Семинар за реставрација на мозаиците на Стоби

 


Мозаик до бедемот на Форумот

На археолошкиот локалитет Стоби започна да се одвива втората фаза од систематските истражувања на објектот Римски форум, што ги изведува Музејот на Македонија, под раководство на директорот на проектот Мила Шурбаноска. Истражувањата кои се реализираат во соработка со италијанската невладина организација ЧИСС од Палермо, со финансиска поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи ќе траат до средината на декември, а во нив е предвидено и одржување на семинар за студенти за реставрација на мозаици во траење од 21 ден.

„На почетокот истражувањата се насочени кон западниот дел од објектот каде сеуште има недефинирани партии. По ослободување на внатрешниот од слој со шут, ќе се продолжи со истражувања и на надворешниот дел од објектот за да се открие надворешната фасада на Форумот“ - посочуваат Шурбановска и заменик - раководителот на истражувањата, Антонио Јакимовски.

Деновиве во тек се и подготовките за одржување на семинарот за реставрација и конзервација на мозаици и декоративна пластика пронајдени на Формот, каде ќе учествуваат студенти од Палестина, Италија и Македонија Семинарот ќе го водат експерти од истите земји: меѓународниот консултант на проектот Осама Хамдан и Карла Бенели - соработници на ЧИСС како и Драган Верговски од Националниот конзерваторски центар. Предавачи на предвидените теоретски и практични содржини на семинарот ќе бидат професори и стручни лица од Институтот за археологија во Скопје, Музејот на Македонија и Националниот конзерваторски центар. (К.Б)

Утрински весник

Посети: {moshits}