7]. Убеденоста во бесмртноста на душата единствено може да додаде на краткиот земен живот бескрајна смисла.
Смртта нѐ учи да придобиваме мудро срце [Псал. 89,10-12], за да знаеме како да ја исползуваме краткотрајната сегашност; зашто секој испуштен миг е неповратен. А миговите, според блажениот Августин се „семиња на вечноста!"
Архимандрит Серафим
Царство Небесно на сите мои ближни,упокоени со надеж за Воскресение и живот вечен✝️✝️Simeon Stefkovski