Москва, 30 март (МИА) -  Овој месец на Интернет се поставени околу 163 милиони сајтови - 4,5 милиони повеќе од претходниот месец, соопшти руското интернет издание „Компјулент“ повикувајќи се на компанијата за истражување и анализа на Интернет „Неткрафт“.

Ваквиот пораст „Неткрафт“ го објаснува со големата популарност на блоговите и „друштвените“ сервиси. На пример, во блоговите на „Гугл“ бројот на индивидуалните веб-страници за еден месец се зголеми за 842.000, а во мрежата за друштвени контакти „MajSpace“ за 200.000. 

Најпопуларниот сервер, според статистиката на „Неткрафт“, е „Апач“, на второ место е „Мајкрософт“, а на трето место е „Гугл“. паг/12:20