Скопје, 3 март 2011 (МИА) - По повод 75-годишнината од раѓањето и 50 години творечка дејност на еминентниот научник академик Цветан Грозданов денеска во Македонската академија на науките и уметностите беше промовирана книгата „Македонскиот живопис 18 и 19 век“.

Најновата книга „Студии - македонскиот живопис 18 и 19 век“ ја нагласува важноста на мијачката зографска школа која со своите антологиски дела извршува огромно влијание врз сликарството на балканските простори.