ПАНИКА ВО ЦРНА ГОРА


Деца се дрогираат со мастики за џвакање!


-Тие што ќе наседнат да ја земаат оваа "детска играчка", по половина година преоѓаат на тешки дроги - Според српските медиуми, детската дрога доаѓала од Косово,каде според податоците на агенцијата за наркотици ДЕА, никнале мали лаборатории


Црногорската полиција предупредува дека во опкружувањето, се мисли на соседните земји, се појавила таканаречената "детска дрога" која има облик на гума за џвакање, појака е од екстази и се нуди по училишни дворови. Тие што ќе наседнат да ја земаат оваа "детска играчка", по половина година преоѓаат на тешки дроги, јавува агенцијата Бета.
"Учениците од основни и средни училишта се главна целна група на дилерите кои главно делуваат пред училиштата или во школските дворови" - предупредуваат полицајците кои имаат сознанија од теренот. Тие апелираат до родителите да обрнат големо внимание и да ги запознаат своите деца со нејзината присутност, како и со сите опасности што таа ги носи. Полицајците тврдат дека дрогата веќе станала хит меѓу учениците од основни и средни училишта.

"Дрогата го постигнува својот ефект за само петнаесетина минути и многу е посилна од таблетите екстази. Посебна стапица за родителите и наставниците е сознанието дека дрогата се пакува во амбалажа на гуми за џвакање, што е посебен проблем", посочува полицијата. Според нив, опојните дроги во последно време се почесто се пакуваат како чоколади, гумени бонбони или гуми за џвакање на познати светски марки.

Непозната личност најчесто им приоѓа на децата или на учениците и ги прашуваат: дали сакаат да купат гума за џвакање која помага за полесно памтење на часови и го отстранува заморот и поспаноста!

Според српските медиуми, пренесува хрватски Т портал, детската дрога доаѓала од Косово, каде според податоците на агенцијата за наркотици ДЕА, никнале мали лаборатории за производство на оваа опасна дрога пакувана во амбалажа за мастики на познати светски фирми. За големата опасност од оваа нова најпопуларна синтетичка дрога во западните земји предупредува и Еуропол и американските агенции за наркотици. Детската дрога прво се појавила на Блискиот Исток, а е дојдена од Кина каде за прв пат е произведена пред две години.

 Извор: Вечер

Посети: {moshits}