логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 18 јули (МИА) - Со спојувањето на звукот на тапаните од четири страни, со звуците на македонската химна на свечен собир денеска во Скопје почна четвртата Светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија по повод 60-годишнината од егзодусот на 28.000 македонски деца за време на граѓанската војна во Грција. 

Во присуство на околу 6.000 учесници од повеќе земји во светот и од Европа, од државниот политички и црковен врв, како и гости од македонските организации од Грција, Албанија и Бугарија, во име на покровителите - Собранието и Владата на Македонија, се обрати претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски. Тој истакна дека денешната средба на децата бегалци од Егејска Македонија претставува уште еден доказ за историското паметење дека македонскиот народ со својот јасно препознатлив национален и културен идентитет е вистина која не може да се избрише со сила и со страдања.

- Националниот идентитет не може административно да се избрише. Некогашната заедничка држава, во која се обидуваа да го супституираат националниот идентитет со некакво југословенство, се распадна, но останаа Македонци, Хрвати, Срби, Словенци...  Христијански е да се простува, човечки е да не се заборава, а цивилизациско право е да бидеме и да се декларираме онака како што самите се чувствуваме - Македонци. Токму затоа што сме Македонци и што не се откажуваме од својот идентитет, пред 60 години се случи и голготата на нашите браќа и сестри од Егејска Македонија. И денеска, по 60 години, 28 илјади тогашни деца и нивните поколенија кои не се откажуваат од  македонскиот идентитет, како и оние кои живеат во соседна Грција, не можат да ги остварат своите елементарни човекови права, рече Вељановски.

egejska.makedonija.jpg

Тој потсети дека само затоа што сме Македонци неодамна на Самитот во Букурешт Македонија не доби покана за членство во НАТО, но и дека таа црвена линија не може да ја поминеме, бидејќи ако се откажеме од националниот идентитет едноставно ќе нè снема, а тоа денеска го разбираат и нашите пријатели од  Европа и светот.

Осврнувајќи се на писмото што премиерот Никола Груевски го испрати до Владата на соседна Грција претседателот на македонското Собрание истакна дека  со него се бара само исправање на евидентните историски неправди направени пред 60 години, кои се отворени и денеска - прашањето за македонското малцинство во соседна Грција и проблемот на децата бегалци, при што не се посегнува по сувереноста и територијалниот интегритет на јужниот сосед.

- Верувам дека овие укажувања така ќе бидат разбрани од страна на нашиот сосед, но и пошироко бидејќи се втемелени врз меѓународните принципи, рече Вељановски потсетувајќи дека Македонија како европска земја и членка на ОН максимално ги почитува овие меѓународни норми кои ја гарантираат слободата и правата на човекот и побара да ги почитува и Грција како членка на ЕУ и НАТО и потписник на тие документи.  

Како Парламент и како владејачко мнозинство, кое според демократските принципи има најголема одговорност, рече Вељановски, ќе продолжиме во остварувањето на нашите стратешки определби, членство во НАТО и ЕУ, како и развивање на добрососедските односи со што обезбедуваме мир, стабилност и економски развој на Република Македонија, на регионот, но и пошироко.

Петро Василијакис, претседателот на Здружението на Македонците од Лерин, Грција, во обраќањето до гостите порача дека македонското прашање треба да се интернационализира. - За 60 години децата бегалци остареа, а борците во ДАГ повеќето изумреа. Дали мисли Грција да го затвори ова прашање по природен пат, рече Василијакис.

egejska.makedonija1.jpg

На собирот се обрати и претседателот на Организацискиот одбор на четвртата Светска средба на децата бегалци Георги Ајановски кој се наврати на голготата на децата бегалци, но и на нивната истрајност и стоицизам во зачувувањето на споменот на народната традиција, непомирливата борба за остварување на нивните човекови права и елиминирање на дискриминацијата од страна на грчките власти.

Тој особено го поздрави ставот на Владата првпат прашањето на децата бегалци и малцинското прашање да добијат  третман на државна политика и поддршка што, како што рече, дава надеж дека на крајот, независно од жртвите, македонската вистина ќе победи.

Од собирот беше испратена и декларација до ОН, ЕУ и соседните земји со барање за почитување на нивните човекови права и слободи, слободно враќање на огништата и укинување од страна на Грција на дискриминаторските закони кои тоа го негираат. Документот, кој содржи и хуманистичка порака, повикува на помирување во име на демократијата и општоцивилизациските вредности.

По собирот предвидено е делегации од учесниците да положат цвеќе на споменикот на „Децата бегалци“, на гробот на Гоце Делчев, на борците од НОБ и на споменикот на Крсте Мисирков. Утре во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи и панихида во спомен на загинатите и починатите учесници во Антифашистичката и во граѓанската војна.  

