автор: Виктор Арсовски // 5 јун 2010, 14:16 // ИТ.МК

Time.mk сервисот од стартувањето во февруари 2009 година со 57.000 посети месечно во 1 јули 2010 година забележува петнаесет пати поголем раст, станувајќи сервис со над 800.000 посети во мај. Или 27.000 посети на ден. Ова се официјалните бројки кои македонскиот агрегатор на вести ги објави по повод двегодишнината од сервисот.

Покрај Time.mk други што треба да се радуваат на овие бројки се македонските медиуми бидејќи сепак луѓето читаат вести. Но не ретко агрегаторот беше критикуван од медиумите бидејќи им ги превзема посетите, односно посетите не се појавуваат во нивната статистика.

Игор Трајковски, креаторот на Time.mk, не се согласува со тоа велеќи секој медиум може да се исклучи од сервисот.

„Едноставно дел од луѓето одлучија дека ваквиот начин на читање вести повеќе им се допаѓа. Тоа ти е како да го обвинуваме Google дека им ги одзема посетитена одредени сајтови, затоа што луѓето сега користат Search Engine за да најдат нови информации, а не одат на одреден број сајтови. Тime.mk не е ништо друго туку пребарувач за македонски вести.

Впрочем доколку некој медиум сака да биде исклучен од Time.mk секогаш може да го побара тоа и та одлука ќе биде почитувана. Исто како што во root директориумот на вашиот сајт можете да ставите
robots.txt датотека со содржина:
User-agent: *
Disallow: /

Друго интересно нешто што статистиката на Time.mk покажува е дека „спорт“ е најотворената каегорија на сајтот, двојно повеќе од „Македонија“ и „економија“ заедно. Но… интересно најбараниот термин за последниот месец на Time.mk е „Прилеп“, двојно повеќе пребаруван од „Реал Мадрид“ и „Пандев“ заедно.

Преземено од: IT.com.mk