Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg


Konf.promocija.jpg

„Охридските пораки за мир и соживот“ е насловот на зборникот промовиран денеска во Даут Пашин Амам во Скопје, а посветен на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржа минатата година во Охрид.

Konf.promocija15.jpg

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

- Имам особена чест и задоволство да го промовирам првиот артефакт на зачетокот на создавањето на глобалната платформа за меѓурелигиски дијалог и мир кој во охридскиот пантеон на историјата се изнедри од искрената и благородна иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски за дијалог меѓу религиите и цивилизациите, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Пред една година во Охрид - градот на рамноапостолите од македонскиот род - Св. Климент и Св. Наум Охридски, огништето на христијанството проповедано низ вековите, истакна Канческа-Милевска, се одржа првата Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

- Лулката на словенската писменост овековечувајќи го дијалогот на живот јазик и симболички ја докажа максимата дека ние луѓето често го потценуваме синкретизмот поради недостиг од оригиналност и поради стравот дека нема доволно за сите. Оваа средба го продолжи големиот датум од новата балканска историја. Република Македонија и Охрид блеснаа низ целиот свет како потврдени миротворци и креатори на дијалогот, разбирањето и на љубовта најнапред меѓу сопствените граѓани, а потоа меѓу балканските, европските и сите други народи, посочи Канческа-Милевска.

Таа рече дека од говорницата на конференцијата прозвучиле многу желби на човечкиот ум. Тие врвни интелекти, истакна Канческа-Милевска, со своите ставови особено со завршниот документ - Декларацијата за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирање и заедништво, се издигнаа високо во највозвишената цивилизациска мисија - миротворната.

- Зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“ кој ги содржи нивните искажувања, како и документарниот филм „Посакуван мир“ се писанија кои на идните генерации ќе им го доближат актуелниот дијалог на религиите во летото Господово 2008, истовремено поврзувајќи ги времето и настаните со одржувањето на Втората светска конференција за меѓурегилигиски и меѓуцивилизациски дијалог овде во Македонија во 2010 година, потенцира Канческа-Милевска.

Во Зборникот, како што рече таа, високопрофесионални аналитичари и високи преосвештенства и претставници на речиси сите религии во светот ги потенцираат импресиите од оваа средба и размислувањата за одговорноста на цивилизациите пред идните поколенија.

- Третиот сегмент го симнува мистичниот превез од рољата на религијата во образованието и нејзиното влијание во трансформацијата на општеството. Во четвртиот дел има текстови кои го потенцираат придонесот на заедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото. Овој Зборник е и документ за уште еден конкретен придонес на Република Македонија во демократијата на светското општество, во актуелната „декада на култура и мир во светот“, додаде министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

На присутните на промоцијата им се обрати и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија Ѕвонко Муцински, кој рече дека Светската конференција уште еднаш ја реафирмира потребата од учество на сите култури во човековото духовно збогатување и повика на респектирање на религиозните и на културните различности.

- Со Зборникот што го промовираме денеска и со извонредните говори што ги содржи се потрудивме да го трасираме патот кон поинтензивен дијалог и меѓусебно разбирање меѓу религиите и цивилизациите.Со денешната промоција уште еднаш нагласуваме дека нема супериорни или инфериорни цивилизации, раси, религии, култури и јазици.  Истовремено ја потенцираме потребата од засилена улога и влијание на жените во сите аспекти на нашиот модерен и глобален свет, посочи Муцунски.

Амбасадорот Јордан Плевнеш, кој е потпретседател на Интернационалната асоцијација на УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите во обраќањето до присутните рече дека  има милиони причини зошто Македонија ја организира Светската конференција за дијалог меѓу религиите. Според него, тоа се солзите и тишината.

Што се однесува до солзите, рече тој, група археолози непосредно пред прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 година, открија саркофаг и лакримариум на една принцеза од Македонија чии солзи во свежа состојба биле зачувани над 23 векови.

- Во слава на тие солзи се одржува оваа конференција. Во октомври 2007 година со учество на сите религиозни лидери во светот се етаблира една традиција на Интернационална молитва за разбирање меѓу религиите и народите во тишина. Со таа тишина, Република Македонија како да стана единствената држава-членка на Обединетите нации, која дава исклучителен придонес во меѓуцивилизациските текови, бидејќи зборовите, како што знаеме, се излишни, додаде Плевнеш.

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

Konf.promocija.jpg

Публикацијата е отпечатена на сите јазици на кои се говореше на конференцијата, односно на англиски, француски, руски, македонски и на албански јазик.

На промоцијата присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, лидери и претставници на верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, членови на Меѓународниот комитет основан за време на одржувањето на конференцијата во Охрид, како и директорот на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција Енгелберт Руоз.

На промоцијата беше прикажан и документарниот филм „Посакуван мир“.

Издавач на зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“ е Министерството за култура со поддршка на Владата на Република Македонија. рп/скс/14:35

 Konf.promocija.jpg

 

Министерката Канческа-Милевска го промовираше зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“