логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

3.angeli.so.truba

Владика Методиј: Колку останавме писмени?
24 мај 2015
Писменоста никогаш не се детерминира како белег на еден цел народ или општество. Таа по правило е одлика на една личност. Сепак, статистиката која преку вешто собирање и делење по процент знае да ги претвора личностите во бројки, ни укажува на тоа дали една заедница или културна група се развива во својата писменост или рудиментира (како впрочем и за сè друго). Не е без основа да бидеме претпазливи па да провериме неколку критериуми според кои односот меѓу квалитетот и квантитетот сериозно можат да ги релативизираат статистичките податоци. Повеќе полуписмени претворени во проценти можат навидум да делуваат пописмено од мала група супер-писмени, или само неколкумина хипер-писмени, што за едно општество може да биде пресудно, на пример. Од таа гледна точка овој аритметички каламбур, колку и да е хипотетичка спекулацијата, може да предизвика фатална дисторзија во објективноста на сликата за себе и за својата словесна состојба. Зарем не е вкоренета нескромната претстава дека нема попаметни од нас, па велиме глупи овие, глупи оние и тоа делува засрамувачки. Во крајна инстанца тој (каламбурот) може да продуцира комплекс на национално или општествено ниво, без претерување.

Од тоа како е формулирано насловното прашање, а што може да се земе сосема како реторичко, иако не без последици, неговата двонасочност секако не може да нè остави рамнодушни. Дали тоа значи дека мислиме дека сме многу паметни, т.е. дека сме генетски предиспонирани за многу ум? Дали прашањето всушност е: колкумина останавме писмени, со оглед на тоа што статистиката вели дека бројот (процентот) на неписмени во Македонија се зголемува? Потоа, можеме ли да се наречеме писмен народ, народ што описменувал, иако тоа им го должиме на конкретни (историски!) личности? Дали е тоа само помпезен (историски!) бек-граунд, автохипноза со која ја компензираме нашата неписменост, туѓи паунови перја со кои ги китиме нашите претенциозни славопојки и академски его-трипови, а тие се заслуга на нашите предци и завештание кое сериозно не сме го исполниле? И така натаму, и така натаму… сè до она есенцијалното прашање: што значи тоа писмени, т.е. што нè прави писмени? И дали тоа „писмени“ е денес истиот квалитет што го поседувале нашите славни предци, заради што и им се восхитуваме како на писмени и описменувачи?

Појдовна точка секако ќе ни биде тезата дека прашањето за писменоста е нераскинливо врзано за моралот, и дека односот меѓу етиката и гносеологијата (токму затоа) продуцираат огромно мноштво позиции од типот: писмен, словесен, мудар, паметен, итар, лукав, умен, луциден, интуитивен, рационален, логичен, агностичен, досетлив, елоквентен, начитан итн., и секако аналогни антитези. Од нивните постојано променливи значења, – под влијание на моралната состојба во кој егзистираме, под влијание на развојот на технологиите (што секогаш е добар изговор), под влијание на општествените трендови, на меѓучовечките односи, на отуѓеноста и безброј други фактори,– во голема мера ќе зависи и сериозноста со која ќе му пристапиме на факторот писменост во сопствената реализација како цивилизиран народ.

Во оптек се и такви мислења според кои ние сме „доволно писмени“. Мислам дека нема пофашистичка идеја од тоа де се биде доволен во нешто. Доволно писмени. Што значи тоа? Доволно писмени за да не лаеме? Доволно писмени за да можеме да прочитаме каде е влез, а каде излез во автобусите, супермаркетите и слично? Доволно писмени за да стигнеме да ги прочитаме двата реда саб-тајтал на шпанските серии и српските реклами (кои од некои носталгични или метафизички причини немаме доблест да ги надсинхронизираме)? Доволно писмени за да има смисла што постојат (посмртни останики од) библиотеки и тук-там по некоја книжарница (во која се продаваат книги, а не тетратки и моливи).

Проблемот на нашата писменост, или поточно неписменост е систем од поврзани садови. Неписмени сме бидејќи не читаме. Не читаме бидејќи не купуваме книги и не користиме библиотеки. Не купуваме книги бидејќи книгите се скапи, се печатат во мали тиражи, не се преведува квалитетно и доволно. Книгите се скапи, неквалитетно преведени и недостасуваат дури и антологиски наслови зашто нема кој да го прави тоа бесплатно, или од чисто алтруистички побуди. За да не зависи општата писменост од добрата волја на ретките словољубци треба да постои јасна национална програма за развивање на писменоста. А за да има кој да го прави тоа, треба да има вистински писмени луѓе. Цел каталог на недостатоци. А релацијата меѓу умот и зборот е една чудесна работа. Многу што зависи од неа.

Една од доминантните тези на фамозниот „О писменех“ на Црноризец Храбар е дека писмените читаат, а неписмените гатаат, т.е. писмените знаат, а неписмените претпоставуваат. Зарем тоа не е дијагнозата на нашто актуелно битисување. Сè е во претпоставка. Политиката, стопанството, судството, економијата, образованието. Сè е просто гатање. Не случајно и меѓу најпопуларните (читај: најпрофитабилните) телевизиски содржини се оние бизарни креатури што гатаат по телефон. Неписменоста привлекува неписменост. Простотијата привлекува простотија. И тоа нема никаква врска со каква диплома или сметка во странска банка е маскирана.

А читањето, т.е. описменувањето, – што првенствено значи обогатување со слова, со логоси, со умови,– ја полни ризницата на личноста која, како што вели Евангелието, ниту молец и ’рѓа ја јадат, ниту крадец ја поткопува, и која е единствениот багаж што ќе го понесеме со нас во оној живот. Затоа описменувањето е подвиг. Подвиг кој не се ограничува на институционално апдејтирање или на некаква Пигмалионовска методологија. Поентата на читањето не е ни во онаа наивна утописка желба да се запамети сето она што ќе се прочита, ниту во мегаломанската амбиција да се прочитаат сите книги на светот, целата Вавилонска библиотека според Борхес. Од времето пред да биде напишан епот за Гилгамеш, пронајден е фрагмент напишан со клинесто писмо во кој е содржана следнава констатација: „…а што уште може да се каже, зарем и онака не е веќе сè кажано и сè напишано…“. Станува збор за времето 28 (со букви: дваесет и осум) века пред Христа. Читањето, пак, како и културата на исхраната се состои во селективност и блажена истрајност.

Во еден свој есеј Иван Илин вели: „Според читањето може да се препознае или определи човекот. Зашто, секој од нас е она што го чита; и секој човек е она како чита; и сите ние незабележливо стануваме она што го исчитуваме од прочитаното…“. Тоа нè прави помалку или повеќе зрели во писменоста на нашите предци и потомци.

3.angeli.so.truba

(епископ Велички Методиј Златанов)

Митрополит Американско -канадски Методиј (Златанов)

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1279
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1602
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная