Големо тенџере кое врие се стивнува со малку студена вода.

Величината не значи и вредност бидејќи тогаш огромниот камен би бил повреден од дијамант.

Власта е како крчма - од неа ретко кој излегува трезен.

Главата се познава по јазикот.

Грубоста често се кае, пријатноста никогаш.

Онаму кадешто недостасуваат луѓе, треба ние самите да бидеме луѓе.

Една грешка дебела колку влакно од целта може да одвлече стотици километри.

Давај така како што би сакал да добиваш, примај така како што би сакал да даваш.

До 5-та година, детето е твој господар, до 10-та твој слуга, до 15-та твој таен сојузник, а потоа станува твој пријател или твој непријател.

Доволно е среќен оној кој нема време да биде несреќен.

Долговите, староста и смртта се вовлекуваат во домот незабележително.

Ѓаволот го напуштил овој свет бидејќи знаел дека луѓето сами ќе направат пекол на земјата.

Доброто кое на грбот носи зло не е добро.

Слаткиот дожд и убавите зборови поминуваат секаде.

Оној кој ќе ги научи децата да се задоволат со малку им остава повеќе од богатство.

Убавата солза лесно наоѓа марамче кое ќе ја избрише.

Лебедот останува лебед и кога се дружи и со гуски.

Оној кој има грижа е доволно болен.

Оној кој има среќа нема потреба од ум, оној кој има ум има потреба од среќа.

Оној кој спие сам не може да ги разбуди другите.

Кој може да се радува денес, нека не чека до утре.

Оној кој нема да ѝ отвори врата на среќата нека не се жали ако не влезе.

Оној кој сака да учи секаде наоѓа училиште.

Љубовта и омразата се вел пред очите, првата пушта да го видиме само доброто, а втората само злото.

Нема пајажина на млинот кој работи.

Старата заблуда има повеќе пријатели отколку новата вистина.

Малите измамници ги бесиме, а пред големите симнуваме капа.

Не се потценуваат малите непријатели и малите рани.

Мирот во школките создава бисери.

Многумина сакаат да го разберат светот, а го виделе само преку клучалката.

Многумина знаат многу, ама никој сам себеси.

На точката на среќата се возат четворица: едниот се качува, другиот се симнува, третиот е на врвот, а четвртиот е на дното.

Најголемата победа е онаа над самиот себе.

Народот е круг кој може да се насочи во било која насока.

Не му верувај на човекот кој зборува многу со многумина.

Не се наоѓа бисер во секоја школка, но секоја треба да се провери.

Љубовта не е доволна да се засади, треба и да се полева.

Никој што малку зборувал и умерено јадел не се покајал.

Не се среќни сите што имаат среќа.

Орелот кој сака да го стигне Сонцето не смее да ги опушти крилјата.

Работата е десната рака на среќата, а умереноста левата.

Сиромавиот има само една болест, а богатиот секој ден друга.

Среќата и чевлите не смеат да бидат ниту преголеми ниту премали.

Среќата и виножитото не ги гледаме над својата куќа, туку само над туѓата.

Онаму кадешто не отвора ниту еден клуч, отвора трпеливоста.

Во мек восок може да се втисне и ангелот и ѓаволот.

Ушите се поопасни од јазикот.

Молчи или зборувај нешто што е повредно од молкот.

Човекот има многу пријатели сè додека тие не му се потребни.

Човекот го надминува животното во говорот, а тоа него во молчењето.

Човекот во младоста треба да се погрижи за стапот на кој ќе се потпира во староста.

Искуството е добар лек, но тоа доаѓа секогаш кога болеста веќе поминала.

Кон рајот погледнуваат најмногу оние кои се најблиску до пеколот.

Ако природата сака десно, не оди налево.

Бракот доаѓа по љубовта, исто како што чадот доаѓа по пламенот.

 

Извор: https://www.fakulteti.mk/news/15-11-10/mudri_germanski_misli_i_pogovorki?fbclid=IwAR378FHWaMqHdpS5HAedtoayvCqWUsoQbroadH3c6xiBsHHW_79yzqsE8Oc

 

07.02.2019 г.