Во рамки на четирите дена од манифестацијата предвидена е богата програма која вклучува изложба на фотографии од досега одржаните средби на децата бегалци, научен симпозиум во МАНУ со презентација на 15-тина научни трудови посветени на граѓанската војна и на прогонот на децата, изложба на книги со тематика од Егејска Македонија, промоција на книгата „Песни за Егеј“- антологиска збирка подготвена по повод Светската средба, ликовна изложба во КИЦ „60 години Погром“ на која ќе биде промовирана и монографија со дела на автори од егејскиот дел на Македонија. Учесниците в недела ќе го посетат манастирот во Лешок. Во киното „Милениум“ ќе биде промовиран и документарниот филм „Инконтинуо“, кој е подготвен од сите документарни филмови создадени во периодот меѓу 1948 година и во текот на педесетите години за децата бегалци. ва/паг/15:24


Симпозиум за шесте децении од прогонот на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија


Скопје, 19 јули (МИА) - Деветнаесет учесници, претежено историчари, со реферати на научниот симпозиум „60 години од егзодусот“ што денеска се одржа во МАНУ, од различни аспекти го тематизираа прогонот и голготата на околу 28.000 македонски деца за време на граѓанската војна во Грција (1946-1949), во рамки на вториот ден од четвртата Светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. На симпозиумот биле поканети и историчари од странство, вклучително и од Грција, но тие не се одѕвале на поканата. Излагањата од симпозиумот ќе бидат отпечатени во зборник што потоа преведен на англиски јазик ќе биде дистрибуиран низ светот.

- Грците прават многу за да докажат дека не постојат Македонци. Потребно е и ние да парираме со една таква силна борба и да му покажеме на светот дека постоевме и дека ќе постоиме, дека сме обесправени и дискриминирани од државата Грција со тоа што ни е одземено правото за посета и за располагање со имотите и да бидеме државјани на државата во која сме родени, рече Ѓорѓи Доневски, генерален секретар на Организацискиот одбор на собирот.  Четвртата средба, како што додаде, има поголемо значење од претходните зашто првпат Владата се вклучува со отворање на прашањето за бегалците  од егејскиот дел на Македонија.

Академик Блаже Ристовски изјави за медиумите дека крајно време било Владата да го отвори прашањето и дека со писмото упатено до грчката Влада премиерот Никола Груевски ја конкретизирал идејата за македонскиот идентитет.

- Писмото доаѓа како логична последица на оваа бескрајна дискусија што се водеше досега во рамките на Обединетите нации и која не даде резултат соодветен на решението на ОН - да се води разговор за разликите за името... Суштината е во тоа дали Грција сака да разговараме за идентитетот или не. Спорот не е за името. Името е симбол на нашиот идентитет и разговарајќи за името ние разговараме за себе како Македонци. Тоа се разоткри со писмото на премиерот, рече Ристовски.

Според него, науката  и политиката треба да дадат соодветен одговор на тврдењето на грчкиот премиер Костас Караманлис дека нема и немало Македонци и дека немало малцинство во Грција.  

- Отворањето на прашањето за македонскиот идентитет пред меѓународната јавност е најзначајното. Се друго е измама. Да разговараме за името нема смисла, ако не зборуваме за идентитетот. Да се бара од нас да го смениме идентитетот, мислам дека треба да престанат сите разговори, рече  Ристовски и додаде дека македонската научна мисла сега треба да го аргументира македонскиот идентитет.

Историчарот Никола Жежов, исто така, смета дека потегот за отворање на  прашањето за децата бегалци е добар и дека е тоа добра фаза за да се отворат многу горливи и неразрешени прашања во односите меѓу Македонија и Грција. Според него, тоа нема да ги врати наназад преговорите со Грција за името зашто се работи за имотно-правно прашање кое не задира во нив.

Најголем дел од бегалците немаат документи за своите имоти но тие постојат во катастарите во Грција. За утврдување на сопственоста постојат документи и во турските архиви. Здруженијата на деца бегалци веќе водат постапка во Судот во Стразбур со тужба и барање за обештетување за бесправно користење на земјата во изминатите 60 години, посочи Жежов.  

Светската средба  вечер продолжува со отворање ликовна изложба за шесте децении од егзодусот во Културно-информативниот центар. Утре е организиран излет на учесниците во село Лешок. Многумина дојдени од светот индивидуално ќе ги посетат родните места во  Грција, дел од нив утре ќе присуствуваат на панаѓурот во село Овчарени, каде ќе настапи и ансамблот „Танец“ и каде што секоја година Македонците го одбележуваат Илинден.  Четвртиот собир ќе заврши в понеделник со  проекција на документарниот филм „Инконтинуо“ во кино „Милениум“ и со свечена вечера за учесниците. хс/дма/15:15

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1233
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1555
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная