eli1.jpg

eli2.jpg

eli4.jpg
Сакралните објекти бараат итна заштита
Овој ден, мошне важен за нас и за нашата земја, има за цел да ја подигне јавната свест и грижа околу културниот диверзитет на македонското религиозно наследство, како и да укаже на неговата ранливост, рече Зоран Павлов, претседател на комитетот на ИКОМОС (Меѓународен совет на споменици и места) на вчерашното предавање по повод Светскиот ден на културното наследство, 18 април.

eli3.jpg

 eli.jpg

Меѓународниот ден на културното наследство се одбележа со предавање на тема „Религиозно наследство и свети места“ во Музејот на Македонија. - Македонија изобилува со сакрални објекти, кои поради својата универзална, хумана и историска димензија бараат неопходна заштита - рече Павлов. За значењето на сакралните објекти, за нивна грижа и реставрација, преку презентирањето на одделни трудови, на вчерашната свеченост зборуваа Аница Ѓеорѓиевска, Мирка Илоска, Васка Печијареска и Јулија Тричковска.

К. А