markov.sv.Zlata1.jpg

Скопје, 23 јуни 2010 (МИА) - Од 26 јуни до 2 јули во Охрид ќе се одржува третиот Фестивал на францускиот филм на кој ќе бидат прикажани 15  филмови, најмногу од нив премиерно. Најдобриот ќе биде награден со „Златна маска“.

Фестивалот в сабота во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворен со „Клуб Бус Паладиум“ во режија на Кристофер Томсон, а филм за затворање на фестивалот е „Врапчето ми кажа“ на режисерот Паскал Тома, кој годинава е добитник на „Златна маска“ за животно дело и ќе биде почесен гостин на фестивалот. Тој кариерата ја почнал во 1970-тите години и е претставник на нов пристап во кинематографијата.

Покрај него, за секој прикажан филм ќе има членови од екипата - актер, режисер или продуцент на филмот, кои по проекциите ќе учествуваат во дебати.  Најавено е присуството на актерите Изабел Паско, Лио, Артур Дипон..., режисерите Ан Ле Ни, Натан Милер, Жером Бонел, Симон Лелуш (син на Клод Лелуш)...

Во т.н. Езерски средби тие ќе имаат средби со македонски продуценти, што ќе биде можност за македонско-француски партнерства и копродукции. За  отворањето на фестивалот во Охрид ќе допатува и Ален Туре, потпретседател на регионот Долна Нормандија, кој пред два месеца беше домаќин на фестивалот „Балканска пролет“ - годинава посветен на Македонија.

markov.sv.Zlata1.jpg

 Францускиот амбасадор во Македонија  Жан Клод Шлумберже на прес-конференција истакна дека фестивалот во Охрид ќе го прикаже најдоброто во француската кинематографија продуцирано во 2009 година.

- Фестивалот е голем момент во француско-македонските културни односи. Изборот на филмови ќе направи да живееме во ритамот на седмата уметност. Вплеткување или вриеж на културите, разноликост, средби, тоа се големите идеи или вредности што ние сакаме да ги промовираме, рече Шлумберже.

markov.sv.Zlata1.jpg

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека фестивалот ќе придонесе за интензивирање на позитивните импулси во културните врски меѓу Македонија и Франција.

- Ова трето издание на Фестивалот на францускиот филм е од особено значење за македонската кинематогафија и е можност да се постават цврсти темели за идна соработка меѓу францускиот и  македонскот филм, да се отвораат можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија, рече Канческа-Милевска.

Покрај за најдобар филм, награда „Златна маска“ ќе биде доделена и за најдобро сценарио, режија, машка и женска улога и за најмлад актер. За нив ќе одлучи петчлено жири со копретседателство на српскиот актер Бранислав Лечиќ и македонскиот режисер Антонио Митриќески.

markov.sv.Zlata1.jpg

 Ивршниот директор на фестивалот Зоран Велјановски очекува голем интерес и за ова издание, каков што публиката покажала во изминатите две. Тој информираше дека лани имало меѓу 7.000 и 9.000 посетители  и оти за секоја проекција имало над 90 отсто исполнетост на киносалата во центарот „Григор Прличев“ која има 630 места.

Организатори на фестивалот се Високата школа за аудиовизуелна реализација од Париз и Универзитетот на аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје и нивните први луѓе Макс Азуле и Јордан Плевнеш. хс/скс/13:49

markov.sv.Zlata1.jpg